Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги остави фирмите без реална помош

Објавено пред

„Зоран Заев ги остави фирмите без реална помош. Петтиот пакет-мерки нема да ја крене економијата, туку само ќе го забрза колапсот. Иако власта даде 350 милиони евра за економија од ветените 1,2 милијарда, нема никаков ефект. 55.000 луѓе останаа без работа. Државата е задолжена, а никој не знае каде отидоа речиси 900 милиони евра, пари што беа ветени како мерки, но не легнаа ниту кај граѓаните ниту кај стопанството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, економијата колабира.

„Имаме пад на извозот и пад на БДП. Падот на домашниот бруто-производ во вториот квартал од 2020 година е поразителен иако нашата земја не спаѓа во групата земји во кои туризмот игра значајна улога во создавањето на БДП, како што се медитеранските земји, Хрватска и Грција, од 38 економии за колку што постојат податоци, а само 9 имаат повисок пад на БДП од Македонија во вториот квартал на 2020 година, а 28 земји помал. Мерките на Заев очигледно не се насочени за помош, тие не се правилно димензионирани и не го постигнуваат посакуваниот ефект. Од мерките остануваат само пресовите на Заев, на кој, гледајќи преку розови очила, ја убедува јавноста колку економијата блеска“, се додава во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата

Објавено пред

Во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности, реагира преку соопштение, опозициската ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Сашо Мијалков.

„Циркусот кој што го приреди власта на Заев во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот. Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ“, велат од оваа партија.

Според нив, целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат како што велат дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто кое што Заев според нив во континуитет го прави.

„Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеа да се пишманат и да се предоговараат“, велат од опозициската партија.

„Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Mицкоски да се врати во основно, само 39 пратеници застанаа зад него, а тој вели имал мнозинство

Објавено пред

Мнозинство во Собранието е 61 пратеник, а не 39 колку што се потпишаа за поддршката на губтиникот Мицкоски, велат во соопштение од СДСМ и додаваат дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа може само дополнително да расте.

„Бројот на пратеници на Мицкоски во Собранието варира од 39, колку што се потпишаа зад неговата поддршка, и 53 пратеници од целата опозиција во парламентот, кои гласаа за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров. Тоа е далеку од парламентарно мнозинство и со вакви математики Мицкоски треба да се врати во основно образование и да престане да шири лаги во кои не веруваат ниту во неговата партија“, нагласуваат од владејачката партија, од каде што му порачуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да сфати дека 100 пати повторена лага не може да стане вистина.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Менувањето имиња на улици се прави по насилен пат

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје со реакција за одлуката на градоначалникот Петре Шилегов за менување на имињата на улиците.

„Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика. Од ветениот зиплајн, луна-парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале, Шилегов спадна  главен проект да му се имиња на улици како Социјалистичка зора наместо Христо Батанџиев, 4 јули наместо Борис Сарафов, Бихакќа наместо Павел Шатев, Иво Лола Рибар наместо Теодосиј Гологанов“, реагираат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека нивната партија бараше повлекување на предлозите за имиња на улици и нивна разработка со сите надлежни фактори и вклучување на општествени авторитети, градски јавни личности, и институтот за историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„Шилегов овој предлог го одби. Предлозите за менување на имињата на улици сега чекаат одобрение од владата чиј идеен творец е. Апелираме истите да не се прифатат и да се прифати општествена јавна расправа“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја земавте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше Астразенека за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа11 час

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија17 часа

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија19 часа

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ21 час

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет22 часа

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија22 часа

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија23 часа

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет24 часа

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија1 ден

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија1 ден

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет1 ден

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија2 дена

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија2 дена

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија2 дена

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија2 дена

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија2 дена

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија2 дена

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија2 дена

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија2 дена

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Досие