Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги доведе граѓаните до питачки стап, а неговите бизниси цветаат

Објавено пред

Секој ден над стотина граѓани остануваат на улица, а Заев вели дека Република Македонија има стабилна економија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од партијата, додека граѓаните осиромашуваат и не знаат како да ги платат даноците, Заев заедно со неговите министри се луксузира.

„Шекеринска во Министерството за одбрана купува колачи и вафли, а 40.000 ново невработени луѓе немаат за леб. Економијата во државата доживеа колапс. Според извештаите, земјата во вториот квартал од 2020 година бележи нето-одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека Заев ги довел граѓаните до питачки стап, додека неговите бизниси цветаат.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема доблест и свест за одговорност и покрај 721 смртни случаи

Објавено пред

„Манипулацијата е единствена реторика што и остана на Владата во несправувањето со коронавирусот, а министерот за зараза е најнеспособниот министер за здравство во Европа на чија одговорност се над седумстотини починати граѓани.
Министерот за смрт и ширење зараза веќе нема начини како да се оправда, кога повеќе под пола година ги манипулира граѓаните дека Владата добро се справува со пандемијата,а бројот на новозаболени и смртноста само растат.Додека во нормалните европските земји министри си поднесуваат оставка со три пати помали бројки на новозаболени од коронавирус, нашиот министер за здравство не поседува никаква доблест, ниту пак морална одговорност за оставка и покрај 721 смртни случаи и 17,343 вкупно заболени граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, вчерашните бројки од 346 починати лица на милион жители и 8,325 заболени граѓани на милион жители, говорат за рекордерство во регионот повеќе од шест месеци и комплетната неспособност во справување со вирусот.

„Македонија е единствена земја во Европа каде заболени од Ковид-19 не се примаат во болниците затоа што биле „стари луѓе“ , а никаде ги нема најавените 16 монтажни болници чии постапки до сега требаше да се распишат.Очигледно здравствениот систем нема доволно капацитети, иако по изјавите на Филипче тие беа доволни,па сега нелогично се оневзможува хоспитализирање на новозаболени од коронавирус.

Министерот ниту има свест за да го чува здравјето на граѓаните, ниту пак смета дека е лично одговорен за повеќе од 720 починати лица во земјава. Министерот безмалку дрско предупредува дека ќе има втор бран на вирусот, кога Македонија се уште не излегла од првиот бран. Не, граѓаните не се виновни што власта е неспособна да спроведе добри политики кои ќе ги заштитат од пандемијата, а згора на се се заканува со повторно воведување на полициски час.
На безобразноста на Филипче и нема крај, па продолжува да се рекламира по медиумите за некакви проекти во здравството, кога новозаболени на кои им треба здравствена нега се испраќаат на лекување по дома, капацитетите не се доволни, монтажните болници ги нема, пациентите доживуваат трауми низ здравствениот хаос по болниците, а бројот на заболени и починати вртоглаво продолжува да расте“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ГРЕКО потврди дека е постигнат напредок во борбата против корупцијата

Објавено пред

„Значителен и суштински напредок во борбата против корупцијата постигна Република Северна Македонија, што се должи на посветеноста, мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ и претставува чекор поблиску до Европската унија.Ова е потврдено во најновиот извештај на ГРЕКО, тело на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди, и досегашната оценка за усогласеност на препораките од „генерално незадоволителна“, сега ја покачи на „задоволителна“, соопшти СДСМ.

Според партијата,овој извештај покажува дека нашата земја оди по вистинскиот пат, односно дека повеќе не е во групата на земји кои не ги почитуваат правилата и практиката на ГРЕКО.

„ГРЕКО во 2014 година даде 19 препораки за превенција во делот на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството и ја смести државата во групата генерално незадоволителни.Поради исполнување на препораките, меѓу кои се истакнуваат неприсуството на министрите за правда на седниците на Судскиот совет, носењето на нов Закон за ЈО, нов Закон за судови, донесувањето на единствен етички кодекс на јавните обвинители, кодекс за судска етика, мерки за јакнење на независноста, департизираноста и интегритетот на судиите поротници, државата се искачи скалило погоре во борбата против корупцијата.

Со ова јасно се потврдува одлучната и фокусирана акција на Владата предводена од СДСМ во изминатиот период во насока на спречување на корупцијата, промоција на интегритетот кај централната власт и органите за спроведување на законот.Напредокот претставува дополнителен стимул и поттик на заложбите на СДСМ за градење на стандарди и принципи за превенција и борба против корупцијата.Продолжуваме посветено да работиме на спречување на криминалот и корупцијата во државата во сите области“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт создаде општество во кое се тепа народот

Објавено пред

Мафијата на власт, наместо едно општество за сите, создаде општество на доминација на насилство, притисок и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на полициското насилство врз граѓаните Роми во Битола.

„Вистината е дека Заев и Спасовски удрија по народот. Заев и Спасовски стоеја зад убедувањето дека партиската книшка на СДСМ ќе ги заштити во криминалот, а сега мафијата на власт брутално тепа. Наместо превенција, мафијата на власт ја злоупотребува полицијата и користи сила“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека мора да има одговорност од врвот на власта и оставка од Оливер Спасовски.

„Вчерашниот случај на физички напад и пречекорување на овластувањата врз граѓанин мора да биде предмет на реакција на соодветните инстанци и потоа да следуваат санкции. Полицијата мора да работи на градење доверба“, истакнуваат од партијата, од каде што изразуваат и жалење поради непрофесионалноста во дел од полициските редови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет3 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет3 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ5 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ5 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија6 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет7 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет8 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија9 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа9 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет10 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ19 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија19 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа21 час

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија21 час

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија1 ден

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа1 ден

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Досие