Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ го спроведуваат на дело најбруталниот грабеж

Објавено пред

Зад кулисите на бришењето на името Република Македонија и откажувањето од македонската традиција, историја и култура, Зоран Заев и СДСМ го спроведуваат на дело најголемиот и најбрутален грабеж, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, се краде безмислосно и бесрамно. Одговорност нема. Органите на прогонот се под целосна контрола и притисок на криминалниот картел на власт.

„Наместо да се најдат на обвинителна клупа, осмничените продолжуваат да располагаат со парите на граѓаните и да ги прикриваат трагите. Картелот на власт се откажува од сè што е македонско – нашето име, јазик, историја, идентитет и култура, го промени на Уставот, ги крши законите и процедурите, само за да ги прикрие украдените милиони на грбот на македонскиот граѓанин. Владата на СДСМ ги користи овие темни моменти во македонската историја и матни времиња за исплаќање на долговите кон своите партиски послушници и полтрони. Буџетот на Македонија преку Фондот за иновации и технолошки развој е оштетен со 10,5 милиони евра“, е ставот на партијата.

Тие сметаат дека во моменти кога економијата е во слободен пад, домашниот-производ бележи очајнички раст од 0,1 проценти во првиот квартал за 2018 година, а во 2017 економскиот раст изнесуваше 0 проценти, стотици илјади евра легнаа на сметките на фиктивни фирми во сопственост на лица блиски до Заев и СДСМ.

„За трагедијата да биде уште поголема, во моменти кога милионски суми се доделија за наводни иновации, Македонија за 2018 година бележи пад од 27 места на скалата за иновативност. Целта на ваквото криминално работење е евидентна, целта е купување на поддршката за промена на името и распродажба на државните и националните интереси.
Заев е видно исплашен, стравува дека нема да може да ги исполни концесиите кон оние на кои им ја ветил капитулацијата на Македонија. Граѓаните не ја поддржуваат капитулантската спогодба со Хеленската Република, со која македонската нација се претвора во вештачка нација. Заев знае дека нема поддршка кај народот, Заев знае дека мора да си замине бидејќи на крајот Македонија ќе победи“, се вели во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги десеткуваме казните за сообраќајни прекршоци

Објавено пред

Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. Граѓаните очекуваат правда и правичност. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за спроведување систем за превенција, па казнување. Во таа насока ќе следуваат нови модели во работењето на Трудовата и Пазарната инспекција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Казната ќе следува само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако таа и натаму се повторува од страна на правното лице. Се обврзуваме на десеткување на казните за сообраќајни прекршоци. Граѓаните мора да се растоварат од големите и драконски казни. На пример, доколку некоја глоба сега изнесува 300 евра, таа ќе се сведе на 30 евра.

Системот на мали, но ефективни казни, ќе придонесе кон намалување на корупцијата, ослободување на институциите од прекумерни предмети, кои чинат пари и време, и ќе помогне во јакнењето на свеста на граѓаните за почитувањето на правниот систем.

По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето на грбот. Исправи се, Македонијо! Избери обнова!“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Анестезиолози заминуваат од државното здравство заради егзистенција, а Шекеринска ужива во луксузот на Боки 13

Објавено пред

Шекеринска знаела за криминалот и рекетирањето. Шекеринска уживала во Луј Витон луксузот на Боки 13. Шекеринска молчела за потеклото на парите на Боки 13, иако била свесна дека невработено лице со блокирана сметка не може да има такви приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека милиони евра завршуваат во Луј Витон торби, пари за анестезиолози и доктори ќе нема, а здравствениот систем ќе колабира. Ситуација во која се најде Македонија како последица од корона вирус очигледно не ги интересира челниците на СДСМ.

Црната бројка на заразени во Македонија надмина 7000 граѓани, а Министерот Венко Филипче си тера политичка кампања и си снима пропагандни спотови за партијата. Бројот на починати наши сограѓани е речиси 350, и таа секој ден се зголемува. Неодговорноста на власта доведе до ваков колапс на здравството.

Здравствениот систем се распаѓа. Наместо да се трудат да набават лекови го видовме директорот на Фондот за здравство Ден Дончев собира снопчиња со пари во кожна чанта. Медицинските работници молат за медицинска опрема, болниците е распаѓаат.

Водството на СДСМ ги интересира се друго освен интересот на народот. Видовме како се носат Луј Витон куфери полни со милиони евра рекетирани пари, за кои осудениот во случајот рекет Боки 13 посочи дека завршиле кај Вице и Зоран Заев. Видовме снимка како Боки 13 е во друштво со веќе осудената за случајот рекет Катица Јанева и Радмила Шекеринска, заменик претседателот на СДСМ.

Слушнавме како се рекетирале и странски бизнисмени за 300.000 евра од самиот врв на Владата предводена од СДСМ. Слушнавме како Вице Заев давал зелено светло за палење на автомобили на политичките неистомисленици, како се местеле тендери за блиски до власта. Има се повеќе докази дека врвот на СДСМ е една голема криминална банда која ја уништи Македонија.

Видовме се само не видовме како владата предводена од СДСМ реализира проекти во корист на граѓаните. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска заедно со Катица Јанева уживале во луксузот на Боки 13

Објавено пред

Шекеринска и Заев се соучесници во криминално-рекетарските шеми. Тие знаеле и молчеле за милиони евра изнудени од бизнисмени во овие три години. Шекеринска уживала во луксузот на Боки 13, а знаела дека истиот нема толкави легални приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерно Шекеринска, политичкиот лик кој од транзицијата до ден денес егзистира во и од политиката, да говори за иднината на младите и за развој на економијата. Шекеринска е антипод на секоја политика на младите. Денес таа требаше да даде одговор што можеше, а не направи за младите во Македонија.

Целата јавност ја виде Шекеринска како седи на состаноци со Катица Јанева и Бојан Јовановски, место да работи во интерес на државата и младите. Поради погрешните политики и однесувањето на Шекеринска и таквите како неа во СДСМ, 80% од младите во земјава сакаат да заминат во странство. Поради неа 140 илјади млади живеат во сиромаштија, а во меѓувреме милиони евра се разнесуваат рекетирани пари низ државата. Шекеринска и Заев се прочитана книга. Младите, како и сите во Македонија својата поддршка ќе ја дадат на Обновата, затоа што во неа гледаат напредок и подобар стандард. Бидејќи Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион11 час

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија12 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион14 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија15 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија15 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија15 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија16 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет17 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија17 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет19 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион20 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија20 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет21 час

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет21 час

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија1 ден

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија1 ден

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет1 ден

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион1 ден

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија2 дена

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Досие