Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Богдановиќ дека не ги исчистил улиците од снег

Објавено пред

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, уште еднаш ја докажа својата неспособност, улиците низ Центар цел ден се неисчистени и непроодни, обвини ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.

„Врнежите од снег, кои се вообичаени за овој период од годината, го изненадија Богдановиќ. Наместо да ја ангажира целокупната  механизација и работна сила што му е на располагање, тој ги остави центарци да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Тротоарите и уличките што се под надлежност на општината не се исчистени и на тој начин се загрозени пешаците, но и учесниците во сообраќајот“, велат од партијата.

Скапо платените паркиралишта во населба Пролет, Трготекстил, ул.Ѓуро Ѓоновиќ, додаваат од таму, не се пипнати со мал прст, а иста е ситуацијата и во другите делови на Центар.

„Наместо да ја замајува јавноста со преплатена машина која наводно чистела снег, Богдановиќ да излезе и истата да ја употреби во расчистувањето на истиот веднаш и без одлагање. Исто така, наместо да се занимава со гол популизам и колку партиски послушници да вработи во Општината, време е да се позанимава со здравјето и безбедноста на граѓаните. Центарци заслужуваат способен и одговорен градоначалник, а не некој како Богдановиќ, кој постојано ги остава на цедило“, порачаа од партијата.

Соопштенија

СДСМ: Струјата остана непроменета, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра

Објавено пред

Концептот на Владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки што даваат резултат, соопшти СДСМ.

„Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра.

Ја вративме евтината тарифа на струјата, која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните.

За споредба, на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан (Хидро) Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе 100 отсто, а евтината тарифа беше укината.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните. Зборот важи!“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лажните разговори покажаа дека мито е првото нешто на кое помислува Заев

Објавено пред

Зоран Заев со неговиот криминоген и расипнички карактер ги урна угледот и достоинството на Република Македонија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека разговорите со лажниот Порошенко покажале оти Заев без воопшто да размислува веднаш се впушта во криминални дејствија.

„Очигледно дека тој првото нешто на кое помислува е мито па затоа нема проблем да понуди поткуп било тоа да се работи за македонски бизнисмени, или пак за Вселенскиот Патријарх“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека фактот оти Заев е опкружен со криминал го откриваат и пораките кои самиот тој ги пуштал до комичарите.

„Во нив се гледа дека во владиниот кабинет одржувал средби со меѓународен криминалец обвинет за нелегално финансирање на политички изборни кампањи, перење на пари и поткуп за пропаганда со лажни вести, но и инволвиран во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија. Слушнавме како ги загрозува пријателските односи со соседите и како го озборува и исмејува како на селска чешма актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски, нарекувајќи го популист, а со комичарите се согласува и дека е платеник на Русија“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека во разговорите Заев ги потценува граѓаните и гласачите во Република Македонија.

„Во еден од тие разговори тој веднаш се согласува со сталинистичката изрека дека не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите, што доволно ни кажува како ги организираше изборите и референдумот во државава и зошто обвинителството не реагираше за изборните нерегуларности“, стои во соопштението во кое се истакнува дека одговорност за сето ова мора да има, не само зошто постојат индиции за криминал и прекршоци, туку и дека изнесени се сериозни информации и сторени се дипломатски и меѓународни скандали.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ:196 милиони евра назад кај фирмите во првата половина од годината

Објавено пред

Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година, соопшти СДСМ.

Според партијата, она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите.

,,Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе. Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите. Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите. Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Регион2 часа

(Видео) Макрон пристигна во Белград

Францускиот претседател, Емануел Макронм пристигна во дводневна посета на Белград, а го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата на аеродромот...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија3 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија4 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија4 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија5 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија5 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија7 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава8 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет8 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет10 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион10 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт19 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа21 час

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт21 час

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет22 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт22 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион22 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион23 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Досие