Соопштенија
(Видео) Арсовски: Заев и Спасовски да одговорат кој ги прислушувал обвинителите

Оливер Спасовски и Зоран Заев сè уште молчат и не си поднесуваат оставка за скандалот со нелегалното прислушување на обвинтиелите и Oбвинителството, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Цели 2 години, од 30 септември 2016, па досега, биле прислушувани обвинителите од Обвинителството и нивните соработници, а сè уште и по 6 дена од објавувањето на скандалот, нема ниту разрешница ниту одговорност и оставки. Заев и Оливер веднаш треба да си поднесат оставки. Заев и Оливер се двајцата најодговорни за ова што се случува изминатите 2 години и Заев и Оливер кога-тогаш ќе ја сносат одговорност за сите работи што се случуваат. Кој прислушувал, кој сè е прислушуван, за колку разговори станува збор, кој е одговорен за прислушувањето и кој дал наредба за прислушување, кој ги има нелегалните разговори и дали разговорите веќе ги имаат луѓе што ги користат за уцени и политички пазари за разноразни судски процеси?Ова се прашањата што треба Заев и Оливер да ги одговорат, и тоа веднаш, а не да си ја префрлаат топката и да се кријат зад нивните паушални изјави“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Родителите од Кочани: Мицкоски ни рече да си одредиме цена за нашите деца

Родителите на загинетите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани велат дека нивното барање со државниот врв, завршило со средба со премиерот, Христијан Мицкоски, на која како што тврдат, се соочиле со навреда и газње по нивната болка.
На 1 јули, тие испратиле барање до премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши. По две недели, единствен одговор добиле од кабинетот на премиерот, кој закажал состанок на 7 јули во Скопје.
И покрај нивната желба средбата да се одржи во Кочани, им било соопштено дека безбедносните услови не дозволуваат патување на премиерот, па состанокот се одржал во Владата.
На средбата, премиерот рекол дека барањето го гледа за првпат, а во врска со барањето за еднократна парична помош, изјавил: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“, тврдат родителите.
Велат дека тоа е навреда што никогаш нема да ја заборават и порачаа: „Доста е! Доста со манипулации. Доста со потценување на нашата болка. Доста со лаги и игри врз сметка на животите на нашите деца!“
Потенцираат дека немаат политички агенди и дека нивната единствена цел е правда за 62-те млади животи кои загинале.
„Нашите деца се херои. Ако вие не знаете да ја водите државата, ако не знаете да обезбедите правда… отстапете го вашето место на некој што знае, што умее, што има совест и храброст.“
Родителите го повикуваат премиерот и институциите да престанат со одолговлекување, додавајќи дека судскиот процес уште не започнал, а осомничените шетаат слободно.
Меѓу нивните барања се еднократна парична помош за секое погодено семејство, преку Фонд за итна поддршка, како и право на предвремено пензионирање или инвалидска пензија за родителите на починатите поради траумата низ која поминуваат и неспособноста да работат.
Соопштенија
Tefal store powered by Neptun ја отвора својата прва монобренд-продавница во Скопје

Францускиот бренд Tefal, кој речиси 70 години произведува садови за готвење и мали апарати за домаќинство, со гордост информира за големото отворање на својата прва моно-бренд продавница Tefal powered by Neptun, сместена во East Gate Mall, најголемиот шопинг центар во регионот.
Големото отворање на Tefal Store powered by Нептун во East Gate Mall (кат -1) ќе биде на 09.07.2025 (среда) во 12:00 часот. Првите 50 купувачи на денот на отворањето со сметка над 2.999 денари добиваат подарок.
Потенцијалните купувачи ги очекуваат многу изненадувања, награди и попусти до 50%. Погледнете леток на Tefal store powered by Neptun со промотивни цени од 09.07-13.07.2025.
Tefal е дел од групацијата SEB, што вклучува иновативни производи под бројни брендови како Rowenta, Krups, WMF итн.
Секоја година, повеќе од 200 милиони производи од групацијата SEB се продаваат во повеќе од 150 земји глобално, а до денес, Tefal, со своите 150 патенти, има продадено над 1,5 милијарди садови за готвење низ целиот свет.
Новата моно-бренд продавница, прва од ваков вид за брендот во нашата земја, претставува важен чекор во експанзијата на Tefal низ Југоисточна Европа, носејќи ја својата светски позната технологија, дизајн на производи и иновации директно до македонските потрошувачи.
„Отворањето на нашата прва официјална моно-бренд продавница Tefal Store powered by Neptun во Македонија претставува стратешка пресвртница за Tefal во регионот. Балканскиот пазар има огромен потенцијал, а нашата земја е во срцето на тој раст. Целосно сме посветени на градење долгорочна видливост на Tefal преку силни локални партнерства и директно малопродажно присуство. Нашата цел е да обезбедиме секој потрошувач да има пристап до безбедни и иновативни производи што го подобруваат нивното секојдневно искуство“, изјави Гоце Боцески – Генерален директор на Neptun, стратегиски партнер на Tefal за Македонија.
Категориите на Tefal вклучуваат мали кујнски апарати, апарати за одржување на домот, лична нега и садови за готвење – практични и ефикасни производи, усогласени со клучните општествени и еколошки предизвици.
Зад уредите, Tefal изгради репутација за квалитет, издржливост и доверба – вредности што овозможија лојалност на упатените потрошувачи што трагаат по попријатен, похармоничен и поисполнет живот.
Со силен фокус на иновации, безбедност и одржливост, Tefal е глобално признат во редефинирање на начинот на кој луѓето ги користат иновациите и го извлекуваат максимумот од нив секој ден.
„Горди сме што ја отвораме првата официјална моно-бренд продавница на Tefal во регионот, на 120 м² – токму тука во Скопје, во трговскиот центар East Gate. Ги покануваме сите да ја посетат и да ги истражат Tefal, Rowenta, Krups, WMF и да ја испробаат возбудливата технологија што ја носиме во ова инспиративно ново поглавје.
Во текот на изминатите неколку години, македонските потрошувачи покажаа неверојатен ентузијазам за високо квалитетни и безбедни производи, па така отворањето моно-бренд продавница беше природен чекор, што ни дава можност да го подобриме искуството во живо и да го претставиме целиот спектар на нашите најнови решенија – под еден покрив“, дополнува Гоце Боцески – Генерален директор на Neptun.
Купувачите што ќе ја посетат продавницата ќе можат да пробаат, тестираат и купуваат производи лично, со помош на високо обучен продажен персонал, кој ќе им обезбеди помош, демонстрации и најдобри совети.
(ПР)
Соопштенија
Кога хуманоста допира до срцето: Mozzart донира ехо-апарат и овозможи бесплатни прегледи за новороденчињата во Прилеп

Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.
Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое новороденче.
„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на Mozzart, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа,“ изјави со благодарност Д-р Кире Јоноски, директор на болницата.
Првите прегледи веќе се извршени, и тоа бесплатно, носејќи мир и сигурност во срцата на многу родители. Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите.
„Секоја донација што остава трага во нечиј живот е наш мотив да продолжиме. Особено кога станува збор за здравјето на децата – тоа е нешто што не познава компромис. Со донираниот апарат веќе се извршени бесплатни прегледи на мозок кај голем број новороденчиња. Горди сме што можеме да помогнеме таму каде што е најпотребно“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Ова не е првпат Mozzart да покаже дека зад нивното име стои вистинска грижа за заедницата. Нивната хуманост досега допре до бројни здравствени установи низ Македонија – од Клиниката за детски болести, до болниците во Штип, Гостивар, Битола и многу други.
(ПР)