Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата размислува само за тоа како да ги заштити криминалот и корупцијата во кои е впуштена

Објавено пред

Единствено нешто на што е посветена Владата е криминално прелевање на државните пари во џебовите на министрите, преку компаниите и организациите на нивните соработници, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на владиното соопштение за спроведувањето на препораките од ГРЕКО (Групата на земји против корупцијата).

Од опозициската партија наведуваат дека анализата со која се фали власта е насочена само кон начините како да го заштити криминалот и корупцијата за која, како што велат, сведочи домашната и меѓународна јавност.

„Видливи и за македонските граѓани и за ГРЕКО се само криминалните милионски тендери и бесрамното црпење на буџетските фондови додека судството е ставено во стега за врвот на овој криминален клан да се спасат од правдата. Лажната декларативната заложба за борбата против корупцијата е препознаена и од ГРЕКО и од граѓаните. Концептот на лажната отвореност, отчетност и транспарентност завршува со секој нов криминален скандал на оваа власт“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека одговорност за криминалот и корупцијата во врвот на власта мора да има и ќе има тогаш кога Република Македонија и правосудството ќе се ослободат, како што се вели, од канџите на аболицирани и помилувани криминалци на власт.

Соопштенија

СДСМ: Нема задолжување на денешната аукција

Објавено пред

Од

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува лажно и неосновано да обвинува. Со денешната аукција нема нето-задолжување. Средствата во висина од 6,6 милиони денари, обезбедени од денешната аукција, ќе бидат искористени за враќање претходно достасани за отплата државни хартии од вредност во идентичен износ од 6,6 милиони евра, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, не може да се помири со економските успеси на Владата предводена од СДСМ. Преку одговорното управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ и Министерството за финансии успеаја да го стават јавниот долг под контрола, редовно да ги сервисираат долговите, да ја намалат фреквенцијата на задолжувања, а задолжувањата да се одвиваат по историски најниски каматни стапка“, велат од партијата на тврдењата од ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за финансии и СДСМ денеска на јавна аукција на државни записи ги задолжиле граѓаните со нови 6,6 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Податоците јасно укажуваат на добри трендови во земјоделството

Објавено пред

Од

Денеска, скриениот Мицкоски во однапред снимено видео, без можност од дополнителни новинарски прашања, очајно се обиде преку искривени ставови да ги прикрие позитивните трендови во земјоделството што ги чувствуваат сите земјоделци. Податоците јасно укажуваат на добри трендови во земјоделството, особено кај помалите производители. Тоа скриениот Мицкоски не може да го одрече, реагира СДСМ на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Продажбата кај индивидуалните земјоделци порасна од 1.227.320 денари во 2017 година на 1.399.665 денари во 2018 година. Македонското сточарство расте. Продажбата на говедско месо во вториот квартал порасна од 186 на 441 тон, односно зголемена е речиси тројно. Продажбата на млеко порасна од 439 илјади на 477 илјади литри. Истовремено, оваа година постигната е рекордна цена на тутунот, чија просечна цена за реколтата 2017 година изнесуваше 217,6 денари за килограм, а беа зголемени и субвенциите за килограм предаден тутун“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мицкоски: Земјоделците се оставени сами на себе

Објавено пред

Од

Христијан Мицкоски, Кривичен законик

Ветуваа живот, добивме сиромаштија, сега ветуваат иднина, а добиваме хаос и афери, криминали и упропастена економија. Нема ден да нема нова афера, а покрај капитулантскиот договор, се нижат неуспесите на Владата во сите други полиња. Земјоделството е во надолна линија. Земјоделците се на работ на егзистенцијата, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Јас, за разлика од Владата, ќе зборувам преку бројки кои се чисти факти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година откупот и продажбата на земјоделските производи се намалени 4,4 отсто во однос на истиот период претходната година. Ова значи дека земјоделците бележат загуби и не може да си го продадат своето сопствено производство. Цените на тековно потрошени средства во земјоделството во јули се пораснати 9,6 отсто, што значи дека заработката е сè помала за земјоделците. Раст на трошоците од 8,0 отсто се бележи и во јуни. Откупот и продажбата опаѓаат, а трошоците растат“, рече тој.

Мицкоски рече дека годинава бил катастрофален откупот за зелката, краставицата, пиперката, пченицата. Обесштетувањето од мразовите и зимското невреме, додаде тој, е само 10 отсто, а штетите се огромни.

„Состојбата со производителите на сливи е очајна, 20 илјади тони стојат неискористени, а Владата нема слух за нивните проблеми. Паралелно на тоа, ја нема ниту зелената нафтата, која ја ветуваа, ниту е намалено ДДВ за сточната храна, а се забележува и намалување, кратење на субвенциите во неколку земјоделски гранки. Овие податоци се сериозен пораз за Владата. Земјоделците се фрлени на колена и оставени сами на себе и тоа мора да се смени. Се работи за непочит на трудот на илјадници семејства што се прехрануваат од земјоделството, се работи за незнаење, неспособност и немање план“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Армија, САд, американска армија Армија, САд, американска армија
Македонија8 часа

Американската армија во Европа се извини дека нè нарече Северна Македонија

Американската армија во Европа се извини затоа што нè именува како Северна Македонија. На јутјуб-каналот на Армијата вчера беше објавено...

Македонија10 часа

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Судењата за некои од активистите што протестираа во шарената револуција – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да...

Економија13 часа

Вработените во Комисијата за инспекциски надзор се без плата веќе петти месец

Вработените во стручната служба на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка...

Топ15 часа

Изгоре штала во Бутел, пожарот се ширел кон куќите

Штала на улицата Мрежичка во општината Бутел била опожарена синоќа по полноќ. Полицијата соопшти дека пожарот зафатил нива и почнал...

Топ15 часа

Овчар почина од удар на гром во Струшко

Маж од Дебар на 35-годишна возраст бил пронајден мртов на местото викано Славило, над селото Локов, Струшко. Случајот бил пријавен...

Свет15 часа

Трамп: Турција прави ужасна грешка, нема да има отстапки

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во изјава за „Ројтерс“ рекол дека нема да прави отстапки кон Турција за да биде ослободен...

Европа16 часа

Конте: Се подготвуваат казни поради уривањето на мостот во Џенова

Италијанската влада работи на подготовката на казни кои би можеле да се применат против групацијата „Атлантија“, поради трагичното уривање на...

Свет16 часа

Пукање во метро-станица во Лондон, полицијата смирува дека не се работи за тероризам

Во пукање во лондонската метро-станица Кингсбури повредени се три лица, соопшти локалната полиција и додаде дека пукањето не било поврзано...

Македонија16 часа

Муслиманите го слават Курбан бајрам

Муслиманските верници во Македонија и во светот денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. Овој ден, како што уште...

Европа1 ден

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија1 ден

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија1 ден

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија1 ден

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион2 дена

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија2 дена

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија2 дена

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија2 дена

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија2 дена

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион2 дена

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет2 дена

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Досие