Контакт

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги распродава највисоките национални и државни интереси, криминалниот картел на власт добива милиони евра

Објавено пред

„Додека Зоран Заев ги распродава највисоките национални и државни интереси, фирмите блиски до криминалниот картел на власт добиваат милиони евра на нивните сметки. Скандалот со Фондот за иновации и криминалната поделба на 10,5 милиони евра на фирмите на функционерите на власта и нивните роднини и скандалот во Министерството за здравство кое сакаше да додели 35 милиони евра, не се единствените. 45-те милиони евра не се единствените кои се одлеваат од џебот на граѓаните на сметките на фирми блиски на СДСМ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму тврдат дека нов тендер за набавка на возила за потребите на државните институции доби фирма донатор на СДСМ.

„Имено, се работи за кумановската фирма Делукс – Ауто која го доби тендерот и од Централниот регистер на Македонија во вредност од на 8.3 милиони денари за набавка 11 моторни возила. Лани без тендер, во четири очи Делукс Ауто Куманово направи зделка тешка еден милион евра со Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски за набавка на 45 шкоди. Соседите на Оливер Спасовски може немале да понудат некоја иновација, но за тоа повторно успеа да добијат тендер тежок над 8.3 милиони денари. Иако ова компанија не увозник, тука е само дистрибутер на возила, кога се работи за добивање на тендер од државните институции е иновативна во понудите и фаворит на јавните набавки.“, рекоа на денешната прес конференција.

 

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пресот на Манчевски е доказ како СДСМ ги покрива сите притисоци

Објавено пред

Од

Прес-конференција на Дамјан Манчевски беше уште еден доказ како врхушката на СДСМ ги покрива сите притисоци што  ги вршат врз граѓаните, реагира опозицијата.

„Притисоци врз народот на Република Македонија има, и тоа директно од Зоран Заев. Заев отворено на митинг повика бизнисмените со пари да ги мотивираат вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа. Во правна држава,  Заев досега ќе беше повикан на разговор и против него ќе имаше истрага. Очигледни се и секојдневните притисоци врз државните и јавните институции за кои говорат безброј докази“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека никој не смее и не може да ги натера граѓаните против своја волја, со поткуп, со измама или принуда, да излезат и да гласаат за, како што велат, капитулантската спогодба која Заев ја потпиша со Грција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

НСДП: На 30 септември Европа да стане наш дом

Објавено пред

Од

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, и потпретседателката на партијата и министерка задолжена за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Зорица Апостолска, вчера во Охрид остварија средба со раководствата на општинските организации на партијата од петтата изборна единица.

„На 30 септември имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина, да обезбедиме цврсти гаранции за безбедна иднина на нашите деца“, рече Петковски притоа потенцирајќи дека единствениот начин да се стопираат негативните демографски трендови со иселувањето на младите е стекнувањето полноправно членство во НАТО и ЕУ.

„Како политичка партија на граѓаните секојдневно им ја приближуваме и објаснуваме важноста на политичкиот момент во кој се наоѓаме како држава со решението на спорот за името. Пораката што ја испраќаме и ќе ја продолжиме да ја испраќаме е дека македонско-грчкиот договор е влог во нашата иднина, со него младите повеќе нема да мора да ја барааат Европа надвор од нашите граници, Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие“, рече Петковски.

Осврнувајќи се на придобивките од евро-атланските интеграции на земјава, потпреседателката на партијата, Зорица Апостолска, истакна дека со членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.

„За придобивките од членството во ЕУ и НАТО најдобро зборувааат економските показатели од земјите во регионот. Во Бугарија просечната плата порасна дупло по влезот во ЕУ и НАТО, а невработеноста се намали од 17% на 5%. Во Романија просечната плата порасна за 400%, а невработеноста се намали од 15% на 4%. Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26% на 43%. Овие економски показатели јасно ги оцртуваат перспективите кои се отвораат за младите во Македонија и не може да се најдат подобри причини од овие за тие да останат овде“, рече Апостолска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ван Бален на Шапуриќ: Силна е поддршката на ЕУ за Македонија

Објавено пред

Од

Во кабинетот на министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ, денеска на средба беше пратеникот во Европскиот парламент и претседател на АЛДЕ, Ханс Ван Бален.

На средбата министерот Шапуриќ го информираше Ван Бален за планот за економски раст на Владата, односно мерките за поддршка на странските и домашните инвеститори.

,,За првпат во Македонија условите за инвестирање се еднакви и за странските и за домашните инвеститори̋, истакна Шапуриќ.

Потоа, министерот го запозна со активностите што ги спроведува за подобрување на бизнис-климата, преку посети на компании, состаноци со стопанските комори во Македонија, учество во изготвување и спроведување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и друго.

Се разговараше и за претстојниот референдум, при што беше констатирано дека членството во НАТО и приближувањето кон европското ,,семејство“ ќе донесе низа бенефити за Македонија, особено пораст на економијата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Европратеникот изрази задоволство од реформите во економскиот сектор, како и од одлучните политики на Владата, предводена од претседателот Зоран Заев, коишто, како што посочи, по 11 години застој, водат кон прогрес на државата. Тој ја потенцираше сопствената и поддршката на Европската Унија за Македонија, и истакна дека се надева дека граѓаните ќе ја препознаат оваа историска шанса и на 30 септември ќе излезат на референдум и ќе го дадат својот глас за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија3 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија3 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија4 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија4 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија5 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија5 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија5 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет7 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија16 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија18 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија19 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија22 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија22 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Досие