Контакт

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги намали средствата за болницата во Штип

Објавено пред

Воопшто не е случајно тоа што ребалансот на буџетот помина далеку од очите на јавноста, во екот на предавничката промена на името. На вечерна седница на Владата на Република Македонија се намалија расходите за капитални инвестиции, а најголем удар беше зададен на здравството, изјави Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во првата половина од годината, реализацијата на капиталните инвестиции беше само 11%, Владата ветуваше раст во втората половина, но тој процент не се зголемува и кон крајот на 2018 година. Секојдневно се уверуваме во неспособноста на моменталната власт и нејзиниот мал капацитет за завршување на почнатите капитални инвестиции во нашиот град. Иако неколкупати ѝ посочувавме на власта да го зголеми интензитетот на градба на Клиничката болница во Штип, сепак ниту наидовме на слух, ниту имаше интерес да се забрза работата.
Најголемиот апсурд настана минатата недела кога се намалија средствата за изградба на болницата. И колку и да звучи неверојатно и како наизуст повторувано обвинување на опозицијата, за жал е вистинито“, рече тој.

И додека болните од истокот лежат на дотрајани кревети, додаде, во несоодветни болнички услови и се судираат со недостиг на медицински материјал, кој пречесто го набавуваат и самите, Владата реши да скрати дури 600 000 евра за изградба на нова и современа болница.

„Во моментов, работата на болницата е стопирана и никој од власта не се осмелува да се соочи со граѓаните и да даде одговор зошто е тоа така и кога се очекува рестартирање на градежните активности“, рече Здравков.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт создаде општество во кое се тепа народот

Објавено пред

Мафијата на власт, наместо едно општество за сите, создаде општество на доминација на насилство, притисок и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на полициското насилство врз граѓаните Роми во Битола.

„Вистината е дека Заев и Спасовски удрија по народот. Заев и Спасовски стоеја зад убедувањето дека партиската книшка на СДСМ ќе ги заштити во криминалот, а сега мафијата на власт брутално тепа. Наместо превенција, мафијата на власт ја злоупотребува полицијата и користи сила“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека мора да има одговорност од врвот на власта и оставка од Оливер Спасовски.

„Вчерашниот случај на физички напад и пречекорување на овластувањата врз граѓанин мора да биде предмет на реакција на соодветните инстанци и потоа да следуваат санкции. Полицијата мора да работи на градење доверба“, истакнуваат од партијата, од каде што изразуваат и жалење поради непрофесионалноста во дел од полициските редови.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Досега со бескаматни кредити се помогнати 1.300 фирми со речиси 17.000 вработени

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ во првите недели од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот реагираше веднаш со суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата, соопшти СДСМ.

„Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија Ковид-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат над 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата

Развојната банка пласираше и кредитна линија Ковид-2 во износ од 8 милиони евра, кои се одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.

Со двете кредитни линии, низ отворен, инклузивен процес, беа поддржани над 1.300 домашни компании, а најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки, чија подготовка е при крај и чија реализација ќе почне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левицата: Две години нема информации како се трошат парите во Министерството за образование

Објавено пред

Детаљниот буџет на Министерството за образование и наука (МОН) не е достапен на официјалната страница, реагираат од партијата Левица.

Како што објаснуваат од таму, последниот буџет, кој е достапен, е оној од 2018 година, а за 2019 и 2020 година не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите во МОН.

Од партијата укажуваат и на проблемот дека само на шест работни дена до почетокот на учебната година наставниците и учениците не знаат по кои нови учебници ќе се одвива наставата по странски јазици во целото основно образование.

Објаснувајќи дека треба да се изврши набавка на нови учебници за странски јазици за сите осум одделенија, од Левицата укажуваат дека Министерството за таа цел би требало да потроши околу милион и 120 илјади евра.

„Во Македонија во просек има по речиси 20 илјади ученици во секое од одделенијата на основното образование. Ако се земе дека еден учебник ќе чини во просек 7 евра, односно набавка на учебник за странски јазик за едно одделение за сите училишта, ќе чини 140 илјади евра, за сите одделенија ќе се излеат оваа година речиси 1 милион и 120 илјади евра“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека подобро би било да се користат ланските учебници, кои во голем број ќе се ротираат помеѓу учениците од разните одделенија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на...

Македонија2 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија3 часа

(Видео) Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа4 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија5 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија6 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет6 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија7 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија7 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион7 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет8 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет8 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет8 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија8 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион9 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет23 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ24 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа1 ден

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија1 ден

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија1 ден

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Досие