Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е подготвен да го уништи целиот економски и здравствен систем за свои интереси

Објавено пред

Македонското здравство е пред целосен колапс, a Заев и Филипче го уништуваат здравствениот систем поради политички интереси, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека државата вчера го достигнала најцрниот врв на епидемијата на коронавирусот со 196 нови заболени и 8 починати, а СДСМ и Заев се уште зборуваат за брзи избори.

„Загрижува фактот дека бројот на заразен медицински персонал секојдневно се зголемува само поради негрижата на министерот Филипче да обезбеди соодветни услови за работа во болниците, кои имаат постојан недостиг на медицински материјал и опрема за заштита“, наведуваат од партијата.

Од таму порачуваат и дека економијата е во слободен пад, а малите бизниси се заборавени од државата и не може да опстанат.

„Зоран Заев и СДСМ се подготвени да го уништат целиот здравствен и економскиот систем само за да истераат свои теснопартиски интересни за брзи избори со пуста надеж да изгубат со што е можно помала разлика“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека не смее да се дозволи таква игра со животите на граѓаните.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: За да им се стави крај на криминалот, корупцијата, неправдите и понижувањата, мора да се стави крај на владеењето на Заев

Објавено пред

Изборите на 15 јули ќе бидат денот кога народот ќе ги казни поразите, криминалот и корупцијата на Зоран Заев. Овие три години мафијашка власт на Заев ја осиромаши Македонија. Јавноста го виде хибридниот режим на СДСМ на дело, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Сите видоа и слушнаа дека Заев се пазарел со правдата. Диктирал решенија за истражни постапки, носел трас-трас одлуки во правосудството со кои селективно паѓале судски постапки. Сите видоа и слушнаа дека со милиони евра, со чанти Луј Витон или снопчиња пари се разнесувале рекетирани пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Заеви. Сите слушнаа и видоа дека Заеви и СДСМ биле во коалиција со подземејето, па така неистомислениците на Заев ако не добиеа монтиран судски процес ќе им беше запалено возило со амин на Заеви.

Народот виде дека додека сите осиромашуваат фрчеа лиценци, концесии и тендери на луѓето блиски на Заев. Поради тоа економијата најмногу трпеше. Растот на БДП беше убедливо најнизок во регионот, а Македонија стана приватен пашалук на Заеви. Тие одлучувале кој може, а кој не да води бизнис во државата. Јавниот долг порасна над 50%, а до крајот на годината се очекува да достигне 60% од БДП, односно нов долг од 1,5 милијарди евра. Ги потрошија најголемите буџети во историјата на Македонија, а ништо не изградија. Нема ни нови училишта, ни клинички центар, ни студентски градови, ни 600 километри нов автопат. Се што ветија во 2016-та се излажаа. Реализацијата на капиталните инвестиции им беше под 50% во текот на целиот мандат. Крвавите тендери, РЕК Битола, плантажите со Марихуана, Фондот за иновации и десетици други коруптивни скандали ја искачија Македонија на врвот по корупција во Европа.

За жал Македонија поради неодговорноста на власта на Заев е црн рекордер и по други параметри. Епидемијата со корона покажа дека политикантството на Заев го урнисало здравствениот систем, па така сме на неславното прво место во цел регион по смртност и број на заразени на еден милион жители.

Достоинството на граѓаните беше поразено, а беа раскрчмени националните и државните интереси. Понижувањата, неуспесите и поразите станаа секојдневие. Тоа мора да прекине. Народот ја препозна Обновата на Македонија и масовно ќе ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за конечно вирусот Зоран Заев да биде победен.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Објавено пред

Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштеие.

„Како одговорна партија чии носители на листи се поборници за слободата на говор, демократските придобивки би сакале да ја информираме јавноста и медиумите за постојаното назадно однесување на дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска.

Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови.

Бегството од соочување е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.

Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, насилството и медиумскиот молк“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Џабе сега Спасовски ветува кули и градови, кога неговата Влада беше неспособна

Објавено пред

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека се неспособни ништо да изградат, велеат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ваквиот став го поткрепуваат со тврдење дека на актуелната власт ѝ требале две години само за да ги пушти автопатиташта што ги изградила претходната влада.

„Станува збор за Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица, каде уште без срам играа чочек во тунел. Три години еден метар асфалт не ставија на автопатот Кичево – Охрид и редица други директни показатели на нивното неработење“, се наведува во партиската реакција,

Во неа се додава дека тоа што Спасовски сега пред избори се слика и помпезно најавува проекти, не поминува кај граѓаните, бидејќи тие виделе дека СДСМ ништо не направил.

„Народот на овие избори поддршката ќе ја даде на Обновата, затоа што во неа се предвидени 1.000 конкретни и остварливи проекти, како изградба на автопат до Битола и експресен пат до Меџитлија, доизградба на автопатот од Кичево до Охрид, доизградба на експресните патишта кои СДСМ не беше способна да ги направи и реконструкција на над 1.000 километри магистрални, регионални и локални патишта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Регион2 часа

Во Србија 11 починати и 287 новозаразени од коронавирус

Според најновите податоци во изминатите 24 часа во Србија починале 11 лица, а новозаразени со ковид-19 се 287. На распиратори...

Свет3 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ6 часа

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион7 часа

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ7 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет7 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет7 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет7 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија8 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион21 час

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија22 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија1 ден

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ1 ден

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион1 ден

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија1 ден

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион1 ден

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Досие