Соопштенија
(Видео) Јанушев: Заев ги минираше преговорите за да го заштити својот и криминалот во своите редови
Зоран Заев ги минираше преговорите за да го заштити својот и криминалот во своите редови. Затоа не сака независно обвинителство водено од обвинител на предлог на опозицијата, туку сака уште една компромитирана институција како СЈО преку која ќе си го прикрива криминалот, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Зоран Заев се плаши од независна истрага за случајот ‘Рекет’, затоа што знае дека исказите на жртвите и вмешаните водат до главата на криминално рекетарската банда. Никој веќе не верува дека Боки или Катица на своја рака, без насоки и заштита од политичкиот врв влегле во ова крими-авантура. На Заев му е потребно ЈО кое е продолжена рака на власта, на Заев му е потребно баш вакво јавно обвинителство за да го затвори случајот ‘Рекет’, без притоа јавноста да ги дознае вистинските нарачатели“, рече тој.
Според Јанушев, власта се плаши од независна истрага, зошто така ќе се дознае и каде завршиле парите од снимката која сите ја видовме, но и каде завршиле сите останати рекетирани пари за кои има сериозни индиции.
„Заев е исплашен да не се дознае и дали токму со тие пари е финансирана кампањата на Пендаровски. Заев се плаши од независно обвинителство затоа што знае дека со разврска на случајот ‘Рекет’ јавноста ќе дознае дека рекетот е вршен со амин и за потребите на криминално рекетарската власт. Заев е во паника и затоа не сака независно обвинителство. Паниката и стравот се вистинскиот мотив поради која Заев ја спасува Катица Јанева во Собранието“, рече Јанушев.
Зоран Заев, додаде тој, со своето однесување, а воден од себичните побуди да се спаси од одговорност за криминалите по не знам кој пат, ја загрозува европската иднина на Македонија.
„Доколку Заев навистина е за примена на европските вредности, а не за заштита на криминалот тој ќе ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои се во насока на заштита на Уставот, законите, но и меѓународните конвенции и пракси. ВМРО-ДПМНЕ будно го следи случајот и целата негова разврска. Доколку власта продолжи да го одолговлекува случајот и се обиде на каков било начин да влијае на истрагата, ќе ги објавиме документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги има исто така и ЈО. Порачуваме никој да не се осмелува да си игра со правдата, зошто одговорност за ова незаконие ќе има, и секој индивидуално ќе се соочи со санкциите“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

