Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту моторот со кој се шета низ Македонија

Објавено пред

Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту моторот „бмв“ од 30.000 евра, со кој се шета низ Македонија. Тој е на фирмата „Тотал инженеринг“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него, Заев е предводник на кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси – од транспорт за РЕК „Битола“ и правење ајвар до ископ на глина преку плантажи за марихуана.

„Во Македонија царува основаната перцепција за злоупотреба на моќта од политичка функција. Вршењето јавна функција на политичари додека истовремено се сопственици или влијателни акционери на компании остава можност за корупција и влијание на економските текови во државата. Примери за тоа има многу, од тендерите во здравството, преку примери со вицепремиерот и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации, но најекспонирани се примерите на премиерот Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство. Ќе ги прочитам, „Фарма медика“, „Тргопродукт“, „Мамас фуд“, „Омни градба“, „Центроштепед“, „Тотал електроник“, „Еленица“, „Пеон“, „Сара Јавор“, „Тотал инженеринг“, „Сара инженеринг“, „Дравас инженеринг“, „Електринженеринг“. Сите овие компании се на семејството Заеви, ова се компаниите за кои има огромен број афери. Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“ до транспорт, градби, ископи, заеми, до полиња со марихуана. И во нив се споменувани имињата на семејството на власт“, рече Стоилковски.

Тој обвини дека фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК „Битола“, експресниот пат Штип – Струмица и други градилишта финансирани од државата.

„Ова е само еден пример. Фирма на кланот Заеви доби дозвола за одгледување медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, над 20.000 м2, за цена на една гарсониера. Фирми на Заеви стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради за суми од 40.000 евра, а се вредни десетици пати повеќе“, рече тој.

Стоилковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи, како што рече, отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.

„Формалното бришење од сопственост или формалното замрзнување на своето дејствување во компаниите на политичарите што истовремено се и јавни функционери, како Заев, како Анѓушев, отвораат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Христијан Мицкоски, го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Зоран Заев и неговите од октоподот да го сторат тоа. Доколку не го сторат тоа, само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската функција, се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните компании“, рече Стоилковски.

Македонија

Левицата: Владата доцни три недели со конкурсот за студентски легла

Објавено пред

Само три дена до одложениот почеток на учебната година не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата тој требаше да биде објавен пред три недели, велат од политичката партија Левица додавајќи дека стотици студенти се во неизвесност и стрес поради можното отсуство од наставата.

„МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани. Во изминатите шест месеци ресорното Министерство успеа да објави конкурс за студентско сместување на 28.7.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите што зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.9.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собранието) предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог на студентите и учениците што конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но поради намалениот број сместувачки легла, не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите“, велат од Левицата.

Како што се додава во соопштението, за да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет-платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.

По овој план, според Левицата, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување, кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Од политичката партија оценуваат дека со ова темпо на динамика на решавање круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, а учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека тонeме во економска криза

Објавено пред

Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на тврдењата од владејачката партија дека и во време на пандемија земјата е атрактивна дестинација за инвестиции.

„Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата и денот го поминуваат со помалку од 50 денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7,4%“, се нагласува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека наместо нови инвестиции, СДСМ донел повеќе криминал и корупција во Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: И во време на пандемија сме атрактивна дестинација за инвестиции

Објавено пред

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека процесот на реализација на директните странски инвестиции се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

„За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата ‘ВИК (WIK) Македонија’ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка. Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека тоа е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата, како и предност од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено...

Македонија3 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија3 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион3 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет4 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет4 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија5 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион6 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија6 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија7 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија19 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија20 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион21 час

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет21 час

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет22 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ23 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија1 ден

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија1 ден

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ1 ден

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа1 ден

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Досие