Контакт

Соопштенија

(Видео) Јанушев до Пендаровски: Не служете му на Заев, туку на здравјето на граѓаните и продолжете ја вонредната состојба

Објавено пред

Резултатите говорат дека Владата на Заев и Спасовски убедливо најлошо се справува со коронавирусот во споредба со регионот, оцени генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој нагласи дека во вакви критични услови лидерот на СДСМ не се повлекува од идејата за одржување избори.

„Лично Зоран Заев, наместо да нуди решенија за спас на здравјето на граѓаните, тој вели: ‘тоа е – и да се умира и да се заразува, избори ќе има’ и дозволува народот да страда. Убеден сум дека народот сето ова ќе го запамети кога ќе одлучува зад параванот, но Македонија има поважна работа во овој момент, а тоа е да се спасуваат животи“, рече Јанушев на денешната прес-конференција и додаде дека Заев денес признал оти сака избори без целосен мониторинг.

Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и претседателот Пендаровски не е искрен кога вели дека по 4 вонредни состојби, веќе не прогласува нова.

„И бројките на новозаразени и бројките во економијата тврдат дека имаме работа со вонредна состојба. Затоа, претседателе Пендаровски, единственото што ви преостанува за доброто на граѓаните, поради вашата уставна обврска да ѝ служите на Македонија и поради вашата одговорност да ги заштитите граѓаните, мора да ја продолжите вонредната состојба“, истакна Јанушев.

Тој го повика претседателот на државата да се издигне над притисоците од Заев.

„Немате обврска да му служите на Заев, но имате обврска, уставна и морална, да го заштитите здравјето на граѓаните. Продолжете ја вонредната состојба бидејќи кариерата на Заев завршува, но да спасиме да згаснуваат животи на недолжни граѓани“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека неговата партија е отворена за разговори, за решенија и за консензус, кој ќе биде за доброто на граѓаните.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопатишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови

Објавено пред

Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис-секторот. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проширување на патот Гостивар – Тетово со што би се добил современ автопат, изградба на автопат Прилеп – Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско – Прилеп, експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш и др.

„Дополнително ќе се изработат проектните документации за автопатот Гостивар – Кичево, експресниот пат Струмица – Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и друго. Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е со 150 заболени и 10-тина починати дневно приоритет на Заев и Филипче да биде снимање ПР-спотови

Објавено пред

Во јуни имаше заболени колку сите месеци претходно. Заев и Филипче наместо да покажат грижа за здравството, тераат митинзи и снимаат спотови, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија речиси цел месец бележи троцифрени бројки на заболени. Црниот биланс во последното деноноќие е 120 новозаразени и 4 починати лица. Само во  јуни има заболени колку месеците претходно. Македонија е рекордер во регионот по заразени и починати лица на еден милион жители. Тоа сепак не го спречува Филипче да глуми во спотовите и митинзите на Заев.
Ова е на дело неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче.

Да беше криминал, корупција или рекет власта на Заев би била организирана максимално, но не и кога треба да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

Цела јавност виде како се организирани кога треба да договараат со контроверзниот бизнисмен Дака, за што самиот тврди дека исплатил 300 илјади евра. Гледаме како се пазарела правдата за 4, 6, 8 милиони евра, а патем има сведоштво дека сите изрекетирани пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Цела јавност виде како директорот на Фондот за здравство, вториот човек во здравството во Македонија, ноншалантно става снопчиња пари во својата торба, додека во Македонија луѓе умираат од банални болести или недостиг на финансиски средства за операции.
Ова е бедата на владеењето на СДСМ и Заев, која граѓаните ја почувствуваа на својот грб.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме Саше Политико да биде сликата за новинар, итно да се извини за навредите кон Силјановска

Објавено пред

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ ги осудуваат, како што велат, говорот на омраза и навредите кои Саше Ивановски – Политико, ги упатил кон Гордана Силјановска Давкова, носител на листа за пратеници во првата изборна единица.

„Бараме итно извинување од новинарот, но и од неговите спонзори и мотиватори – семејството Заеви. Дополнително ги повикуваме новинарските здруженија да го осудат ваквиот напад“, се наведува во реакцијата од партијата од каде велат дека ги почитуваат новинарите, но не сакаат сликата за новинар во јавноста да биде лицето Саше Ивановски.

„Говорот на омрза и навредите не смеат да прераснат во пракса во општеството“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија2 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија3 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Македонија4 часа

Утре ќе се разговара за затворање на границите со Србија и Косово

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на...

Спорт6 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија6 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија7 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет8 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет8 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија9 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет9 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија9 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет9 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет9 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет10 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет21 час

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Досие