Контакт

Соопштенија

(Видео) Колемишевски: До крајот на 2020 година просечната плата ќе се искачи на 30.000 денари

Објавено пред

Само ако останеме на правиот пат од државата може да направиме квалитетно и удобно место за живеење, во кој секој ќе ја гледа својата иднина. Истакна претседателот на Комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.

Колемишевски се осврна на економските политики на СДСМ, кои, како што рече, даваат очигледни и реални резултати.

„Економијата од минус за само две години бележи раст на БДП од над 4 насто, директните странски инвестиции од минорни бројки во 2018 година се искачија на на 624 милиони евра. За три години минималната плата се зголеми за 5.500 денари од 9 на 14.500 денари“, нагласи Колемишевски, и ги повика сите работници на кои газдите им бараат пари назад слободно да ги пријават.

Тој најави дека со ваквото темпо на раст на платите, до крајот на 2020 минималната плата ќе се искачи на 16.000 денари, а просечната на 30.000 денари.

„Со младинските и економските политики на СДСМ, младите повеќе нема да се иселуваат, тука ќе имаат услови за добро платена работа, бидејќи ние се грижиме за граѓаните, вложуваме во нив, а не во споменици“, истакна потпретседателот за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ДОМ: Сеопфатни судски реформи, а не само ветинг

Објавено пред

Зелената партија ДОМ поддржува процес на ветинг на судии и обвинители, кој би го спроведувала Комисија во чиј состав би биле вклучени меѓународни правни експерти.

Со цел вклучување на искусни правници и зголемување на бројот на обвинители и судии, кој очекувано би се намалил со ветингот, ДОМ предлага поедноставување и забрзување на постапката за прием и завршување на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дополнително ДОМ предлага трошоците во случаите на застарување на кривичните дела, да бидат на товар на обвинителите и судиите кои учествувале во постапката.

„Неправедно е од средствата на граѓаните даночни обврзници да се плаќаат трошоците настанати поради неефикасно работење на одредени судии и обвинители. ДОМ смета дека овие предложени реформи ќе овозможат ефикасно реализирање на принципите на владеење на правото, неселективна правда и борба со корупцијата. Со тоа ќе се зголеми и довербата на граѓаните во правосудниот систем“, велат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Доделена државната награда „22 Ноември“

Објавено пред

Денеска во Кристална сала на Собранието во 13 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2019 година, за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2019 година се Давид Хосафлок, истражувач, историчар и хуманист, и Кимет и Аднан Агаи, просветни работници.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ ја презеде улогата на мегафон на Заев за ширење лажни вести

Објавено пред

„По неуспехот да стане преговарач за влез во ЕУ, Бојан Маричиќ мора да ја преземе улогата на мегафон на измамникот Заев за ширење лажни вести. ЕУ ги прочита корумпираноста и неспособноста на Зоран Заев и неговиот тим и затоа сега Маричиќ мора да се сврти кон лажењето“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Бојан Маричиќ.

Според партијата, „Зоран Заев потроши три години од животот на граѓаните распродавајќи ги државните и националнитр интереси за на крајот да добие силна шлаканица од ЕУ. Заев лажеше дека проблемот што Грција го има е единствената пречка за добивање датум, но реалноста го демантира и целата јавност се увери дека ЕУ не сака да преговара со криминалци“.

„Криминалот, корупцијата и рекетот не се и не може да бидат европска вредност. Со Заев на чело на државата Македонија е пример за кримимал, корупција и рекет. Заев сака да остане на власт за да го продолжи криминалниот начин на владеење. Затоа се сите лажни вести и манипулации. Залудно е колку и да се труди СДСМ да ја лаже јавноста. Никој повеќе не им верува. Во тоа ќе се уверат и самите кога на 12 април ќе ги изгубат изборите“, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Интервју/Дебата14 минути

(Видео) Дескоскa: Не само имот, ќе се испитуваат и влијанија врз судиите од адвокати и лоби-групи

Министерката за правда во интервју за „Макфакс“ рече дека со идејата за проверката во правосудството нема да биде опфатено само...

Македонија31 минута

Триесет дена притвор за дадилката што тепаше дете во игротека

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа барањето на Јавното обвинителство за мерка притвор од 30 дена...

Регион2 часа

Вучиќ: Му реков на Заев дека нема да има преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денеска беше во прва официјална посета на Белград,...

Македонија2 часа

Во Германија уапсен Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на Саздо

Во Хамбург вчера германската полиција го уапсила Јетон Љужа, третообвинет за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо во Автокоманда...

Македонија4 часа

(Видео) Бучковски: Ги победивме Михајло, Филимена, судиите и обвинителите кои решија на наш грб да прават кариера

Во завршниот збор на експремиерот Владо Бучковски за предметот „Тенковски делови”, рече дека воделе 4:0 и победата била на дофат,...

Македонија4 часа

Пендаровски од Белград: Иницијативата мал шенген не е алтернатива за ЕУ

Освен независноста на Косово, Македонија и Србија немаат други отворени билатерални прашања, рече денес српскиот претседател Александар Вучиќ по пленарната...

Регион5 часа

Брегу: Повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан заминаа во ЕУ во последните седум години

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, изјави дека повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан емигрирале...

Македонија6 часа

Пендаровски: Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки

Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки, изјави претседателот Стево Пендаровски, по средбата со неговиот...

Регион8 часа

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Регион8 часа

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот,...

Свет10 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет10 часа

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија11 час

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија12 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија22 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија24 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија1 ден

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија1 ден

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Досие