Соопштенија
(Видео) Николовски: Заев излажа дека „Фолксваген“ ќе отвори фабрика во Македонија

Заев излажа дека „Фолксваген“ ќе отвори фабрика во Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој рече дека компанијата отворила фабрика во Турција, а не во нашата земја како што во јануари најавил премиерот.
„Во јануари месец ова година премиерот Заев најави дека ‘Фолксваген’ ќе отвори фабрика во Македонија дури и го злоупотреби името на канцеларката Меркел и нејзиниот советник за надворешна политика Хекер. Деновиве официјално ‘Фолксваген’ ја објави својата инвестиција и таа за жал не е во Македонија, таа е во Турција, вредноста е една милијарда и четиристотини милиони долари фантастична бројка, некаде околу една третина од целокупниот македонски буџет за споредба“, рече Николовски.
Според она што го објави „Фолксваген“, додаде тој, Македонија за жал воопшто не ни влегла во финалната фаза на избор, односно, како што рече, во финалната фаза на избор биле Србија, Бугарија, Романија и Северна Африка.
„За жал уште еднаш се потврдува со каков човек имаме работа, со таков човек кој што ја лаже македонската јавност но и меѓународната јавност. Имаме работа со човек кој што ден поскоро треба да замине на предвремени избори“, рече Николовски.
Тој рече дека во исто време во Македонија се случува феномен каде што странски директни инвеститори кои што одлучиле да инвестираат во државата одлучуваат своите втори или трети фабрики да не ги отворат кај нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош

Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ.
„До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.
Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција“, велат од партијата.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави

Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието.
„Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина“, потенцираат во писменото соопштение од оваа партија.
Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација.
„И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, стои во писмениот допис од СДСМ.
Македонија
СДСМ: Опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување

Соопштение на СДСМ
„Продолжува помошта кон работниците и компаниите, поразени се деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.
Започнува реализацијата на мерките од петтиот пакет за справување со последиците од корона-кризата, откако по двомесечна блокада од страна на опозицијата Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите.
Овие денови почнува исплатата на финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.000 работни места, а обезбедена е и поддршка за самостојните вршители на дејност и за регистрираните занаетчии.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стави крај на уцените од парламентарната опозиција, обезбеди кворум и повторно го порази деструктивното, ненародно дејствување на опозицијата.
Пропаднаа сите нивни обиди народот да остане без помошта што е обезбедена од Владата, пропаднаа нивните обиди Собранието да биде нефункционално и закочено.
Меѓутоа, опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување и ја откажа седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се разгледува уште еден закон од интерес на работниците.
Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажа колку се грижи за работниците, за компаниите и за економијата.
Разликата е очигледна, додека парламентарното мнозинство во секакви околности и на секаков начин работи за граѓаните, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин работи против интересите на граѓаните, на државата, на економијата.
Затоа шест пати се казнети на сите избори во последните четири години, затоа ќе бидат поразени и на следните избори и уште долго ќе останат во опозиција“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?