Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е пред колапс на здравствен план

Објавено пред

„Заев и Филипче целосно потфрлија. Бројот на новозаразени од коронавирус на дневно ниво не паѓа под 200. Само во текот на вчерашниот ден имавме нови 225 заболени и 8 починати.
Здравствениот систем менаџиран од Заев и Филипче не може да се справи со проблемите предизвикани од коранавирусот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија е на прагот на есента и бројките се троцифрени. Уште не е почната сезоната на грип, а ние веќе имаме наплив на заразени. Ако состојбата е алармантна денес, што можеме да очекуваме за месец или два?! Државата е буквално пред колапс на здравствен план и за тоа Заев и Филипче мора да сносат одговорност.

„Несериозноста оди до таму да нема ниту сезонско вакцинирање против грип, а сезоната на грип само што не почнала. Македонија беше единствена држава која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на коронавирус, туку е во континуиран бран од почетокот на пандемијата до денес. И бројките не се намалуваат туку растат од ден во ден и секој ден имаме нов пик. За ова мора да има одговорност. Дотолку повеќе што Филипче тврдеше дека бројот на заразени нема да надмине над 2.000. Дека власта нема план за справување со кризата, покажува и тоа што често заболени имаме и деца од градинки, но и од училишна возраст. За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност“, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ го кочеше опремувањето на болниците

Објавено пред

Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ го кочеше опремувањето на болниците, го кочеше и носењето нови мерки за заштита од коронавирусот, обвини СДСМ.

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почеток на пандемијата со коронавирусот глуми дека се грижи за здравјето на граѓаните, се однесува неконструктивно, прави опструкции и ги критикува и кочи сите напори за справување со најголемата здравствена и економска криза, што го зафати целиот свет. Ако на ВМРО-ДПМНЕ му беше важно здравјето на граѓаните, немаше со недели да го кочи донесувањето на новите мерки за превенција на ширењето на смртоносниот вирус. Со одолговлекување на мерките, кои се исти и слични како во голем број држави ВМРО-ДПМНЕ го загрози здравјето на сите граѓани. Ако на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ им беше важно здравјето на граѓаните немаше преку заменичката министерка за финансии во техничката влада да го кочат заемот од Светска банка за опремување на болниците. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран“, велат од СДСМ.

Лицемерниот Мицкоски, додаваат од партијата, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а постојано организира јавни собири кои се опасни по јавното здравје и на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

„Губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведуваат во опасност јавното здравје и не нудат конкретни решенија за надминување на здравствената криза. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не им нуди ништо, освен режим, заштита на криминалот, шпекулации и невистини и затоа ги казнија во три последователни изборни циклуси. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата и Филипче да си дадат оставки

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ бара Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче да си дадат .

„Македонија со Венко Филипче на чело на здравство руши негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на КОВИД не се подготви. Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена. Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе. Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, медицинскиот персонал не е целосно обучен, и иако можело да се примени систем на ротација, тоа не се направило.

„Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително проблем е и загадувањето, за кое власта 4 години нема решение, иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно. Комбинацијата од загадениот воздух и КОВИД влијае фатално за лицата со хроничнк болести, а е и проблем за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена. Филипче покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Арсовски: Програмата за намалување на загадувањето продолжи да се спроведува и во 2020 година

Објавено пред

Програмата за намалување на аерозагадувањето, за која првпат се издвоија средства, продолжи да се спроведува и во 2020 година и речиси е при крај нејзината реализација, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на прашањето дали се планираат дополнителни мерки за намалување на аерозагадувањето.

Тој рече дека програмата содржи низа технички мерки за намалување на загадувањето од домашно затоплување, транспортот, индустријата, градежништвото и отпадот.

Портпаролот Арсовски нагласи дека и за 2021 година повторно е проектирана програмата за намалување на аерозагадувањето и за нејзина имплементација се предвидени 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, обновување на урбаното зеленило. Имплементацијата ќе биде преку Генералниот секретаријат, а се работи на измени на законската регулатива и зголемување на казните за прекршоци во животната средина, како и зачестени инспекциски контроли.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формираше работна група којашто развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија31 минута

Стапија на сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет43 минути

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаи, пишува Би-Би-Си....

Македонија60 минути

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија1 час

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа11 час

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија12 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија12 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија13 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет15 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија18 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија19 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија19 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија19 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија20 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија20 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија21 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет21 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија22 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет23 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Досие