Контакт

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пред Собранието оставаме килограм квалитетно брашно за Павле да не се резили пред таксисти

Објавено пред

Се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат убаво, истакна денеска во изјава за медиумите, Сергеј Попов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој симболично пред Собранието остави килограм квалитетно брашно.

„Павле подолг период е навлечен на ‘бело’ и тоа тип 500. Затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам. Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија“, му порача Попов на Богоевски, додавајќи дека ако пратеникот сака друг бел прашак, следниот пат ќе му остави и за перење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица

Објавено пред

Владата на Заев заедно со Комисијата за заразни болести потфрлија. Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија поради неодговорноста на власта и Комисијата се искачи на првото место во регионот и пошироко по новозаразени и починати од Ковид-19. Членовите на Комисијата за заразни болести се поставија како политичари место како лекари.

Болници преполни, здравствен кадар преморен, власта не го дочека претстојниот есенски бран на Ковид-19подготвена. Очигледно е дека Владата на Заев нема стратегија.

Граѓаните се жртва на неспособноста и неодговорноста на власта. Граѓаните бараат одговорност“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ со граѓаните: викендов одржани 24 маалски средби ширум земјава

Објавено пред

„СДСМ е со граѓаните. По победата на парламентарните избори и формирањето на новата Влада СДСМ продолжува на терен, меѓу граѓаните, на маалски средби. Разговараме отоврено со граѓаните за нивните потреби, за напредокот на земјата, го слушаме гласот на секој човек“, соопшти партијата.

Овој викенд, претставници на партијата одржаа 24 маалски и урбани средби во различни населени места, општини, ширум земјава.

Заменик претседателката Радмила Шекеринска се сретна со граѓаните од Битола, каде разговараше за повеќе прашања важни за граѓаните.Потпреседателот Оливер Спасовски се сретна со граѓаните на Ѓорче Петров и со граѓаните на Средорек, потпретседателката Мила Царовска беше во посета на Драчево, општина Кисела Вода, потпретседателот Мухамед Зеќири приуствуваше на маалска средба во Шуто Оризари, додека потпретседателот Коста Петров беше се сретна со граѓаните од општина Сопиште.

На маалски средби со граѓаните учествуваа и повеќе пратеници на СДСМ, претседатели на Комисии на СДСМ и други претставници на партијата. Пратеникот Јован Митрески се сретна со граѓаните на Струга, Мартин Костовски со граѓаните на општина Ранковце, Коста Костадинов на средби во општина Василево, додека пратеничката Фаница Николова беше во посета на општина Брвеница.Претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче се сретна со граѓаните на Штип, додека Јагода Шахпаска учествуваше на маалска средба во Велес.

„СДСМ како одговорна партија продолжува да го слуша гласот на граѓаните и да ги следи нивните потреби. Во следниот период ќе работиме уште повеќе за да биде уште подобро за сите“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните

Објавено пред

Очајниот Мицкоски станува изолиран маргиналец заглавен во режимо-радикална матрица кој освен лажни вести и деструкција не може ништо друго да понуди, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните, тие јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште долго ќе бидат опозиција“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека како што граѓаните досега три пати го поразиле Мицкоски, така ќе го поразат и на следните предвремени локални избори во Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет9 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија11 час

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија13 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија13 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет13 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ13 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија14 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија15 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет17 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа17 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет18 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет18 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет19 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија19 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион19 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа1 ден

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа1 ден

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион1 ден

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Досие