Контакт

Соопштенија

Јанушев: Договорот ѝ овозможува на Грција кога сака да го попречи нашиот пат кон ЕУ

Објавено пред

Капитулантскиот договор со Грција, кој го потпиша владата на Зоран Заев, е на директна штета на Република Македонија бидејќи ние го губиме идентитетот преку институционалниот идентитет, историјата и културата, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, при посетата на Пехчево.

Јанушев посочи дека со договорот, преку членот 8, се дава алатка во рацете на Грција преку Комисијата за ревизија на културата, историјата и археологијата да го попречи нашиот пат кон ЕУ кога ѝ да посака.

Воедно, генералниот секретар на опозициската партија нагласи и дека во целиот овој период додека се зборува за европски вредности, во суштина се прави огромен криминал.

„Додека ја раскрчмуваат државата по сите основи, граѓаните страдаат, е општиот заклучок на пехчевци. Во Пехчево како и во остатокот од Македонија владее тага. Млади во општината речиси и да нема, секој месец постарите жители, кои немаат кај да заминат, гледаат како некоја фамилија трајно се иселува од државата, ги затвораат куќите и си одат, тажно коментираат возрасните пехчевци, кои тагуваат по заминатите синови и ќерки, внуци и внуки“, рече Јанушев.

Притоа тој додаде дека општината, која е сливарски регион, годинава се соочила со дебакл.

„Сливата првин немаше откуп, со што илјадници тони скапаа на нивите за на крајот да се откупува по мизерни 4-5 денари. Земјоделецот овде е скршен и оставен без помош од државата, која Зоран Заев пред изборите лично им ја ветувал“, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од правдата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се на спротивната страна од правдата, велат од СДСМ и додаваат дека тие докажуваат оти борбата против криминалот не познава партиски бои.

„Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипци кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал.

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.

Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура.

Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара“, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски. 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Китев: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, упорно не свикува седница на комисијата. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ, изјави пратеникот од СДСМ Бетиане Китев.

„На тој начин Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои во никој случај нема да се случат. Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ААВМУ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше земјава. Еден од нив е Зоран Трајчевски, директорот на AАВМУ и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, кој вчера ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Мнистерството за внатрешни работи“, рече тој.

Како одговорна партија, рече Китев, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Беса: Случајот „Рекет” сериозно му наштети на кредибилитетот на СЈО

Објавено пред

Скандалозниот случај „Рекет“ сериозно му наштети на кредибилитетот на специјалното јавно обвинителство, нерешените случаи со владини претставници кои беа слушнати во некои аудиоснимки. Неуспехот да се добие покана за почеток на преговорите со ЕУ пред овие последователни скандали дефинитивно укажува на слабостите на парламентарното мнозинство, што докажува дека ова власт нема капацитет, но и политички кредибилитет да ја води оваа земја, изјави генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа.

„Движењето Беса има многу забелешки со неспроведувањето на договорот со Владата за време на уставните измени, како и предлог-законот за јавното обвинителство и предложениот закон за попис на населението. Подготвени сме да дадеме свој придонес за да го отклучиме реформскиот процес, но за возврат од Владата бараме да го утврди датумот на предвремени парламентарни избори а до тој датум подготвени сме да седнеме и да ги обезбедиме најдобрите решенија што ќе бидат во согласност со препораките на Европската комисија“, рече тој.

Тој додаде дека Беса е убедена дека октомври нема да донесе никакви промени во врска со добивање датум за почнување преговори со Европската Унија и дека овој месец е само купување време од страна на актуелната влада.

„Ние како опозициска партија сакаме да ѝ сопштиме на јавноста дека сме спремни да пружиме рака за соработка со парламентарното мнозинство со цел да се договориме за да се утврди датумот за предвремени парламентарни избори, а сè до нивно спроведување, Владата да го спроведе договорот за уставни измени, да го донесеме Законот за јавното обвинителство и да се прифати решение за пописот со што пописот на населението да е само од статистички од карактер додека политичките права на етничките заедници се регулирани преку Регистарот за електронско управување во рамките на Министерството за информатика и јавна администрација“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Свет2 часа

Помпео: Иран не уапсил агенти на ЦИА

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли тврдењата на Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени...

Македонија2 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Свет3 часа

Најавени низа оставки во британската Влада, една веќе поднесена утрово

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, утрово поднесе оставка. Се очекува вкупно 12 министри неделава да ја напуштат...

Економија3 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија5 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет6 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет6 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет7 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет7 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет8 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет8 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија18 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија20 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион22 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија24 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие