Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Судот пак штанца пресуди за политички монтирани случаи

Објавено пред

Македонија е заробена држава. Единствена во демократска Европа која во 21 век сè уште во своите затвори има политички затвореници. Обвинителството се претвори во партиско преставништво на СДСМ, која служи за монтирање обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ. Судот, пак, штанца пресуди за политички монтирани случаи, по директиви од Заев со цел тој да се пресмета со оние кои се гласни во борбата против неговите антидржавни политики, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, до обвинителството не допира гласот на јавноста за обидот за грабеж на 45 милиони евра државни пари преку разни криминални тендери и грантови кои служеа за исплата на партиските послушници на СДСМ, но затоа допира гласот на Зоран Заев и нарачката за прогон на неговите неистомисленици.

,,До ОЈО не допре ниту случајот со злоупотребата на службена должност кога министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, додели грант од половина милион денари во невладина организација каде членува и таа самата. Распродажбата на државните и националните интереси нема да ги спаси државни функционери на СДСМ кои  згрешиле да одговараат според членот 353 од Кривичниот законик за злоупотребата на службена должност заради сите криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч. Промената на името, идентитетот, јазикот и откажувањето од Македонците во соседството нема да го реши проблемот со клептоманството на функционерите на СДСМ. Откажувањето од сè што е македонско нема да ја промени очајната состојба во правосудството, кое наместо да ги гони криминалот на власта на СДСМ, служи за негова амнестија”, смета опозициската партија.

Политичките затвореници и политички монтирани судски процеси не се одлика на една демократска држава, аспирант за членство во ЕУ и НАТО. Ниту, пак, криминални тендери и грантови се дел од западните цивилизациски вредности. Свитканиот ‘рбет на Зоран Заев не е одлика на лидер на земја членка на ЕУ или НАТО. Но ако ‘рбетот на Заев е флексибилен и лесно се витка, граѓаните чекорат гордо и исправено, со високо крената глава кон конечен пораз на политиките на Заев и Победа на Македонија, се додава во соопштението.

Македонија

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Објавено пред

Политичката партија Левица реагира на поскапувањето на струјата, оценувајќи ја одлуката како ненародна. Eден од предлозите на Левица е укинување на Регулаторната комисија за енергетика и инкорпорирање на нејзините ингеренции во Министерството за економија.

Левица предлага и промена на начинот на функционирање на ЕСМ во однос на продажбата на вишоците, односно ЕСМ да го заштеди водниот потенцијал со целогодишен увоз на одредена количина на електрична енергија по економско прифатлива цена, додека во месеците кога енергијата е скапа да продава од заштедените акумулации, како и мораториум за вработување во овие енергетски компании.

Политичката партија обвини дека еден од главните виновници за поскапувањето на струјата се енергетските политики на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Изговорот на социјал-демократите дека плаќаме најниска цена за електрична енергија е дрско манипулирање кога над 400.000 жители живеат на работ на сиромаштија и сведочиме масовно иселување поради социјалната беда, корумпираноста и невработеноста! Потенцираме, генезата на сегашното поскапувањето на електричната енергија има своја историја и никако не е само поради причините кои ги наведе РКЕ, кои би предизвикале поскапување за нешто повеќе од 1.5%, а не повеќе од 7%“, велат од Левица.

Партијата ги повикува одговорните да го испитаат работењето на кадровските решенија на Анѓушев, со акцент на одговорниот на Операторот на електропреносниот систем при АД МЕПСО и неговото, како што велат, катастрофално менаџирање со водните ресурси во акумулациите – како и одговорните во ЕСМ задолжени за тендерите за ископ на руда, превоз и ремонти во компанијата.

Левица предлага и итна замена на овие кадри со лица со интегритет и стручност, како и нивна одговорност за штетата која ја предизвикале.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема план како ќе се одвива наставата во новата учебна година

Објавено пред

Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата вели дека нудат конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата.

„Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година. Жалиме што немаше конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради која најголема штета им се прави на учениците“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука додаваат дека како и за многу други аспектим власта на Заев потфрлила и во овој аспект и покажала целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Заев со честитка за Курбан бајрам: Празникот нека нѐ води кон подобра и посветла заедничка иднина

Објавено пред

По повод празникот Курбан бајрам, Зоран Заев во свое лично име и во име на СДСМ упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

„Почитувани граѓани, на сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан бајрам, со срдечни желби денот да го минат во добро расположение со своите најблиски и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Овој празник е празник преку кој се шири добрината и е потсетник дека токму солидарноста, еднаквоста, меѓусебното помаѓање и почитување се вредностите околу кои сите треба да бидеме обединети.

Само на овој начин, ако вистински се почитуваме и помагаме, ако бидеме солидарни едни кон други, ќе успееме да изградиме еднакво и праведно општество на почитувани и задоволни индивидуи.

Нека вредностите и духовноста што овој празник ги носи со себе нè водат на патот на подобра и посветла иднина за сите“, стои меѓудругото во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето. Спасувачите...

Македонија46 минути

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и Влада која движи брзо напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет1 час

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите коишто ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, додека над...

Македонија1 час

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет2 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониум нитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна...

Македонија12 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет14 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија17 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ18 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија19 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија20 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија20 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија20 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија21 час

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија21 час

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет23 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион23 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ24 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Досие