Соопштенија
Арсовски: Нов договор помеѓу „СВ инвест“ и РЕК „Битола“ во вредност од 800.000 евра
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска, на прес-конференција зборуваше за нов договор помеѓу „СВ инвест“ и РЕК „Битола“, каде што директор е Васко Ковачевски од редовите на СДСМ, склучен пред 2 недели, односно заведен со архивски број од 28 февруари, во вредност од 49.560.000 денари.
Како што објави Арсовски, фирмата „СВ инвест“ пред две недели зела тендер за услуга од технолошко чистење на БТО-системите во РЕК „Битола“ во вредност од над 800.000 евра, односно 49.560.000 денари.
„Во 3 дена објавивме 3 тендери што ги зела фирмата ‘СВ инвест’, која инаку беше поврзувана во медиумите со картелот на власт, и тоа сите 3 тендери се во вредност од над 800.000 евра. За само неколку месеци фирмата ‘СВ инвест’, без работници, без механизација, без искуство, зеде тендери во вредност од над 2,4 милиона евра, и тоа дел од нив договорен во четири очи“, рече Арсовски.
Додаде дека СДСМ работи на начин на кој се залага за личниот интерес, личниот профит и сомнителни тендери.
Арсовски посочи дека опозицијата ги охрабрува Јавното обвинителство, ревизорите и сите надлежни институции да спроведат соодветни истраги.
„За сите овие работи еден ден ќе се одговара. Еден ден кога нема да биде заробено судството, кога Заев нема да ги има судството и Обвинителството во свои раце, ќе се спроведат соодветни истраги и сите ќе одговараат за сомнителните зделки“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

