Контакт

Соопштенија

(Видео) Николовски: Заев ми се закани со тужба за клевета

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден добив писмо адресирано од премиерот Зоран Заев, во кое се заканува со тужба за клевета за моја изјава дадена по повод верскиот празник Богородица, во која на новинарско прашање одговарам за прашања поврзани со аферата „Рекет“. Наместо како што личи во секоја нормална и демократска држава, доколку не се согласува политичкиот опонент со она што ние го кажуваме, тоа да го демантира или во јавноста да приложи спротивни факти и аргументи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме политичари и наша работа е да даваме изјави, да прашуваме и да поставуваме провокации. Во која демократска држава, земја членка на ЕУ, што Зоран Заев од устата не ја вади, се видело премиер да тужи потпретседател на најголема опозициска партија за политичка изјава. Или можеби има таква работа во САД? Веднаш ќе ви одговорам – нема. Нека каже Зоран Заев еден пример, каде што премиер на која било демократска држава тужи потпретседател на опозициска партија за политичка изјава“, рече Николовски.

Тој рече дека на 4 април оваа година Зоран го советувал брат му Вице да ја повлече тужбата за клевета кон мене, а сега решил самиот тој да го тужи за клевета.

„За ‘Рекет’ има активна истрага и моја работа како политичар и како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е јавно да поставувам прашања, дилеми и да споделувам информации. И на тој начин да ја отвориме оваа дебата во јавноста и секако на еден демократски начин да извршиме притисок врз институциите побргу да ја завршат истрагата. Кој верува во оваа држава дека Боки 13 сам рекетирал и дека бизнисмените сами му ги давале парите? Па, денар нема да му дадат, а не тешки милиони доколку зад него не стојат највисоките структури на власта“, рече Николовски.

Она што е интересно во писмото, додаде Николовски, Зоран Заев воопшто не демантира дека се рекетирани над 20 милиони евра.

„Ниту демантира дека повеќе бизнисмени се рекетирани, со што само ги потврдува нашите сознанија. Дека рекетот бил далеку подлабоко од она што се знае во јавноста. Единственото што го оспорува е дека тој ја координирал оваа акција“, рече Николовски.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали со еколошки достигувања додека во Вардар пловат отровни супстанции

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје бара сеопфатна истрага за, како што велат, еколошката катастрофа на реката Вардар и уништувањето на живиот свет, откако на социјалните мрежи се појавија снимки од помор на риби и невообичаена бакарна боја на водата по течението на реката во Аеродром.

„Во неделата, кога Шилегов се фалеше со достигнувањата во заштитата на животната средина, среде Скопје отровна хемиска супстанца предизвика помор на риби во реката Вардар. И ова не е првпат да се предизвика вакво уништување на животната средина. Жителите во близина на еколошката катастрофа се жалат постојано на миризби и испуштање  токсични материи во водата, додека градските инспекциски служби не реагираат со што се ставаат во заштита на нечии бизнис-интереси наместо да го штитат здравјето на граѓаните“, се наведува во реакцијата на советничката група од опозициската партија.

Инаку, првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“. Најавено е дека во координација со надлежните државни инспекции ќе следат вонредени инспекциски контроли во кругот на овој индустриски објект.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГДУ: По дожд, охридските улици се како по елементарна непогода

Објавено пред

Во Охрид, по дожд, улиците се како да имало елементарна непогода, обвинуваат од партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ).

„Сликата е хаотична, фекалии на сите страни и на крајот, најголемиот дел од нив завршува во езерото. Фекалната канализација е голем проблем, кој се влече со години и постојано се даваат солуции (за време на избори), а реалноста е дека нема никаква промена, дури и се даваат заклучоци дека нема излез“, се наведува во партиското соопштение.

Во него исто така се бара општинските власти да одговорат зашто барале гласови од граѓаните доколку немаат решение за проблемите.

„Живот дојде само за партиските војници кои се насадени насекаде“, велат од ГДУ.

„Проблемот со фекалната канализација останува, со кучињата скитници останува, проблемот со депонијата останува, всушност, само ДПМНЕ замина, а СДСМ дојде и како и во минатото, така и сега, се случи само мала промена на фотелјите“, истакнуваат од оваа партија, од каде што додаваат дека изборните програми веќе нема ни потреба да се менуваат зашто најголемите партии имаат исти ветувања повеќе од 20 години.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Дали на Стоилковски му пречи Русковска затоа што е жена?

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, познат по шовинистички статуси и денеска продолжува да шири лажни вести и невистини, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на која тој рече дека три месеци повикува да се расчисти случајот во врска со тендерот на владиниот генерален секретар, Драги Рашковски, а обвинителката Русковска одговара само со содржински празни соопштенија.

„Дали на Стоилковски му пречи обвинителката Русковска затоа што е жена“, прашуваат од владејачката партија.

„Наместо да рециклира стари и веќе демантирани лаги, Стоилковски треба да го повика Мицкоски да одговори дали Орце Камчев, тајкун на режимот и обвинет во предмети на СЈО, преку негови фирми, бил финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиската реакција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Дуковски: Здравјето на Јовановски е влошено, неговата состојба е животно загрозувачкa

Адвокатот Сашо Дуковски вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не дал исказ, а од среда обвинителката Русковска ќе...

Македонија30 минути

Бојан Јовановски не дава исказ во Обвинителството без да ги види доказите

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите...

Економија1 час

Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5, 2 и 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 часа

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија3 часа

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија4 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион4 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија4 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија5 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет5 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет5 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет16 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт19 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион22 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија1 ден

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион1 ден

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура2 дена

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Досие