Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Вештаци потврдија дека случајот „27 април“ е граден врз основа на лажен исказ

Стручни вештаци потврдија дека случајот „27 април“ е граден врз основа на лажен исказ. Овој случај од СДСМ и Зоран Заев е брутално злоупотребен за индивидуална и политичка атака врз ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Полека но сигурно излегуваат на површина монструозното злосторство и судските нарачки на Зоран Заев за овој случај. Луѓе лежат во затвор поради исказ на сведок кој, според стручните вештаци, дал лажен исказ. Од друга страна, Заев ги награди оние што ја водеа оваа хајка. Денес, Вилма Русковска е главен обвинител, која останува слепа за многубројни криминални скандали, а судијката Добрила Кацарска е нов уставен судија. Ако се има предвид дека досега е познато оти Заев лично како премиер праќал пораки до својот советник и белосветски мешетар Басановиќ, кому му ја исполнува желбата на обвинетата во Меѓународниот сојуз, Мандиќ, да не ѝ биде доделен притвор, притоа директно влијаејќи на обвинителите и судиите од предметот, ако се има предвид дека Заев јавно на аудиоснимките се фалеше дека носел трас-трас одлуки селективно да паднат случаи од Обвинителството, па потоа му се случи рекетот, каде што е вмешан целиот државен врв и каде што главниот осуден посочи дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, може само да се замисли каква монструозност стои зад конструкциите поврзани со случајот ’27 април’“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев е директно одговорен што по 4 години правдата останува недостижна за обичниот граѓанин.
„По 4 години, тој се откажа од проверката (ветингот) затоа што истите сваровски и трас-трас судии станаа најверните слуги на Заев. Заев е извор на проблемите и тој мора да си оди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Заев

Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување на законот и целосен консензус, порача ВМРО-ДПМНЕ.
„ Законот за попис власта го донесе на насилен и криминален начин со злоупотреба на европското знаме. Стандардите за спроведување на овој попис кој што Собранието го донесе имаат застарена методологија и не се усогласени со стандардите на ООН и стандардите на Евростат.
Зоран Заев сака да спроведе попис со кои што однапред се договорени резултатите од овој процес. ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивстави на ваквиот закон за попис, бидејќи овој процес нема да биде статистичка операција туку политичка операција и резултатот од овој попис се веќе договорени проценти од партиите на власта. За тоа говори и членот во законот каде што се предвидува двоен потпис за верификација или признавање на пописот, по неговото спроведување.
Од страна на СДСМ и Зоран Заев не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак беше прифатен предлогот за време на пописот да се користат терминали за отисоци на прст. На граѓаните на Република Македонија не им треба политички попис, туку операција со вистински статистички бројки кои во иднина ќе ги отсликуваат економските, социјалните стратегии за развој на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис на населението и домаќинствата кои што ќе има вистинска рефлексија на демографските состојби во Македонија. Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски, барем еднаш да испадне од сенката на Зоран Заев и овој штетен закон за попис да не го потпише. Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и институционални механизми за да се спречи одржување на овој политички процес, наречен попис“ се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата

Владата предводена од СДСМ води континуирана грижа за припадниците на Армијата како полноправна членка на НАТО. За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата и тоа како за платите така и за надоместоците. Заедно со 8.000 денари за станбено обезбедување, примањата кај војниците и подофицерите се зголемени за 50%, соопшти СДСМ.
„ Платите за сите цивилни лица на служба во Армијата пораснаа за најмалку 26%, а кај воениот персонал имаме зголемување на платите за 16%. И не застануваме тука. Секоја година ќе ги зголемуваме овие износи. Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте.
Дневниот износ на надоместокот за припадниците на Армијата при вршење на стражарска служба, дежурства, служба на посебни воени објекти, извршување на задачи во кризна состојба, гранично обезбедување и трупни патувања од први јануари годинава е зголемен за 15 проценти од 610 на 700 денари, а во неработните денови и празничните денови овој износ се зголемува за 20, односно, 30%.
Овој надомест се исплаќа, пред се на професионалните војници и подофицери, а во помал број и на офицери, според услови пропишани во правилник за активности кои траат повеќе од 24 часа, најчесто континуирано и повеќе денови, а начинот на извршување бара зголемен психички и физички напор.
Во 2017 година затекнавме состојба во која пропишаниот надоместок воопшто не се исплаќаше, туку во претходните десетина години имало подолги периоди во кои надоместокот бил компензиран само со слободни денови. Тоа доведувало до голема отсутност и нарушување на континуитетот во функционирањето на Армијата.
Редовната исплата и зголемувањето на надоместокот е уште едно исполнето ветување за вистинска валоризација на напорите и трудот на припадниците на Армијата“ се наведува во партиското соопштение.
Соопштенија
СДСМ: Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операција

Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операцијА, велат од СДСМ.
„По речиси две децении во државата се создадени сите нормативни услови за спроведување на попис, по сите меѓународни стандарди и по прописите на Евростат, откако мнозинството во собранието предводено од СДСМ, го изгласа законот за попис. Со пописот што ќе се одржи на пролет, со оваа најобемна статистичка операција ќе се соберат релевантни, точни податоци за географски, демографски, економски, образовни, миграциски, културолошки карактеристики како и информации за инвалидитет, односно функционална попреченост на населението“, велат од партијата.
Овие податоци, велат од СДСМ, се од непроценливо значење за креирање на многу економски политики, рамномерен регионален развој, соодветни политики во образованието, здравствената заштита, културата, односно за креирање на издржани политики и стратегии за сестран развој на државата.
„Опструкција на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е начин да се помогне на државата, туку се одмага, како што е случај за многу работи во последните години. Губитникот Христијан Мицкоски со повикот за бојкот на пописот ги поттикнува граѓаните на кршење на законите, а токму последниот обид за попишување на населението во 2011 година пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се поразени, им пропаднаа обидите државата да остане без важна статистичка операција, оваа пролет ќе има попис“, се наведува во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот