Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во паника повторно го активира партиското обвинителство – СЈО

Објавено пред

Заев треба да го слушне гласот на народот односно гласот на 1,2 милиони граѓани кои не се согласуваат со промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија, наведуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот народ уште еднаш го покажа својот непокор. И покрај сите закани, уцени и притисоци на власта, народот се одважи и го одбрани сопствениот национален идентитет. Ниту СЈО, ниту партиското судство на Заев, ниту заканите за бркање од работа не ги поколебаа граѓаните да ги заштитат националните и државните интереси кои Заев ги распродава“, велат од опозициската партија.

Во однос на судските процеси оттаму додаваат дека пресудите и обвиненијата се пишуваат на Бихаќка.

„Заев е во паника и повторно го активира партиското обвинителство СЈО. СЈО му користи за политички прогон и пресметка со политичките неистомисленици, мислејќи дека ќе ги заплаши. Тоа нема да се случи! Македонија и ВМРО преживеале многу низ историјата, а ќе го преживеат и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува волјата на граѓаните и нивната мудра одлука да не го прифатат капитулантскиот договор од Преспа“, стои во партиското соопштение.

На крајот, од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека завршено е времето на луѓето кои 27 години ја пљачкосувале и пустошеле државата и дека сега е време, како што велат, за нови победи.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека тонeме во економска криза

Објавено пред

Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на тврдењата од владејачката партија дека и во време на пандемија земјата е атрактивна дестинација за инвестиции.

„Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата и денот го поминуваат со помалку од 50 денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7,4%“, се нагласува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека наместо нови инвестиции, СДСМ донел повеќе криминал и корупција во Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: И во време на пандемија сме атрактивна дестинација за инвестиции

Објавено пред

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека процесот на реализација на директните странски инвестиции се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

„За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата ‘ВИК (WIK) Македонија’ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка. Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека тоа е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата, како и предност од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Советот на Европски полициски синдикати бара брза реакција од властите за нападите врз македонски полицајци

Објавено пред

Претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас (каде што Македонскиот полициски синдикат е рамноправнен член), со писмена реакција се обрати до македонскиот премиер Зоран Заев, до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и до директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, по повод нападите врз македонски полицајци кои се случија во последните неколку денови.

„Ние како CESP најостро го осудуваме насилството врз полицијата, што претставува сериозно кривично дело и ваквите постапки и однесување нема да бидат толерирани. Секој што напаѓа полициски службеник или друг службеник за безбедност треба да се соочи со законот и да сноси сериозни правни последици“, стои во обраќањето на Валадас.

Во него се наведува и дека Советот на Европски полициски синдикати очекува брза реакција од сите релевантни институции во земјата.

„Силно веруваме во ефикасноста на македонските надлежни институции и се надеваме на брзо решавање на ова прашање. Ние ќе продолжиме да бидеме ваш европски партнер и внимателно ќе ги следиме случувањата во вашата земја“, вели претседателот на Советот на Европски полициски синдикати во обраќањето до македонските власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ2 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија3 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија3 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ5 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа5 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет5 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ7 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа8 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет9 часа

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија22 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа24 часа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија1 ден

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет1 ден

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет1 ден

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ1 ден

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ1 ден

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија1 ден

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Досие