Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема стратегија за справување со коронавирусот

Објавено пред

Бројката на новозаболени со Ковид- 19 енормно се зголемува од ден на ден, а власта нема никаква стратегија, реагира ВМРО-ДПМНЕ по пресот на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Министерот за здравство, Венко Филипче ја споделува лудоста на Зоран Заев. Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена од корона вирусот. Додека луѓе умираат секојдневно од Ковид-19, Филипче и Заев ни велат не умираат. Според нив вирусот слабее. Заразата се шири со енормна брзина, на ден има по троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата.

Ако Филипче и Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, дека се е супер зошто тогаш го држат народот затворен три дена.
Дека требаше масовно тестирање, скриниг пред се на ризичните групи меѓу кои се и здравствените работници покажува и бројката на новозаразени здравствени лица. Од ден на ден има се повеќе заболени со што се десеткува здравствениот кадар, со кој и онака кубуриме поради лагите на Филипче и Заев. Хоророт со корона вирусот во Македонија продолжува, а во другите, меѓу кои и соседните земји скоро нема ни заболени.
Лудоста на Филипче и Заев мора да запре“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги десеткуваме казните за сообраќајни прекршоци

Објавено пред

Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. Граѓаните очекуваат правда и правичност. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за спроведување систем за превенција, па казнување. Во таа насока ќе следуваат нови модели во работењето на Трудовата и Пазарната инспекција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Казната ќе следува само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако таа и натаму се повторува од страна на правното лице. Се обврзуваме на десеткување на казните за сообраќајни прекршоци. Граѓаните мора да се растоварат од големите и драконски казни. На пример, доколку некоја глоба сега изнесува 300 евра, таа ќе се сведе на 30 евра.

Системот на мали, но ефективни казни, ќе придонесе кон намалување на корупцијата, ослободување на институциите од прекумерни предмети, кои чинат пари и време, и ќе помогне во јакнењето на свеста на граѓаните за почитувањето на правниот систем.

По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето на грбот. Исправи се, Македонијо! Избери обнова!“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Анестезиолози заминуваат од државното здравство заради егзистенција, а Шекеринска ужива во луксузот на Боки 13

Објавено пред

Шекеринска знаела за криминалот и рекетирањето. Шекеринска уживала во Луј Витон луксузот на Боки 13. Шекеринска молчела за потеклото на парите на Боки 13, иако била свесна дека невработено лице со блокирана сметка не може да има такви приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека милиони евра завршуваат во Луј Витон торби, пари за анестезиолози и доктори ќе нема, а здравствениот систем ќе колабира. Ситуација во која се најде Македонија како последица од корона вирус очигледно не ги интересира челниците на СДСМ.

Црната бројка на заразени во Македонија надмина 7000 граѓани, а Министерот Венко Филипче си тера политичка кампања и си снима пропагандни спотови за партијата. Бројот на починати наши сограѓани е речиси 350, и таа секој ден се зголемува. Неодговорноста на власта доведе до ваков колапс на здравството.

Здравствениот систем се распаѓа. Наместо да се трудат да набават лекови го видовме директорот на Фондот за здравство Ден Дончев собира снопчиња со пари во кожна чанта. Медицинските работници молат за медицинска опрема, болниците е распаѓаат.

Водството на СДСМ ги интересира се друго освен интересот на народот. Видовме како се носат Луј Витон куфери полни со милиони евра рекетирани пари, за кои осудениот во случајот рекет Боки 13 посочи дека завршиле кај Вице и Зоран Заев. Видовме снимка како Боки 13 е во друштво со веќе осудената за случајот рекет Катица Јанева и Радмила Шекеринска, заменик претседателот на СДСМ.

Слушнавме како се рекетирале и странски бизнисмени за 300.000 евра од самиот врв на Владата предводена од СДСМ. Слушнавме како Вице Заев давал зелено светло за палење на автомобили на политичките неистомисленици, како се местеле тендери за блиски до власта. Има се повеќе докази дека врвот на СДСМ е една голема криминална банда која ја уништи Македонија.

Видовме се само не видовме како владата предводена од СДСМ реализира проекти во корист на граѓаните. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска заедно со Катица Јанева уживале во луксузот на Боки 13

Објавено пред

Шекеринска и Заев се соучесници во криминално-рекетарските шеми. Тие знаеле и молчеле за милиони евра изнудени од бизнисмени во овие три години. Шекеринска уживала во луксузот на Боки 13, а знаела дека истиот нема толкави легални приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерно Шекеринска, политичкиот лик кој од транзицијата до ден денес егзистира во и од политиката, да говори за иднината на младите и за развој на економијата. Шекеринска е антипод на секоја политика на младите. Денес таа требаше да даде одговор што можеше, а не направи за младите во Македонија.

Целата јавност ја виде Шекеринска како седи на состаноци со Катица Јанева и Бојан Јовановски, место да работи во интерес на државата и младите. Поради погрешните политики и однесувањето на Шекеринска и таквите како неа во СДСМ, 80% од младите во земјава сакаат да заминат во странство. Поради неа 140 илјади млади живеат во сиромаштија, а во меѓувреме милиони евра се разнесуваат рекетирани пари низ државата. Шекеринска и Заев се прочитана книга. Младите, како и сите во Македонија својата поддршка ќе ја дадат на Обновата, затоа што во неа гледаат напредок и подобар стандард. Бидејќи Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Секој десетти заболен од ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции со ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни, биле меѓу здравствени или...

Регион3 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија3 часа

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Клиниката за пулмологија

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на Ковид-19 наесен во однос...

Македонија3 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет4 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет4 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија15 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија15 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет16 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион18 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија20 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија21 час

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија22 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија22 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион22 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија23 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија24 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион1 ден

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ1 ден

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура1 ден

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Досие