Македонија
(Видео) Стоилковски: Заев повика граѓаните за поткуп од 6 илјади денари да ги продадат државата и идентитетот
Зоран Заев ја одреди цената за која граѓаните треба да се откажат од националниот идентитет, односно отворено порача колку чини откажувањето од историјата, традицијата и културата, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што рече тој, Заев на отворена сцена, среде митинг, повикал сопственици на компании и бизнисмени да ветуваат или даруваат подарок или друга материјална корист за избирачко право.
„Заев побара од бизнисмените да им даруваат пари и материјална корист на вработените, а од друга страна, кон работниците настапи со барање и очекување за 6 илјади денари да ја продадат државата и идентитетот. Ова е скандал без преседан! Чист криминал за кој во секоја правна држава се оди директно во затвор! Ваква монструозност, вакво отворено бесрамно признание, поттикнување и заплашување за изборни цели, е незапаметено во Република Македонија. Колку и да е клиентелистички и под притисок македонскиот правен систем, за ова мора да има кривична одговорност“, кажа Стоилковски и додаде дека признанието на Заев е потврда на кривично дело што во правниот систем на Република Македонија е опфатено во најмалку четири закони.
На крајот портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека ова е признание по кое Јавното обвинителство веднаш мора да поведе истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

