Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја посрамоти Македонија со истакнување на погрешно знаме, но не згрешија кога на нивни блиски им делеа пари  

Објавено пред

Власта ја посрамоти Македонија со истакнување на летонското наместо австриското знаме, но не згрешија кога на советниците на Заев и нивните блиски им делеа пари за криминалните иновации, велат од ВРМО-ДПМНЕ во нивното соопштение. Од пратијата посочуваат „за да не направат нов срам и за да не ни се потсмева регионот и Европа, ВМРО ДПМНЕ сака да и помогне на владата да направи огромен дипломатски успех и да го погоди германското знаме при посетата на канцеларката Ангела Меркел“. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ заедно со своето соопштение утринава испрати и слика од германското знаме.

„Кога станува збор за работа и за одбрана на државните интереси, Зоран Заев и СДСМ се целосно неспособни. Доказ за тоа е што успеаја да го утнат и австриското знаме при посетата на канцеларот Себастијан Курц, а не промашија ни буква кога во итна постапка на ден пред избори требаше да и префрлат 40.000 долари на ќерката на министерот Никола Димитров“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.  Секојдневниот грабеж и секојдневните порази и срам што и го нанесуваат на Македонија се обидуваат да ги покријат со штетниот и капитуланскиот договор, се додава во соопштението на опозицијата.

Граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и  идентитетот, и ова антидржавно однесување  мора да престане.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Заев од Конгресот: Победите на СДСМ се победи на граѓаните

Објавено пред

На 15 јули граѓаните испратија јасна порака, дека државата мора да продолжи на вистинскиот пат, а на тој пат е најсигурно со СДСМ, победите на СДСМ се победи на граѓаните, победи за подобар живот на сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 25. партиски Конгрес.

„Темелите на овие победи ги поставивме уште во 2015 година, преку „Вистината за Македонија“ и најголемиот граѓански протест од 17 мај, 2015 година. Потоа се случи и Шарената револуција, најмасовната и најразнолика форма на граѓански, слободарски отпор против режимот. Во 2016 заедно со сите граѓани урнавме режим! Месеци подоцна, по неуспехот на режимот да спречи демократски промени и неуспешниот државен удар на 27 април, ја добивме честа и одговорноста да формираме демократска влада. Заедно со граѓаните ја вративме слободата и демократијата. До 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува. Слободата и демократијата се заедничка победа наша, на СДСМ, со нашиот народ. За тоа сме горди и тоа е наш аманет, наша вредност, да ја чуваме и да ја унапредуваме слободата и демократијата.

Убедливо победивме на локалните избори во 2017, во над 50 општини ширум земјава.

Во 2018 година над 610.000 граѓани гласаа ЗА членство во НАТО и ЕУ, ЗА договорот од Преспа, за да одиме напред. 610.000 граѓани тој ден, излегоа од дома и дадома огромна, масовна поддршка за патот напред. На тој референдум видовме дека патот напред нема достоен противник.

На изборите во 2019 година Северна Македонија доби Претседател, дефиниран и предложен од СДСМ, поддржан од многу политички партии, од сите етнички заедници на државата. Тоа го може СДСМ, тоа СДСМ го прави најдобро, обединува, води напред. И повторно победа, како јасна потврда на курсот по кој ја водиме земјата, како верификација на нашите јасни и изричити евроатлантски и демократски определби.

Победивме на парламентарните избори оваа година, на 15 јули и еве не денес, ја имаме честа и одговорноста да продолжиме да ги предводиме институциите, да работиме во интерес на граѓаните и државата.“ порача Заев.

Тој истакна дека сите овие победи се мотив уште повеќе и уште подобро да се работи во интерес на граѓаните.

„Имаме мотив, имаме волја, имаме и сила и енергија да продолжиме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.“ посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче

Објавено пред

Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче – нема вакцини за грип, нема проширени болнички капацитети, ниту план и стратегија, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според опозициската партија, реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени. Велат дека власта предлага мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ посочило дека треба да бидат направени уште во март, кога почнала пандемијата, но тогаш власта немала слух и сега се видливи последиците од нивниот игнорантски однос.

„Филипче тврдеше дека во текот на целата пандемија ќе заболат 2000 луѓе, сега тој број на луѓе заболува за само една недела. И кога виде дека се што презема не вродува со плод, почна да спроведува тоа што ВМРО-ДПМНЕ кажа, но со задоцнување од 7 месеци. Ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март, дополнително на располагање на јавното здравство треба да се стават сите млади лекари и пензионери, исто така власта требаше да го искористи летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но ништо од тоа не е направено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека целиот хаос по болниците и стравот кај граѓаните е предизвикан од неспособноста и надмениот однос на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека министерот Филипче треба да си даде оставка, и да се формира нова специјална комисија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, треба да покаже доблест и да си поднесе оставка веднаш, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според опозициската партија, очигледно е дека Владата и Филипче не се способни да се снајдат во целата ситуација со коронавирусот.

„Од почетокот на пандемијата до сега немаат ниту една добра мерка донесено која вродила со некаков плод. Поради погрешните политики на Филипче и Комисијата за заразни болести во Македонија нема прекин во пандемијата односно поради нив пандемија е во континуитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува и дека Филипче нема кредибилитет, го поминал цело лето без да направи подготовки, а не е инвестирано ниту во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар и опрема.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија1 час

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија3 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион4 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион6 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа7 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион9 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ10 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија11 час

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија12 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија12 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија1 ден

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион1 ден

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет1 ден

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Досие