Контакт

Соопштенија

(Видео) Форум на жените на СДСМ: ЗНМ и Мицкоски да го осудат говорот на омраза на Љупчо Златев

Објавено пред

Форумот на жените на СДСМ ги повика ЗНМ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го осудат говорот на омраза на Љупчо Златев упатен кон обвинителката Фатиме Фетаи.

„Говорот на омраза и шовинизмот на Наум Стоилковски не беше изолиран инцидент во ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е западната во шовинистичка матрица. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги впрегна порталите блиски до неа да сеат шовинизам, родова, сексистичка омраза и да поттикнуваат насилство кон жените. Како Форум на жени на СДСМ остро го осудуваме говорот на омраза и сексизмот на Љупчо Златев насочен кон обвинителката Фатиме Фетаи и кон советничката во Министерството за финансии, Ана Марија-Макеска“, изјави Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жените на СДСМ.

Очигледно е, додаде таа, дека ваквите написи се поттикнати од шовинистичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

„Има ли ВМРО-ДПМНЕ образ? Има ли ВМРО-ДПМНЕ Унија на жени, која ќе го осуди ваквиот говор и ќе застане зад правата на жената? Ги повикуваме ЗНМ, но истовремено и Христијан Мицкоски да излезат и да го осудат говорот на омраза и шовинизмот“, рече Пеповска.

Соопштенија

ВМР0-ДПМНЕ: Одлуката на Рама шамар за Заев и Спасовски

Објавено пред

Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива.

„За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија.Оттука прашуваме некадарната дипломатија на Димитров и неспособната влада на Заев на кој начин реагираа на одлуката на Албанија, превземаа ли нешто или и овој пат ќе си премолчат за овој нов пораз?За неколку месеци неколку порази и отворени прашања со соседите е резултатот на неспособноста на Заев и владата во заминување“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГДУ: Владата молчи за државната помош доделена на фирми поврзани со власта

Објавено пред

Изминува и третиот ден откако се појави прилогот во кој се набројани некои од компаниите кои добиле помош од државата за исплата на плата на вработените. Реакциите во јавноста се главно негативни со оглед дека на него се наоѓаат имиња на поранешни владини функционери, казина, коцкарници како и фирми кои и досега користат бенефиции од државата, велат од Граѓанско демократската унија.

„Можеби и не е за изненадување, но сепак, молкот од Владата и Министерството за финансии, пропратено со „предизборни активности“ на членови на владиниот кабинет, остава горчлив впечаток дека приоритетите во моментов не се врзани со последиците од сегашнава состојба. Граѓанско Демократската Унија пред безмалку два месеци, јавно предложи државната помош за вработените да се насочи дирекно на сметките на вработените, а не на сметките на работодавецот. Бевме свесни, колку и да е добар системот за кој тогаш Владата размислуваше, ќе предизвика реакции во јавноста. Исто така, нема(ше) никаква објективна пречка тоа да не биде реализирано“, се наведува во соопштението.

Според партијата, впечаток е дека помошта до самовработените и малите правни лица од 1 до пет вработени воопшто ја нема, или тешко доаѓа.

„И да бидеме искрени, дел од компаниите кои се наоѓаат на списокот, почнаа со отпуштања безмалку со почетокот на кризата. Конечно, министерката за финансии на ова нека гледа како на шанса да го поправи впечатокот од нејзината последна прес- конференција и да и ги објасни на јавноста контроверзите кои се појавија. Впрочем, кога веќе дел од нејзините колеги почнаа со кампања, веруваме дека тоа би бил одличен предизборен чекор“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијансата за Албанците: Државата ги запоставува граѓаните заглавени во странски држави

Објавено пред

Државата ги запоставува граѓаните заглавени во странски држави, не помага за нивно враќање во земјата, велат од Алијансата за Албанците.

„Неколку пати реагиравме на ова прашање, па и апелиравме до Министерството за надворешни работи и Владата, кои не прават ништо за да им се помогне на нашите граѓани, особено од Италија, каде што ситуацијата е многу загрижувачка заради големиот број наши граѓани кои сакаат да се вратат во својата татковина. Ова го зборуваме затоа што добивме многу директни писма од нашите граѓани, кои се блокирани во разни земји на ЕУ, како резултат на пандемиската криза“, велат од АА.

Тие му порачаа на вицепремиерот Бујар Османи дека проблемите не се решаваат ниту со празни изјави ниту со потценување на новинарите кои се заинтересирани за оваа проблематика.

„Затоа, преземете мерки за да не бидепредоцна, и да не станете причина за некоја трагедија, како што е случајот со албанското семејство од округот на Скопје, кое според нашите информации е блокирано 48 часа на унгарската граница. Бројот на тие што сакаат да се вратат е многу голем, но конзуларните претставништва на РСМ не се ни во можност да го отворат телефонот, а камоли да направат нешто повеќе за да помогнат во нивното враќање“, велат од Алијансата за Албанците.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Италија бара 60.000 доброволци кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 доброволци кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија3 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет4 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа5 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет5 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет6 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа6 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија10 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија11 час

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет12 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион12 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија13 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија13 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија14 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион14 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет1 ден

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа1 ден

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа1 ден

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет1 ден

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија1 ден

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Досие