Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со специјалци тепа луѓе на карневал, кои го исмеваат неговото лошо владеење

Објавено пред

Власта на Заев со специјалци тепа граѓани на карневал, кои преку маски и хумор го исмеваат лошото владеење на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ по интервенцијата на полицијата на карневалот во Вевчани.

„Прагот на толеранција кон секоја критика на СДСМ и Заев е нула. Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим. Под наредба на Заев, денес брутално и насилно стотина специјалци ги тепаа, апсеа и ги малтретираа граѓаните што учествуваа на вековниот Вевчански карневал, меѓу кои имаше деца и стари лица“, велат од партијата.

Тоа што не успеале разни поробувачи во окупации и во комунизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, му успеа на Зоран Заев – да го прекине канревалот со ќотек и апсења.

„Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип функционерите на СДСМ и нивните пајташи славеа на јавен простор и во кафаните, ама затоа се брутални со вевчанци. За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и ним не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање, се фаќа за пендракот и удира. Македонците нема повеќе да го трпат насилието на Заев. За сè следува казна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот

Објавено пред

Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот, велат од СДСМ.

„Состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот во државата се стабилизира, бројот на новорегистрирани случаи и на починати е намален, расте бројот на оздравени. Бројот на хоспитализирани пациенти во државата е намален двојно, со што значително се намалува притисокот врз здравствениот систем и медицинскиот персонал. Стабилизирањето на состојбата е благодарение на почитувањето на мерките од страна на мнозинството граѓани и засилените инспекциски контроли. Ова се позитивни трендови, но сепак не смееме да се опуштиме“, веат од СДСМ.

Напротив, додаваат од таму, сите треба, како и досега, да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.

„Следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот. Многу бргу ги очекуваме првите 8.000 вакцини од компанијата ‘Фајзер’, кои се обезбедени со помош на соседна Србија. Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините, така што набргу може да почне имунизацијата. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението за конечна победа над пандемијата. Преку повеќе механизми државата обезбедува вакцинација за 1,2 милион жители на Северна Македонија, односно за 60-70 отсто од вкупното население. Сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој од нас. Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје за да ставиме конечен крај на пандемијата и што побргу да се вратиме на нормалното функционирање“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, наместо врз Бугарија, прави притисок врз историската комисија

Објавено пред

Заев, наместо врз Бугарија, прави притисок врз историската комисија. Смената на членовите е со намена за притисок за прифаќање ново предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нетранспарентното менување на членот на историската комисија со Бугарија од страна на Заев е обид за замолкнување на вистината. Заев го замолкнува секој обид за спротивставување кон неговите политики и ги деградира сечие мислење и критика насочено кон обелоденување на историските факти. Со отстранување на членот на комисијата, Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде што има свои послушници. Наместо да се штитат професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија за да си ги задоволи своите сметки и бизниси“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата, кој, како што велат од партијата, беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон другите членови за казната што би ја добиле.

„Целта е јасна – да се потпишат и да се согласат сите членови на сè што ќе каже деспотот Заев за да може да се пазари со идентитетот. Повеќе од три месеци Владата молчи за анексот и за неговата содржина, која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини. Факт е дека историскиот ревизионизам на власта се спроведува по секоја цена не избирајќи средства и начини. Секое премолчување и скривање на вистината, како непојавувањето на Димитров во македонското Собрание, Заевата рамнодушност и неартикулисаност кон идентитетските прашања и тајните договори со Софија, ќе бидат повторно погубни за националните интереси затоа што очигледно дека пазарот со историјата, политичките калкулации и притисоци се поважни за бизнисот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше против НАТО

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека е против државните интереси и се обидува да ги дискредитира институциите и да го наруши угледот на државата и на армијата, реагира СДСМ на обвинувањата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од  министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, срамот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.

„ВМРО-ДПМНЕ кое правеше сè за државата да не стане членка на НАТО, а кога тоа се случи не собра сили ни да честитаат и да се израдуваат на исполнувањето на тридецениската стратешка цел на Република Северна Македонија. Токму Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ беа на власт“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ велат дека ДПМНЕ ја држеше земјата 11 години во изолација, ги држеше војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови.

„Војниците сега од глава до петици се облечени во ново. За три години три пати се зголемени примањата во армијата. Примањата на војниците и подофицерите, заедно со додатокот за станбено обезбедување се зголемени за 50%, а на сите цивилни лица платите им пораснаа за најмалку 26%. Срамно е темата за НАТО да ја злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја“, пишува СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

(Видео) Избувна пожар во индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини

Пожар избувна во производствен капацитет што му припаѓа на најголемиот светски производител на вакцини, Институтот за серуми во Индија (СИИ),...

Македонија16 минути

Фетаи за „Монструм”: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи која го застапува случајот „Монструм”, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија1 час

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија2 часа

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија2 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа3 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет4 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија5 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет15 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет17 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет18 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија19 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт20 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија20 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија20 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет21 час

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија21 час

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија22 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет1 ден

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет1 ден

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Досие