Контакт

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Пред една година граѓаните јасно и недвосмислено порачаа дека се за ЕУ и НАТО

Објавено пред

Денеска, се навршува една година од референдумот „За европска Македонија“. Над 660.000 граѓани излегоа на референдумот, а речиси 610.000 гласаа „за“. Ниту една политичка опција ниту една политичка програма досега не добила толку масовна и јасно изразена поддршка. Пред една година граѓаните јасно и недвосмислено порачаа дека се за ЕУ и НАТО, за напредок, сигурна иднина, преку прифаќање на договорот од Преспа, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Со својот мнозински глас граѓаните упатија силна порака: сакаме иднина во НАТО и во Европската Унија. Пред една година единствени против европската иднина, против ЕУ и НАТО, беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тие свесно избраа да не бидат дел од историската шанса. До денеска, една година подоцна, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сè уште работат против интересите на граѓаните и против ЕУ и НАТО. Единствено, го бранат криминалот на поранешниот режим, заглавени во минатото на нивниот почесен и вистински претседдател, Никола Груевски“, рече Костадинов.

Кочењето на реформите и напредокот, додаде тој, не даде резултат.

„Една година подоцна нашата држава е светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет. Членството во НАТО е извесно, Република Северна Македонија 30-та земја членка на алијансата. По спроведените реформи, со право очекуваме датум и почеток на преговорите со Европската Унија. Како одговорна партија, носител на промените, продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина“, рече тој.

Македонија

СДСМ: Онлајн платформата сѐ уште е во тест фаза, опозицијата е деструктивна

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски го уништуваше образованието на секое ниво, а денес, како опозиција продолжува со деструктивно однесување кое спротивно на учениците, наставниците и образовниот процес, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како реакцијата на обвинувањата претходно изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократите реагираат дека несериозно, неодговорно и крајно незрело е да се напаѓа проект кој сѐ уште официјално не е започнат и сѐ уште се наоѓа во тест период.

„За прв пат во државата се воспоставува сложен и масовен онлајн систем и тоа се прави за исклучително краток рок. До утрово, на платформата успешно се вклучија 88.000 корисници, предизвици секако дека ќе има, но она што е важно е посветеноста и аганажираноста на сите вклучени страни во брзо надминување на предизвиците и воспоставување на целосно функционален систем на онлајн настава“, нагласува владејачката партија.

Оттука оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ немаат право да зборуваат за технологии во образованието, затоа што учениците воопшто не ги виделе компјутерите што требало да бидат наменети за секое дете,  а вредеа десетици милиони евра. Од СДСМ велат дека потврда за тоа има и од Државниот завод за ревизија каде во извештаите јасно стои дека компјутерската опрема не била евидентирана, ниту пак бил почитуван законот за предавање на опремата на училиштата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, место за здравјето и животите на граѓаните, се грижи за градежниот бизнис

Објавено пред

„Неколку дена по ред стапката на заразени во однос на бројот на тестирани е над 10 %. Состојбата станува алармантна, а од министерот Венко Филипче нема ни трага ни глас. Додека министерот Филипче се занимава со градежен бизнис, здравството во Македонија колабира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, бројот на вкупно заболени од коронавирус надмина 17.600 заболени лица и достигна до речиси 730 починати, што е далеку повеќе од прогнозите на министерот. Македонија во пресрет на вториот бран од епидемијата има рекордни бројки на заболени и починати.

„Дополнително, главниот ковид-центар во државата, болницата ‘8 Септември’ е пред финансиски колапс и нема доволно средства за набавка на материјали и нормално работење, а другите болници секој ден се полнат со сè повеќе заболени. Во болницата во Козле бележат зголемен број на заболени деца и мајки од вирусот, а исто така се бележат секој ден нови бројки на заразени деца во градинките во Скопје и Македонија. Епидемијата се шири без контрола. На целата ваква состојба, од Министерството одговараат со мал број тестови, кои и покрај бројот, покажуваат дека огромен број од тестираните се заразени од вирусот.

Тоа значи дека министерот за здравство станува сè повеќе министер за ширење зарази и епидемии, кој без јасен план и мерки нè воведува во нов ризичен период. Мафијата на власт се грижи за своето богатење, а не и за здравјето и животот на граѓаните“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Грижата за граѓаните продолжува, 27,6 милиони евра за платежни картички за 283.000 граѓани

Објавено пред

Речиси половина милијарда евра како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите во рамките на четвриот пакет-мерки за справување со последиците од корона-кризата, кој го креира и реализира Владата предводена од СДСМ. Една од основните компоненти на четвртиот пакет-мерки, вреден 470 милиони евра, е зајакнување и поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните со зголемување на опфатот на корисници на домашни платежни картички, соопшти партијата.

Според СДСМ, вкупно со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

„Со новиот пакет економски мерки платежни картички, со износ од 6.000 денари, ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица, кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.

Платежни картички „купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните што се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. За дополнителен поттик на потрошувачката викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ.

350.000 граѓани, веќе постојни корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10, 11 и на 12 октомври може да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ-опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ. Според процените, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари што ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ. Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза државата застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Потпишан етичкиот Кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 час

(Видео) Војската на Нагорно Карабах соборила два азербејџански хеликоптери

Војската на Нагорно Карабах собори два азербејџански хеликоптери користејќи ракети земја-воздух „Игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија2 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија3 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија3 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија4 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет4 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија5 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ6 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија6 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет7 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет7 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија7 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет7 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа8 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт17 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион19 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет20 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет21 час

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Досие