Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Власта молчи за „Рекет 3“ на три месеци пред избори

Објавено пред

Молчи власта за „Рекет 3“ на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев. И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори. Зошто се молчи власта за „Рекет 3“?Зошто во Штип се уште нема болница?Зошто беше запрена градбата на болницата?Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот?Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?“, праша тој.

Името на Филипче, додаде тој, е единственото покрај Заев што се поменува и во „Рекет 1“ и во „Рекет 2“ и во „Рекет 3“.

„Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство“, кажа Стоилковски.

Соопштенија

СДСМ: Просечната плата во август зголемена за 9,6 отсто

Објавено пред

Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика изнесувала 27.535 денари.Платата во август, и во услови на најголемата криза во светот, по втората светска војна, е зголемена за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти СДСМ.

„Од јуни 2017 година, кога СДСМ застана на чело на Владата, просечната плата во државата порасна за 4.727 денари. СДСМ преку бројни мерки и политики, во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведува во опасност здравјето на сите граѓани

Објавено пред

Од почетокот на корона-кризата во земјата, ВМРО-ДПМНЕ дејствува неконструктивно со опструкции и критики, а сега со одолговлекување на донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, опозицијата го покажа и своето нехумано лице и за дневнополитички поени, на коцка го става здравјето на сите граѓани, велат од СДСМ преку соопштение.

„Во време кога имаме нов бран на коронавирусот, кога се полнат болниците и расте бројот на заразени, ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш, одмага, или нема став или е спротивен на интересите на државата и на граѓаните.

Колку се неодговорни и несериозни покажуваат со тоа што во Собранието побараа одлагање на точката за измена на Законот за заштита на населението од заразни болести за да се вметнат нивни предлози, и наместо тоа на крај да предложат сосема друго, формирање паралелна специјална комисија за справување со Ковид-19, па дури и формираа нивна комисија внатре во партијата.

Нивното барање за формирање специјална комисија е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно не знае што прави, за 24 часа три пати го смени ставот, со вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да се постигне договор за ништо.

Меѓу деструктивните потези на ВМРО-ДПМНЕ, особено се издвојува тоа што заменик-министерката за финансии во техничката влада не го потпиша заемот од Светска банка, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети за есенскиот бран, со кој се соочуваме сега.

Со тоа опозицијата практично го запре процесот за спроведување на проектот за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од коронавирусот.

Прагот на толеранција во однос на политизирањето на процесите за справување со коронавирусот е надминат, не само во рамките на парламентот туку и кај граѓаните.

Да не бараа одлагање веќе ќе беа донесени измените на законот и мерките за заштита од коронавирусот.

СДСМ уште еднаш повикува на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси.

Коронавирусот нема да застане и да чека ВМРО-ДПМНЕ да игра политички игри и да го доведува во опасност јавното здравје, мерките мора да се донесат во најкус можен рок“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната бројка е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова

Објавено пред

Секој ден е нов пик, вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова специјална комисијата од експерти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соооштение.

„Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона-кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од Ковид-19. Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секој ден е нов пик. Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела.
Власта предлага несуштински мерки за борба со пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски.

Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број заразени и починати. Комисијата наместо стручност, демострираше политика. Токму затоа е потребно формирање на специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт.

СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира сè до крај. Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Македонија1 час

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Свет1 час

(Видео) Последна дебата пред изборите: Трамп вети вакцина до крајот на годинава, Бајден апелира да се носат маски

Доналд Трамп и Џо Бајден разменија сериозни обвинувања на последната дебата пред претседателските изборите во САД што се одржа во...

Македонија2 часа

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и...

Македонија2 часа

23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Спорт13 часа

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако...

Македонија13 часа

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија14 часа

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион15 часа

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија17 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет17 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет18 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија20 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија21 час

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа22 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија1 ден

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион1 ден

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет1 ден

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија1 ден

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет1 ден

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Досие