Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Кој врши влијание фирмата „СВ инвест“ да ги добива сите милионски тендери во РЕК „Битола“?

Објавено пред

Сомнителното работење на СДСМ и на оваа влада нема крај. Нов ден, нов скандал во РЕК „Битола“. Денес, објавуваме нов договор во четири очи помеѓу РЕК „Битола“ и „СВ инвест“, договор за ископ на јаловина во Суводол. Тендер вреден 49 милиони денари, исто така 800.000 евра како вчерашниот склучен пред нова година, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така, по некоја случајност, РЕК ‘Битола’ неосновано ѝ го раскинува договорот на фирмата што работи со години претходно и новиот договор го добива фамозната фирма ‘СВ инвест’, која притоа немала ниту сопствена механизација ниту, пак, искуство, а ни техничка стручна поддршка од кадар. Сето ова фирмата ‘СВ инвест’ го изнајмува од други фирми што ги ангажира со механизација, со транспортни камиони, со работници и сосе сè друго. Сè она што ѝ е практично потребно за ископ на јаловина од рудникот ‘Суводол’, ‘СВ инвест’ го изнајмува од други фирми, односно подизведувачи. Значи, да сумираме, фирма без механизација, без багери, без транспортни камиони, без работници, добива тендер од 49 милиони денари, потенцирам – договорен во четири очи помеѓу РЕК ‘Битола’ и ‘СВ инвест’ за сметка на сериозни компании што имаат долгогодишно искуство, а им е раскинат договорот неосновано“, рече Арсовски.

Тој праша зошто ѝ е раскинат договорот на претходната фирма и според кои критериуми токму фирмата „СВ инвест“ го добива милионскиот тендер во четири очи, дали можеби тука некој извршил влијание токму фирмата „СВ инвест“ да ги добива сите милионски тендери во РЕК „Битола“?

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги пушта низ вода сите, само за да се амнестира себеси

Објавено пред

Заев е очаен и заглавен во криминал, искусните кадри го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа оние со кои ја креираше коалицијата за криминал и мафија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ.

„Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција. И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со ваквите одлуки Заев покажал дека нема намера да ја реформира СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, премиерот се обидува да се дистанцира од актуелните случувања, иако, како што велат, тој е главата на криминалниот октопод.

„Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот ‘Рекет’, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод“, порачуваат од опозициската партија, од каде велат дека СДСМ го трча последниот круг на власт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците на советот на општина Аеродром

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавија дека нема да учествуваат во работата на советот на општина Аеродром сè додека претседателот на општинскиот комитет на опозициската партија, Дејан Митевски, е во притвор во затворот Шутка.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром сè додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка“, изјави денска Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Тој нагласи дека Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници.

„Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски, е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев“, посочи Антовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Борбата против климатските промени да стане врвен приоритет, бара младинската организација на ДОМ

Објавено пред

Младинската организација на зелената партија ДОМ (МОДОМ) се приклучува на протестот организиран од Fridays for future („Петоци за иднината“) во борбата против климатските промени.

Од таму информираат дека се свесни за катастрофалните последици од климатските промени и бараат надлежните интституции да преземат итни мерки за справување со климатската криза.

„Апелираме преку користење на обновливите извори на енергија, исфрлање од употреба на фосилните горива, подобрување на јавниот транспорт и органското производство на храна, итната борба против климатските промени да почне веднаш“, повикуваат од МОДОМ.

Од таму апелираат до Советот на Град Скопје да ги поддржи барањата поднесени од иницијативата Fridays for future и активно да се вклучи во светската борба за заштита на планетата.

Воедно, ги повикуваат и сите млади на 20 септември да се приклучат на маршот против климатските промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија8 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет9 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа10 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ15 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ16 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија16 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија17 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија17 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет18 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија18 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа19 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион1 ден

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија1 ден

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија1 ден

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија1 ден

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија1 ден

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија2 дена

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Досие