Контакт

Соопштенија

(Видео) Мицкоски: Коалицијата „За подобра Македонија“ комплетно ја поддржува Силјановска-Давкова

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва соопшти дека Коалицијата „За подобра Македонија“ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат, професорката Гордана Силјановска-Давкова.

„Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација којашто ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска-Давкова“, рече Мицкоски.

Тој ги повика сите граѓани на 21 април да излезат на гласање и да ја поддржат Силјановска-Давкова и да ја, како што рече, подотворат вратата за пораз на заевизмот којшто како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери.

Тој повторно побара организирање на предвремени парламентарни избори на кои, како што рече, е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе победат.

Македонија

Eдинствена Македонија: Метлата излезе дека е обично метличе кое остави сѐ под тепих

Објавено пред

Партијата „Единствена Македонија“ обвинува дека власта ја замајува јавноста со палијативни решенија и обвиненија за набавката на мерцедесот, за шамарите во општина Центар, за изборните измами, прислушкувањето, поништувањето изборен материјал, укинувањето на пратеничката плата и одземањето на мандатот на Груевски, за повратот на ДДВ, како и поставувањето на бројчаник.

Едиснтвена Македонија коментира дека сето ова нема допирни точки со одземањето на украдените 5 милијарди евра, а за метлата вели дека на крајот се испоставило оти се работи за обично метличе кое оставило сѐ под тепих.

„Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеше: ‘уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра’ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар. Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати“, сметаат од партијата на Јанко Бачев.

Оттука додаваат дека Заев како премиер молчи и трупа големо богатство од позиција на власт за себе и фамилијата.

„Дали Зоран министерот за финансии ќе го реализира ветеното дека власта на СДСМ ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија“, велат од „Единствена Македонија“, преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

ГДУ: Наместо чистка на неспособните, Заев си додели нова функција

Објавено пред

ГДУ преку соопштение ги искоментира промените во владиниот состав, нагласувајќи дека наместо чистка на неспособните, Заев си доделил нова функција.

Партијата ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик- министер за образование, бидејќи не видел промени во образованието.

Оттаму велат дека и тие не гледаат промени во овој сектор, освен одлуките да се затворат неколку основни училишта на македонски јазик и, како што велат, незнаењето како да се одржат неколку паралелки на албански освен со уредби и наредби.

ГДУ ја коментира и одлуката министерот за животна средина, Садула Дураки од ДУИ, да биде министер за политички систем.

„Садула Дураки пак е ѕвездата во старо-новиот кабинет на премиерот Заев. Со полни гради, свеж и еколошки освестен, ќе ја има честа да оживее ново, современо и преку потребно министерство – како и да се вика!
Урбаната мафија во земјава – што и да значи овој одамна одомаќинет израз- ќе ја продолжи плодната соработка со министерот Сугаревски и разните органи во состав на Министерството кое е целосно ненадлежно за дивоградби од секаков вид и тип“, велат од ГДУ.

„На Министерката за војна, веројатно и е потребен телескоп, затоа што ништо не и се гледа од Криволак, веројатно очекува да биде назначена за почесен амбасадор на УНЕСКО!

Конечно, сето ова не би било можно без нашиот Лорд Протектор, нашиот премиер, нашиот министер за финансии, борец, соборец на Дудуш, исповедник на Мукоски и благ но строг кон Канчевска, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

И доколку имате дилеми за културата воопштено, ви го предлагаме делото на Théodore Géricault како своевиден приказ на нашево секојдневие!

Се среди премиерот Заев во државата, животот дојде, плата од 500 евра, реформи спроведени, па останаа уште финасиите. Какво мајтапење е ова со граѓаните? Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција. Реконструкција за класична концентрација на моќ. Човекот за кој во биографијата стои дека е скромен, вреден, популарен отворен и храбар, освен премиер ќе ни биде и министер за финасии. А пак Тевдовски човекот кој од Македонија ќе правеше Данска, ќе му стане советник на премиерот и министерот. Лекар ќе ја води културата, финансиски советник екологијата, а проблематичниот инженер Садула Дураку кој не се занимава со граѓаните, доби награда. Ќе го води новото министерство за политички ситем чија улога ќе биде вдомување на партиски кадри.

Колку импресивна понуда, исто како биографијата на новиот министер за финасии.
Метлата не замете, туку ги стави под тепих работите. Во Кабинетот на Заев му останаа местачите на тендери, оние кои потпишуваат договори во четири очи, функционери кои имаат афери со непотизам, министри и советници неработници.

Само за џабе Заев ја замајуваше јавноста со месеци дека ќе заиграла метлата, ќе направел суштински промени, ќе ги изметел криминалот и неспособноста. Не само што не го направи тоа, туку сега и повеќе ги загрижи граѓаните. Оти токму тој ќе управува со финансиите.

А оние функционери кога видоа колку е часот, решија сами да се заметат. ГДУ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата бидејќи не видел промени во образованието. И ние не гледаме и не само во образованието, туку и во судството и во администрацијата и во економијата“, велат од ГДУ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ од Заев може само да учи како се создава подобар живот за граѓаните

Објавено пред

Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ е навикнато парите да завршуваат во нивниот луксузен дворец и на оф-шор фирмите во Белизе, затоа не го разбираат концептот за враќање пари кон граѓаните, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Ане Лашкоска која обвини дека аболиран за финансиски криминал ќе стане министер за финансии.

Меѓутоа, од владејачката партија сметаат дека успесите на Зоран Заев на меѓународен и економски план, математички прецизно се за подобар живот на сите граѓани, а, како што велат, овие лекции ВМРО-ДПМНЕ уште многу време ќе треба да ги учи.

„За само 2 години од заробена држава станавме светол пример во регионот. Економијата од негативни -1,8 проценти во времето на ВМРО-ДПМНЕ и стагнација, сега расте и се развива со добро темпо, затоа имаме раст од 4,1% на БДП. Просечната плата се зголеми за околу 2.000 денари, а пензиите за над 800 денари. Минималната плата е зголемена од 9.000 на 12.500 денари“, стои во партиската реакција.

Од владејачката партија најавуваат дека по постигнатиот успех на меѓународен план во последните две години, следуваат храбри чекори во економијата и социјалната политика и финансиите, а на чело на оваа, како што велат, економска иницијатива ќе биде премиерот Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ9 часа

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија9 часа

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија12 часа

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија13 часа

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ15 часа

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион16 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион16 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион17 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет17 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија1 ден

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ1 ден

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион1 ден

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија2 дена

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија2 дена

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија2 дена

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија2 дена

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет2 дена

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион2 дена

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Досие