Соопштенија
(Видео) Николовски: Заветот на борците е наша водилка, продолжуваме по патот на слободата и еднаквоста

Нема поголема чест од тоа да се обратам, во присуство на целото раководство на СДСМ, токму од тука од Куманово и во име на СДСМ да го честитаме празникот 11 Октомври, рече генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски.
Тој нагласи дека Куманово е град кој ги дал најголемиот број на народни херои.
„Херои, борци, учесници во НОБ – Ви благодариме! Ви благодариме што се вградивте во темелите на нашата македонска држава! Ви благодариме што застанавте на страната против фашизмот! Ви благодариме затоа што без вашата жртва, без вашата решителност и храброст немаше да можеме денеска да зборуваме за иднината“, порача Николовски.
Нагласи дека учесниците на НОБ се избориле за слободна и напредна држава во сојуз со прогресивните сили.
„После 78 години повторно сме на чекор од остварување на уште една стратешка, национална, граѓанска цел: членство во НАТО и ЕУ“, реле генералниот секретар на СДСМ додавајќи дека тоа е вистинскиот патриотизам на денешното време, на денешната историја и на новите генерации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација

Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Филипче покажал дека не може да обезбеди вакцини навреме.
„Фактот е еден – вакцинацијата во Македонија доцнеше! Додека сите веќе вакцинираа во декември, Македонија почна да вакцинира со донацијата од Србија во втората половина на февруари. Во меѓувреме, нема ни доволно реагенси, нема ни тестови на коронавирус. За Филипче, мерките дале резултатите и тој повторно се враќа на својата омилена, ама сосема погрешна констатација – ситуацијата е под контрола“, стои во писмената реакција од оваа партија.
За сето ова, велат од ВМРО ДПМНЕ,Филипче треба да замине од функцијата и да одговара.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов од ЈСП прави фирма за вдомување партиски активисти?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за отворање оглас за нови вработувања во ЈСП „Скопје“.
„Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за удомување партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој повеќето не се шофери, кои се дефицитарни, е полнење на администрацијата на оваа претпријатие. Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо тој да се искористи за таблети, тестови или вакцини, се троши за партиски вработувања“, велат од оваа партија.
Тие сметаат дека ЈСП има недостиг на шофери, но, како што велат, тоа за Шилегов не е проблем, „негова преокупација е како да вработи оперативен директор, советник за примена на јазиците и инженер за инвестиции во ЈСП“, стои во писменото соопштение од партијата.
„Шилегов го претвори ЈСП во фирма за удомување партиски кадри, а Скопје има делови каде што нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне. И сѐ додека е Шилегов, градот ќе тоне“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Последните полициски акции за разбивање на организираната група, која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи за владејачкиот СДСМ, се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.
„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција ‘Двојник’, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде што беше запленета огромна количина марихуана“, реагираат од СДСМ.
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат еднакво за сите и дека никој не е над правдата.
„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски, колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш