Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Бучковски носат смрт за државата, а Филипче и Ангелов за пациентите
Дури Заев и Бучковски носат смрт на Македонија, Филипче и Ангелов поради неспособноста се одговорни за катастрофалната смртност од коронавирусот. Ова, за жал, е рецепт за пропаст, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Дури премиерот во заминување Зоран Заев и екипата ја убедуваат јавноста дека епидемијата дека е под контрола, починаа 33 лица за само едно деноноќие, а околу 35% од тестираните се заболени. Дури власта убедува дека сè е под контрола бројот на заболени достигнува до 64.000 лица, а бројот на починати дојде до 1825 лица. Со оваа бројка Македонија е на врвот земји во светот по смртност на милион жители.
Власта одлепена од реалноста, наместо да носи конкретни мерки за заштита на здравјето и животите на граѓаните ги одбива и оние мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага. Го одбија амандманот за обезбедување средства за набавки на амбулантни возила, го одбија амандманот со кој се бараа средства за бесплатни ковид-текстови за граѓаните. На власта ѝ е важно само да обезбеди привилегии на функционерите среде епидемија на сметка на граѓаните. За функционерите има бесплатни и експресни тестови, бесплатно лекување, а народот е оставен сам на себе.
Затоа народот бара оставка од Заев. Неговата неодговорна власт чини здравје и животи на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Не постои посовршено место од дома, а патот до него сега е полесен
Во деновите кога светлата се палат порано, а надвор студот нè потсетува да забавиме, домот станува повеќе од простор. Тој станува прибежиште. Место каде времето тече побавно, каде се собираат мислите, плановите и најубавите празнични мигови што остануваат во сеќавање.
Кога размислуваме за домот, најчесто се фокусираме на тоа како ќе изгледа животот во него. Помалку на самиот процес што води до таа цел. Токму таму, често се појавуваат трошоци и обврски што влијаат врз целокупното искуство.
Помалку формалности, повеќе простор за живот
Халкбанк АД Скопје нуди промотивна можност за станбен кредит без нотарски трошоци, со важност заклучно со 31.01.2026 година. На овој начин, купувањето недвижност започнува без една од вообичаените дополнителни ставки што често доаѓаат во чувствителен момент. Наместо на тие формалности, вниманието може да остане на уредувањето, вселувањето и секојдневието што допрва ќе се гради во новиот простор.
Долгорочен пристап со јасни услови
Станбениот кредит на Халкбанк е креиран да се прилагоди на животниот ритам, со рок на отплата до 30 години. Каматните стапки започнуваат од 3,2% фиксна каматна стапка за првите 10 години, провизијата за обработка изнесува 0%, а кредитот е достапен и со можност за грејс период до 12 месеци. Износот може да достигне до 400.000 евра, со минимум 10% учество, доколку станува збор за купување на прв стан.
Сигурност што носи спокој
Дополнителната сигурност доаѓа преку полиса за животно осигурување од „Триглав Осигурување – Живот“, која обезбедува заштита за клиентот и неговото семејство. Различните опции овозможуваат избор според индивидуалните потреби, а дел од нив нудат и поврат на премијата, со што се оптимизираат вкупните трошоци на долг рок.
Дом по ваша мерка
Понудата е наменета за купување стан или куќа, недвижност во градба, како и за рефинансирање постоечки станбени кредити од други банки. Таа одговара на различни животни приказни, од прв дом, до нов почеток со повеќе мир и подобра организација на обврските.
Во празничните денови, кога највредни стануваат тивките мигови, разговорите и чувството на припадност, домот го добива своето вистинско значење. Со помалку грижи на почетокот, секој нов почеток може да биде потопол, посигурен и похармоничен.
(ПР)
Соопштенија
Мали ритуали – големи надежи со игрите на среќа на Државната лотарија
Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива посебна вредност.
За многумина од играчите, игрите на среќа се поврзани со мали лични ритуали и верувања што му даваат автентичност на секое индивидуално искуство и го прават самиот момент попосебен.
Без разлика дали станува збор за креирање лото комбинација од среќни броеви или купување инстант лозови, ритуалите се секогаш присутни како невидлив соиграч на патот до големите добивки.
Среќните броеви на лото ливчето ретко се само случаен избор. Зад нив стојат лични приказни, моменти и емоции, кои на бројките им даваат значење. За некои тоа се родендените на најблиските, за други датумот на венчавка или други датуми значајни за нив. Многу луѓе ги избираат истите броеви со години како симбол на континуитет и како знак дека нешто познато и свое останува непроменето.
Освен бројките, секој има и сопствени навики и ритуали. Некои играчи сакаат да ја предизвикаат среќата сами, некои во друштво со пријателите, за други е важно да ги уплаќаат своите комбинации на истото место или секогаш во ист ден од неделата. Некој го зема првиот лоз од купчето, некој сака самиот да избира, некои имаат омилен инстант лоз, други избираат различни, а некои секогаш купуваат точно одреден број инстант лозови. Ритуалите се инстинктивен обид за дофат до среќата и во свет полн со промени тие остануваат константа.
Интересно е што овие практики и среќни броеви често се пренесуваат низ генерации. Комбинации што се играат со години и навики што се повторуваат прераснуваат во традиција што ги поврзува луѓето. Приказните и верувањата што стојат зад ритуалите ги трансформираат игрите на среќа во нешто повеќе од случајност и бројки. Токму тие моменти носат дел од среќата и потсетуваат дека надежта е важен дел од секојдневието.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и „Зегин“ доделуваат стипендии за студенти на Фармацевтскиот факултет
Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин доделија 14 стипендии за студентите запишани во прв и втор интегриран циклус на студии на Фармацевтскиот факултет при универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Стипендиите се насочени кон поддршка и охрабрување на идните професионалци во фармацевтските науки.

Фармацевтите играат витална улога во здравствената заштита. Тие обезбедуваат безбедна употреба на лекови, ги поддржуваат лекарите и ги насочуваат пациентите кон подобро здравје. Доделувањето на овие стипендии е можност за студентите да се почувствуваат поддржани, а со тоа да постигнат подобри академски резултати и понатаму да придонесат значајно во здравствениот систем.

Христина Маханџиска Георгиевска, една од сопственичките на компанијата Зегин истакна: „Оваа соработка е резултат на заедничка визија во која образованието и знаењето на младите кадри се темел на развојот на фармацевтската професија и здравствениот систем во нашата држава. Преку овие стипендии вложуваме во оние кои покажуваат посветеност, одговорност и искрена желба за напредок. Оваа активност ја спроведува Фондацијата д-р Верица Маханџиска која меѓу другото е посветена и на мотивирање на општествен развој преку поддршка на човечкиот капитал.“

Деканот на Фармацевтскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Проф. д-р Зоран Стерјев, изрази благодарност за поддршката на студентите и истакна дека на овој начин студентите можат да се фокусираат на учење и развивање вештини со цел да придонесат кон развој на општеството. Оваа програма за поддршка на студенти овозможува да се отстранат финансиските бариери и секој студент да има можност да постигне подобри академски резултати.
Оваа иницијатива ги нагласува континуираните напори на Фондацијата д-р Верица Маханџиска и компанијата Зегин да придонесат кон општествен развој и еднакви можности за сите.
(ПР)

