Контакт

Соопштенија

Владиниот врв по средбата со Меркел: Во ЕУ нема дилеми дека земјава е подготвена за старт на преговорите

Објавено пред

Kако дел од пошироката јавна презентација на работата на Владата во изминативе две години, вицепремиерите, Бујар Османи и Радмила Шекеринска, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва беа дел од емисијата „Патот кон“, на Алсат-М телевизија, информираат од владината прес-служба.

Вицепремиерот за европски прашања Османи во рамки на емисијата изјави дека денес во Берлин добиле цврсто уверување од канцеларката Меркел дека германскиот Бундестаг ќе го разгледа извештајот на Европската Комисија на сесијата во септември и ќе ѝ обезбеди зелено светло на Владата да ја поддржи препораката за старт на преговорите со Република Северна Македонија.

„Канцеларката Меркел го потврди ставот кој веќе претходно го пренесоа и Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, но и Високата претставничка на ЕУ, Могерини, Еврокомесарот за проширување Хан, известувачот Вајгел итн. Сите го потврдуваат ставот дека Република Северна Македонија претставува светла точка на Балканот, пример за тоа како се градат односите со соседите, пример за тоа како се затвораат и внатрешните прашања, како се негуваат стабилни меѓуетнички односи, но и пример за тоа како се испорачува реформски напредок. Според тоа, ставот кој сите го повторуваат е дека земјава ги испорача обврските и поради тоа ќе ги започне преговорите со ЕУ годинава“, истакна Османи.

Во слична насока говореше и министерот Димитров, посочувајќи на кредибилноста на ЕУ во своите најави.

„Не постои земја, државник, министер за надворешни работи кој не го поздравува Договорот од Преспа, но и очигледниот напредок на земјава на сите полиња и со оглед на содржината на Извештајот на Европската Комисија, Европската Унија и практично се наоѓа во ситуација да си го одржи својот збор за старт на преговорите со Република Северна Македонија“, посочи Димитров.

Вицепремиерката Шекеринска потенцираше дека земјава не направила ниту една грешка и не оставила ниту еден аргумент на скептиците.

„Треба да се гордееме што за отворањето преговори со РСМ има консензус, ниту еден европски политичар не најде оправдување за одлагање на преговорите со РСМ. Тоа е првата порака од Меркел и германските пратеници кои ни беа во посета“, нагласи Шекеринска, посочувајќи дека слична скептична атмосфера имало и пред добивањето на поканата за НАТО, а сега, како што рече, веќе има брз процес на ратификација – завршен во 17 земји членки за само 5 месеци.

Соопштенија

Шекеринска: Наместо на споменици, ние покажавме дека парите можат да се инвестираат во патишта, градинки, училишта

Објавено пред

Додека ВМРО-ДПМНЕ велеше дека сите пари мора да одат на споменици и статуи, ние покажавме дека парите можат подобро да се инвестираат, во патишта, градинки, училишта, рече вечерва заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во Свети Николе.

„За само 2.5 години изградивме и обновивме над 500 километри патишта, изградивме или реконструиравме над 43 нови градинки. Затоа што ние сме фокусирани на вистинските приоритетите. Над 300 милиони евра се влезени од државата во земјоделието, кои не треба да ги гледаме како трошок, туку како шанса граѓаните да добијат повеќе, да инвестираат и да добијат поквалитетно и подобро производство. Тоа е прав пат“, истакна Шекеринска.

Таа кажа дека цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ била против парите да завршуваат назад кај граѓаните.

„И денес во Собранието тие се под истата деструктивна матрица, тие не гласаат за законите за покачувањето на минималната палата“, рече заменик-претседателката на СДСМ.

Зборувајќи во салата на Домот на културата Шекеринска рече дека за само 2.5 години СДСМ ја покачи минимлната плата за 5.500 денари, а просечната плата за над 2.000 денари.

„За само 2.5 години ние ја покачувме минималната плата за 5.500 денари. За една година, тоа се повеќе од 60 илјади денари за еден работник само поради тоа што се покачила минималната плата. Просечната плата ја зголемивме за 2 илјади денари, тоа се дополнително 24 илјади повеќе кај граѓаните. Е тие закони ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги блокира. Не дозволуваа 11 години да се обезбеди пораст на платите, сега повторно се трудат да блокираат. 11 години велеа дека стечајците не може да се решат еве ние ги решивме, успеавме за само 1.5 година. Не може една партија да го бара вашиот глас ако се бори против најзагрозените граѓани, ако е против покачување на платите и против стечајците“, рече Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијансата за Албанците: Општина Тетово со вандализам постапи против невладините организации

Објавено пред

Длабоко сме огорчени од однесувањето на надлежните од Општина Тетово, кои ги вандализираа постерите и сликите од една активност со која се протестираше преку уметноста и фотографијата, со наслов „Валканото во центар“, поставена од граѓаните на разни локации во Тетово, велат од политичката партија Алијансата за Албанците.

Од таму појаснуваат дека на изложбата биле опфатени и неисполнетите ветувања на Општината, а таа била организирана од, како што велат, најактивните невладини организации во Тетово – Центарот „Љоја“, „Екогерила“ и „Регионални трансформатори“.

„Остро го осудуваме овој непристоен, но и брутален гест од страна на општинските власти, кои со службено возило од тетовската општина ги отстранија сите фотографии, слично како во диктаторските режими“, се нагласува во партиската реакција.

Од Алијансата за Албанците ја повикуваат тетовската градоначалничка Теута Арифи, за која велат дека денеска се однесувала како диктатор, да се осигури ваквите случаи да не се повторуваат во иднина, како и јавно да им се извини на организаторите за непристојниот гест.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Власта ја запостави енергетиката

Објавено пред

Мандатот на СДСМ и Зоран Заев помина, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нереализирани. Ништо од тоа што го ветија не исполнија.Енергетскиот сектор во државата наместо да се унапреди, се уназадува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев вети дека ќе го пренамени ТЕЦ Неготино и од него ќе направи енергетско земјоделски комбинат. Тоа не се случи.

„Власта во заминување вети изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. На крај на мандат се, а не преземале ни административни чекори за отпочнување на проектот.СДСМ ветуваше примена на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. Ништо конкретно не преземаа за ова три години.

Гасификацијата која ја најавуваа во секој предизборен митинг, собир и спот не е мрдната од мртва точка.Македонија требаше да се поврзе со националните гасоводи на Грција и Бугарија како дел од Трансадриатик цевководот, но Зоран Заев и тоа го излажа и ништо не направи.Не е ниту на повидок фотоволтаичната електрана крај ТЕЦ Осломеј, која требаше да почне со работа 2020 година.

Енергетиката е запоставена. Цел мандат СДСМ потроши без да направи еден проект. Но наместо инвестиции во енергетиката имаше испумпување пари од енергетските објекти на сметка на фирми блиски до владејачкото семејство.И додека прашање на ден е кога следен пат ќе изгасне некој од блоковите на ТЕЦ Битола и ќе треба да увезуваме струја, Заев си кажува вицови за тепсии.На 12-ти април доаѓа крајот на оваа неспособна власт. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет2 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион2 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија13 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет13 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија19 часа

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија19 часа

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија20 часа

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија20 часа

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија20 часа

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија21 час

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија23 часа

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Свет23 часа

(Видео) Хаос во Хонгконг: запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде што полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалацијата на насилството...

Македонија24 часа

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од...

Економија24 часа

Истражување: Министерството за здравство потрошило 39 милиони евра за јавни набавки

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 отсто (од максимално можни 100 отсто) од критериумите за транспарентност, отчетност и...

Македонија1 ден

Одложено судењето за „Монструм“ поради смртен случај на поротничка

Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за случајот „Монструм“ поради отсуство на поротничка што имала смртен случај. Судијата Огнен...

Европа1 ден

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница кога полицијата го фатила како под дејство на алкохол се...

Свет1 ден

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес....

Свет1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот,...

Македонија1 ден

Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум,...

Досие