Соопштенија
(Видео) Васев: Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ уште го оправдуваат насилството од 27 април

Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, меѓу нив и Иванка Василевска се уште го бранат и оправдуваат насилството од 27 април во Собранието кога беше извршен обид за убиство на пратеници и беше загрозен уставниот поредок, рече во изјава Стефан Васев од СДСМ.
Како што истакна тој, со таква понуда, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12 април.
„Додека државата се гради како едно општество на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште ги плашат граѓаните со наводни федерализации, кантонизации и распад на државата. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против граѓаните, поритв државата и против концептот едно општество за сите“, нагласи претставникот од владејачката партија.
Васев порача дека граѓаните се определени за напредок, развој и интеграција и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ги врати во, како што кажа, темните улички на минатото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
СДСМ: Платите растат во сите сектори дури и во криза

Со СДСМ, дури и во најголема светска економска криза, платите растат постојано, во сите сектори. СДСМ го исполни едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари. Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека постигнале договор за историско зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари. За потсетување, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај 4 отсто.
Покрај образованието, со растот на минималната плата, согласно Законот за минимална плата следува усогласување и соодветен раст на платите во сите сектори, како што тоа беше случај изминатите години кога постојано растеа платите во здравствто, детската заштита, полицијата, одбраната, културата.
Со новата договорена методологија обезбедуваме континуиран раст на пензиите во просек по 900 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.
Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.
И во време на најголема криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните, се вели во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Арсовска не може да обезбеди шечатачи а не па проекти, толку од кадрите на Мицкоски

Поради неспособноста на Арсовска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи. Град Скопје и целата администрација без 31 печатач значи проблем во обезбедувањето на редовните услуги од кои штета имаат граѓаните. Нејзиното неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните без потребните документи. Одново на дело се покажа неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Толку е менаџерскиот капацитет на кадрите на Мицкоски. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обезбедат печатачи во Град Скопје, а не, пак, да реализираат капитални проекти за градот и граѓаните.
Од партијата наведуваат дека освен што не реализира ниту еден свој проект, Арсовска прекина и веќе започнати проекти од претходниот градоначалник, како што се Бас рапид транзит, реконструкција на Универзална сала, реконструкцијата на улицата Есенинова…но затоа во време на криза троши 670.000 евра на вдомување на партиски кадри во Град Скопје.
Одамна е јасно дека Арсовска е најнепособната градоначалничка на Град Скопје, се вели во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: За 100 дена од мандатот на Ковачевски – поголеми плати, пензии и инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се очајни што нивните градоначлници ништо не работат, што блокадите не им успеваат и што Владата предводена од Ковачевски има видлив резултат за 100 дена, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека за 100 дена од мандатот на Ковачевски, иако е време на најголема светска економска иенергетска криза, има:
1. Највисок раст на минималната на 18.000 денари;
2. Историски најголемо зголемување на пензиите;
3. Историски најголемо покачување на платите во образованието од 15 %;
4. Раст на просечната плата, која достигна 30.000 денари;
5. 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите;
6. Субвенионирање на цената на струјата, имаме најниска цена во регионот;
7. 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните;
8. Дополнителна финансиска помош од 1.000 денари месечно за пенизонерите;
9. Финансиска помош од 1.000 денари за ранливи граѓани;
10. Интервентен фонд за земјоделците и Национален план за храна;
11. Намалени цени на 230 лека;
12. Енергетска транзиција, нова фотоволтаична електрана „Осломеј“;
13. Нов 400 киловолтен далновод вреден 17,2 милиони евра;
14. Почеток на гасниот терминал „Александрополи“;
15. Успешно справување со кризата, нема недостиг на ништо, нема застој во исплатите.
И додека Владата предводена од СДСМ и Ковачевски сето ова го реализираа за помалку од четири месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ:
1. Блокади;
2. Одбара на криминал;
3. Неспособни градоначлници.