Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата повеќе од 15 месеци тоне, а граѓаните се сè посиромашни

Објавено пред

Економијата повеќе од 15 месеци тоне, нема реален напредок, а граѓаните се сè посиромашни, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

„Единствена светла точка се странските инвестиции, кои дојдоа во државата и отворија голем број работни места благодарение на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Странските инвестиции се моторот на економијата и фактор што продуцира додадена вредност. Сите други сектори тонат поради неодговорните политики на власта“, стои во партиското соопштение.

Власта го гуши релниот сектор, наместо поддршка за домашните компании кои произведуваат и се извозно ориентирани, гледаме како Владата преку Фондот за иновации дели грантови на партиски функционери, дели милионски тендери на новоформирани фирми и дава лиценци за спроведување возачки испити на фирми без ден работно искуство во областа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Градежништвото е во застој, велат од опозицијата и посочуваат дека процентот на реализација на капитални инвестиции од почетокот на годината заклучно со јули изнесува само 21.33%, што е историско најниско ниво и е показател на целосна неспособност на извршната власт.

Соопштенија

„Македонија блокира“: Канческа-Милевска не се покажа како добра домаќинка

Објавено пред

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишувањеизбори „Македонија блокира“ синоќа се упати пред домот на пратеничката Елизабета Канческа-Милевска за лично да ѝ предаде писмо зошто не треба да гласа за уставните промени.

„На општо изненадување, пред домот на Канческа-Милевска нè пречека кордон од полиција, а пратеничката не се појави да го поздрави насобраниот народ, што не е во духот на македонската традиција за добро домаќинско однесување, со што покажува дека веќе тргнала по патот на либералните ЕУ и НАТО-вредности. Дотолку повеќе, при средбите на ‘Македонија блокира’ со останатите пратеници добивавме и покани за разговори со домашна ракија, кафе и благо во нивните домови. Од тие причини ‘Македонија блокира’ синоќа не го предаде лично писмото на Канческа-Милевска зошто не треба да гласа во Собранието, поради што писмото беше прочитано на народниот собир“, се вели во соопштението.

Од таму велат дека се разочарани од однесувањето на Канческа-Милевска и според нив таа покажува дека е личност со изгубено национално чувство.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ја имаат главната одговорност за бегството на Груевски

Објавено пред

Одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи единствено во власта со која предводат Заев и Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ, во кое владејачката партија побара Мицкоски јавно да проговори за разговорот на средбата со Груевски и за неговите посети на Белград и Будимпешта.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ, партијата за која, како што велат, во рацете ја има државната безбедност, сака лажно да прикаже оти не знае за движењето на Никола Груевски.

„И аболираниот Зоран Заев и министерот за прогон, Оливер Спасовски, точно знаеја дека Никола Груевски не е во својот дом, а уште помалку во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Точно знаеја каде е Никола Груевски, но одлучија да вршат претреси, притисоци и закани врз членови на ВМРО-ДПМНЕ во обид да си ја ишнат мувата од капата“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека одговорност и оставки мора да има.

Како што велат од опозициската партија, Заев и Спасовски немаат ни капацитет ни кредибилитет веќе да извршуваат функции.

„Кога во мистериозни околности избега убиецот на младиот фудбалер Јанушев, одговорност немаше. Избега и еден од убијците на младиот Саздо, повторно немаше одговорност. Избегаа и убијците од ‘Рузвелтова’ и како по правило, немаше одговорност“, стои во соопштението.

На крајот од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека не се согласуваат со самото заминување на Груевски зашто, како што велат, тоа не е опција, дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да не се крие и да одговори за своите посети на Белград и Будимпешта

Објавено пред

Наместо да се крие зад социјалните медиуми, зад неговите портпароли и зад антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори за средбата со својот ментор Груевски и за неговите посети во Белград и Будимпешта, порачаа од СДСМ.

„Мицкоски треба да даде одговор на јавните сомнежи дали неговите посети на Белград и Будимпешта минатиот месец се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Груевски?

Со кого се среќавал пионот Мицкоски при посетите на овие градови и дали таму бил нацртан планот за бегство на Груевски?
Мицкоски пред граѓаните должи одговори за сомнежите за неговата вмешаност во кукавичкото бегство на Груевски.

Надлежните институции, пред сè, Основното јавно обвинителство, мора да отворат истрага преку која ќе бидат откриени и санкционирани сите лице што се соучесници во бегството на осудениот криминалец Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски4 часа

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија8 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија9 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија9 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски10 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски11 час

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија12 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет12 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија12 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија13 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски13 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток14 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија15 часа

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа16 часа

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски1 ден

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски1 ден

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија1 ден

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски1 ден

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија1 ден

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Досие