Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ беа фатени на дело во нивната епидемија на непотизам

Објавено пред

СДСМ беа фатени на дело во нивната епидемија на непотизам. Институциите мораат да реагираат соодветно за случаите во кои најблиските функционери на власт беа вработувани во државни институции за плати далеку над просечната, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ова не смее да заврши само со прекршочни мерки, туку со одговорност на функционерите.

,,СДСМ не може да продава лажен морал и да се однесува како крадец фатен во кражба кој ако ги врати парите ќе бара да му биде простено”, додава партијата.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да испитаат дали Катица Јанева го фалсификувала боледувањето

Објавено пред

Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, Катица Јанева, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму случајот со Специјалната обвинителка го поистоветуваат со поговорката „Кој лаже, тој и краде“, а како што велат, Јанева и лаже и краде исто како нејзиниот ментор Зоран Заев.

„На Јанева не може да и се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето. Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна“, велат од опозициската партија од каде јавно прашуваат зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева и дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Мицкоски да каже дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“

Објавено пред

СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и Уставот, а најмногу пред граѓаните, рече пратеникот од владејачката партија, Костадин Костадинов.

Тој посочи дека прв кој го пријавил случајот „Рекет“ бил токму премиерот Зоран Заев, што, според него, покажува дека правната дежава функционира.

„Од страна на СДСМ беа поставени две прашања во однос на овој случај и сметаме дека може драстично да ја променат ситуацијата – дали Мицкоски имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор и дали посегнал по парите на еден од осомничените“, запраша Костадинов.

Во име на неговата партија рече дека очекуваат институциите детално да го разгледаат случајот, во интерес на правната држава и интересот на сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Министерот за животна средина домаќин на иранскиот и италијанскиот амбасадор во земјава

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, оствари одвоени работни средби со амбасадорите на Иран, Хосеин Карими и на Италија, Карло Ромеро.

Како што информираат од неговиот кабинет, министерот Нуредини на средбата со иранскиот амбасадор изразил подготвеност за изнаоѓање заеднички приоритетни теми за соработка во балансот помеѓу одржлив развој и економски бенефит.

На средбата со италијанскиот амбасадор Ромеро, Нуредини изразил почит и благодарност за поддршката што Италија ја дава во евроинтегративните процеси на нашата држава, како и спремност за соработка за долгорочни решенија во исполнување на ЕУ критериумите во областа на животната средина.

На средбата исто така била актуелизирана темата за потпишување на нацрт-меморандум за соработка во областа на ранливост на климатските промени, процена на ризик, адаптација и ублажување меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за животна средина, земја и море на Република Италија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

На новинарите им е забрането да ја следат постапката за инспекторот Илиевски

Валерија Анастасова, претседателката на дисциплинската комисија, која треба да расправа за постапката со инспекторот Ѓорѓи Илиевсли, пред почетокот на седницата...

Македонија2 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет2 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зошто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт3 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија13 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет14 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет16 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ18 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион20 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија21 час

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија24 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Досие