Соопштенија
(Видео) Јаулески до власта: До каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“?

Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови, директорот на Државниот студентски центар – Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови, обвини Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом ‘Гоце Делчев’ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго. Две години пристапите кон студенткиот дом ‘Гоце Делчев’ се калливи и полни со ѓубре, студентите не знаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла. Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом ‘Кузман Јосифовски-Питу’ топлата вода за туширање се исклучува по 20 часот, што е период во кој студентите се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата. Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки“, рече тој.
Тој ја прашува власта до каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читалници, ресторани и фитнес-центри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.
„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.
Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.
„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.
Соопштенија
Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, вели Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел.
„Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.
Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.
Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.
Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд“.
Соопштенија
Шукова: Радишани заслужува чист, безбеден и жив пазар

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денес оствари средби со продавачи и купувачи на пазарот во Радишани. Во отворен разговор, жителите посочија конкретни потреби: почист и поорганизиран пазар, подобро осветлување, повеќе корпи за отпад, регулиран паркинг и редовна контрола на хигиената.
„Енергијата и идеите на луѓето од Радишани се јасен сигнал што треба да се направи веднаш. Како градоначалничка ќе воспоставам јасен распоред за чистење и миење на пазарниот простор, ќе го подобриме осветлувањето и пешачките приоди, ќе воведеме означени паркинг-зони за ред и безбедност, а малите продавачи ќе добијат фер услови и промотивни викенд-настани,“ изјави Шукова.
Таа додаде дека пазарот е важен економски и социјален центар на маалото: „Радишани заслужува пазар каде локалната економија расте, а соседството се поврзува. Тоа е духот на нашата визија — „Се бориме за нашиот дом“ почнува од ваквите места.“