Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се фали со минимални покачувања, просечната плата три месеци по ред е во пад

Објавено пред

Државата повеќе од година и пол стагнира. Страда економијата, образованието, здравството, секторот на социјална заштита, земјоделието. Страда секој еден сегмент во државата поради криминогеноста на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на министрите Мила Царовска, Драган Тевдовски, Венко Филипче и Арбр Адеми.

„СДСМ од опозиција ветуваше подобри услови во образованието и поголеми плати за просветните работници. Сега од позиција на власт им ги замачкува очите со минимални покачување кои не ги покриваат нивните потреби. Здравствените работници се жртва на лагите на СДСМ. Наместо најавеното покачување од 15% во првите шест месеци кога ќе дојдат на власт, кое не го добија, сега им се нуди само 5%“, стои во партиското соопштение во кое се додадава дека просечната плата три месеци по ред е во пад.

„Тоа е доказ за неспособноста на власта и лошата економска клима која директно ги чувствува негативните ефекти од криминалниот начин на владеење и делењето на милионски тендери на новоформирани фирми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Соопштенија

ВМРО-Народна: Нацијата жртвуваше многу, но стратешките цели се остваруваат

Објавено пред

Можеме слободно да заклучиме дека во овие тешки моменти Македонија успеа да го одржи зацртаниот правец уште од осамостојувањето, односно да ги заокружи стратешките заложби за нејзина Европска и НАТО-интеграција, велат во соопштение од ВМРО-Народна партија.

„Жртвата која нацијата ја поднесе за да дојде до реализација на овие стратешки цели е преголема па затоа оваа голема победа ја посветуваме токму на македонскиот народ, на сите оние кои придонесоа за нејзино насочување на патот до интеграциите, но и на сите кои го дадоа животот за таа да биде суверена и уште посилна во иднина“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека периодов сите ресурси треба да бидат насочени во борбата против коронавирусот, а потоа чекаат  предизвиците и реформите кои ги носи процесот на пристапување во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ФРОДЕМ: Заев и Мицкоски да престанат да глумат опоненти и да почнат да се справуваат со кризата

Објавено пред

СДСМ и Зoран Заев упорно бараат сите граѓани солидарно да го понесат товарот на кризата, како впрочем и сиве овие години наназад во кои постојано јаваат на грбот на граѓаните, велат од партијата Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ), која е дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.

„Политичарите од партијата која го овозможи најголемиот грабеж на општествениот капитал од страна на дваесетмина ним блиски бизнисмени бараат од осиромашениот и соголен до гола кожа граѓанин солидарно да го понесе товарот на кризата, а тоа укажува на бесрамност, амнезија, недоговорност и лицемерност“, се вели во партиското соопштение.

Во него се додава дека наводниот опонент на Заев, Мицкоски со ДПМНЕ, наместо да се грижат за граѓаните, тие приоритетот во оваа криза го ставаат на финансиска помош на бизнисмените.

„Нашата коалиција му порачува на Мицкоски наместо да бара пари за бизнисмените, јавно да побара неговите поранешни партиско претпоставени сопартијци, на кои тој им служеше додека тие го ограбуваа македонскиот граѓанин, доброволно да ги вратат украдените пари и целиот нелегално стекнат имот во посебен Фонд за помош на граѓаните во оваа тешка ситуација“, велат од ФРОДЕМ.

Од таму додаваат дека наместо Заев и Мицкоски да глумат опоненти и наводна загриженост, треба ургентно да се солидаризираат со банкарите и со големите бизнисмени и итно да формираат посебен доброволен ФОНД за помош на граѓаните на Република Македонија во оваа тешка здравствена и економска криза.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левица: Да се воведе итен мораториум за отпуштања од работа

Објавено пред

Димитар Апасиев

Од политичката партија Левица информираат дека секојдневно добиваат анонимни пријави за манипулирање и кршење на работничките права, како и зачестени масовни отпуштања поради новонастанатата криза.

„Најновата пријава е за 60 отпуштени работници од фирмата ‘Казино меркур’ од Гостивар поради неможност да продолжи со работа“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека иако законски овие работници имаат право да добијат испратнина од страна на компанијата, тие сѐ уште го немаат добиено законскиот надоместок што им следува.

„Во согласност со информациите што ги добивме од работниците, оваа фирма постапувала на нечовечен начин кон овие 60 работници, при што неколкупати самите пријавувале нерегуларности во Државниот инспекторат за труд во однос на неисплаќање регрес, недобивање законски предвиден број денови од годишен одмор, правилна наплата на дневници при работа во смени и слично“, објаснуваат од Левицата.

Од таму додаваат и дека случајот го проследиле до Државниот трудов инспекторат и истовремено повикуваат на итен мораториум на сите отпуштања за време на настанатата криза.

„Егзистенцијата на голем број граѓани е директно загрозена. Во најбрз можен рок Владата мора да усвои мерки со кои ќе ги заштити работниците што го изгубиле своето работно место. Како една од мерките што Левицата ја предлага е обесштетување на работниците што го изгубиле своето работно место во износ на минималната плата и тоа во најбрз можен рок“, посочуваат од политичката партија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа8 часа

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија11 час

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија15 часа

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија15 часа

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет16 часа

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа16 часа

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија17 часа

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија19 часа

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија19 часа

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија19 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија19 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија19 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија1 ден

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија2 дена

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија2 дена

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија2 дена

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет2 дена

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија2 дена

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија2 дена

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Досие