Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Заев е кукавица зашто одбива да му ја каже вистината на македонскиот народ
Зоран Заев продолжува со своите постапки да го понижува Македонецот, го смета за недоветен сам да процени, па и уште вели нема да кажам што ќе менувам во Уставот, непријатно ќе биде, ќе влијае на референдумот, посочи на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој од партиската говорница му порача на Заев дека Македонците мора да знаат зошто премиерот го бара нивното присуство на референдумот.
„Зоране Заев, Македонецот мора да знае што подготвуваш преку промена на Уставот, како ќе го избришеш неговото минато, неговите лични документи, неговото наследство. Зоране Заев, немој да се криеш од Македонецот и да криеш од него што планираш преку уставните измени Македонија да ја претвориш во вештачка држава со вештачка нација, без историја без традиција, нација без корен и нација без сонародници во соседството. Затоа што тоа се уставните измени, преку измените во Преамбулата членот 3 и членот 49 или што уште се наведуваш“, рече Стоилковски.
Портпаролот на опозициската партија повика премиерот еднаш да биде маж и да каже што непријатно подготвува.
„Зоран Заев неброен број пати го навреди Македонецот. Лажеше дека нема промена на Устав, па лажеше дека тоа е само за предлогот Илинденска, сега бесрамно признава дека нема поддршка кај народот и тргна во отворен поткуп, за сега да не кажува што и како ќе се менува, затоа што тоа ќе било непријатно и ќе влијаело врз излезеноста на нему потребниот референдум. Како неговиот маркетинг да не влијае врз излезеноста и не бара да биде поголема“, изјави Стоилковски.
На крајот, тој го нарече Заев кукавица бидејќи, како што кажа, одбива да излезе на мегдан со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, и одбива да ја каже вистината пред граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

