Контакт

Соопштенија

(Видео) Јанушев: Членови на партии кои беа дел од власта преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, оствари средба со раководства од повеќе политички партии кои, како што кажа, до пред извесно време биле дел од власта, а сега преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија“, посочи Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порача дека патијата останува отворена и ги повика граѓаните да се придружат во борбата против власта и во борбата за обнова на Македонија.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Театарот со скафандери скапо ќе ја чини власта

Објавено пред

СДСМ не го стави на дневен ред законот за економска помош во четвртокот, за да може да прави театар во скафандери, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните случувања во Собранието кога се гласаше петтиот сет антикризни мерки, а по одржаната прес-конференција на СДСМ.

„Владејачкото мнозинство и Талат Џафери како извршител на Заев избраа да прават театар од обврската која ја имаат, а тоа е гласање на антикризните мерки. Пратениците во скафандери се реално непотребни, и без нив ќе беше изгласана помошта, но на Заев му е важен театарот, затоа компаниите чекаа. Театарот од вчера скапо ќе ја чини власта. Ќе има кривична одговорност како за пратениците со скафандери, кои болни дојдоа во собрание да шират зараза, но и за сите кои тоа го овозможија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само универзумот и глупоста на Зоран Заев немаат крај. Тие се бескрајни“, додаваат во писмената реакција од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Помошта од петтиот пакет мерки стигнува до граѓаните

Објавено пред

Пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ги усвоија законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа, соопшти СДСМ.

„Поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните. Блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата одново се поразени. Разликата е очигледна.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стори сè помошта што е обезбедена со мерките од Владата да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сè законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнета од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во Владата

Објавено пред

Сите видовме како функционери и коалициски партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број криминали, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Зоран Заев не одговора дали покрај средбите со неговите луѓе, партиски соработници и коалициски партнери, Пекер имал средби и во Владата, за што е разговарано, дали можеби е зборувано за бизниси и дали тие бизниси се поврзани со Вице Заев?! Јавноста заслужува да знае!

Дополнително Заев мора да одговори дали во целиот период додека Пекер бил во Македонија, тој не добил известување од АНБ за опасноста на истиот, а со тоа и дека тој и неговите луѓе не треба да комуницираат со него? Доколку не, што правела АНБ? Доколку да, зошто не ги послушал?

Дополнително зошто и кој дал наредба Пекер да добие полициско обезбедување и автомобили со флешери, како да се работи за странски државник од највисок чин, а не за криминалец?!

Заев може да молчи, но одговори на овие и на многу други прашања мора да даде, дали сега или за некое време сеедно, но одговори, а и одговорност ќе има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа7 часа

Шведски доктор: Секој ден фрламе стотици дози „астра зенека“

Стотици дози од вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите одбиваат да...

Македонија8 часа

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа11 час

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија11 час

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија11 час

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија12 часа

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија15 часа

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија15 часа

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Македонија17 часа

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нив, владата во...

Регион18 часа

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Словенија полека ги олеснува мерките, па од денес е во сила одлуката на владата дека можат да се соберат до...

Македонија18 часа

Денеска во Македонија пристигнуваат 10.000 вакцини на „Фајзер“

Попладнево се очекува да стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а според најавите, уште толку ќе пристигнат и следната недела. Вакцините...

Европа18 часа

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Тензиите на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни. „Денешната...

Свет1 ден

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Свет1 ден

Келин: Руските власти нема да дозволат Навални да умре во затвор

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави денеска во интервју за Би-Би-Си дека власта нема да дозволи Алексеј Навални...

Македонија1 ден

Заев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризам

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните...

Македонија1 ден

Мицкоски за болните пратеници во Собранието: Ова е тероризам, а не 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира доаѓањето на пратениците болни од коронавирус во Собранието. „Ова во Собрание е тероризам,...

Македонија1 ден

Во Македонија 364 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 364 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеа 689 заболени,...

Македонија1 ден

Изгласан петтиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од ковид да одат во Собрание

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание,...

Досие