Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ја ограбуваат Македонија

Зоран Заев и криминалниот картел без срам најбрутално ја ограбуваат Македонија и го распродаваат идентитетот, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од страна на СДСМ.
„Само за неколку дена се фатени живи како сакаат да украдат цели 45 милиони евра, пари на граѓаните. Единствен спас од одговорност за невидениот грабеж гледаат во тргувањето со највисоките државни и национални интереси. Бришењето на името Република Македонија, македонската историја, јазик, традиција и култура за Зоран Заев е само параван за прикривање на бездушниот грабеж“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата обвини дека СДСМ ги брише интервјуата во кои претходно се колнеше дека нема да се согласи на менување на името и Уставот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, вечерва, се сретна со претседателот на италијанската Национална антикорупциска управа, Рафаеле Кантоне, придружуван од своите соработници и амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.
Од Владата информираат дека на средбата била изразена поддршка за постигнатиот договор со Грција, кој бил оценет како голем и значаен чекор кон успешното остварување на напорите на Република Северна Македонија за европска и евро-атлантска интеграција.
Исто така, била истакната посветеноста на Владата за продолжување на реформите во правосудниот систем, јавната администрација, безбедносно-разузнавачките служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
„На средбата со највисокиот претставник на италијанската Национална антикорупциска управа позитивно беше оценето донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и транспарентниот избор и именувањето на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во Северна Македонија. Двете делегации се согласија дека Северна Македонија и Италија ги поврзува искрено пријателство и соработка, со интенција и поддршка да се продлабочуваат и конкретизираат и идните чекори што двете земји ќе ги преземаат во областа на борбата против корупцијата, размената на заеднички искуства, идеи, практики и мерки и во други области“, велат од Владата за средбата.
Во таа насока е и утрешната конференција „Институционални реформи за борба против корупција, најдобри практики спрема европскиот модел – италијанскиот пример“, што ја организираат Мисијата на ОБСЕ и италијанската амбасада во Скопје, а на која ќе учествува и ќе говори премиерот Заев. На конференцијата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со италијанската пракса за борба против корупцијата, а ќе се дискутира и за независните надлежни органи одговорни за антикорупција, важните реформи и перспективи за интеграција на земјата во Европската Унија, соопшти владината прес-служба/
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само за роднините на функционерите, вработени во администрација

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, мајките, браќата, тетките, стрините и останатите роднини на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Костадин Костадинов, кој кажа дека растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години.
Од опозициската партија сметаат дека платите во државата растат само за роднините на функционерите од власта, а за сите други паѓаат.
„Трошоците за живот од месец во месец се сè повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема“, се вели во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека државата оди кон дното, а власта само во последната година задолжила нови речиси половина милијарда евра, пари кои, како што велат, ќе треба да ги враќаат идните генерации.
Соопштенија
(Видео) Костадинов: Растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години

Платите растат, сè повеќе пари завршуваат кај граѓаните, кај работниците, во семејствата. Во 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата во последните девет години, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Просечната нето-плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари, што е зголемување за над 8 проценти во однос на декември во 2017 година. Само за една година просечната плата е поголема за речиси две илјади денари! Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.
Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, новите и добро платени работни места“, изјави Костадинов.
Тој додаде дека оваа година продолжуваат зголемувањата на платите во сите сектори. Повеќе средства се одвоени за активните мерки за вработување, за поддршката за домашните и странски инвестиции.
Овие мерки и реални економски политики, според Костадинов, се добра основа за натамошен раст на платите, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.
„Пред граѓаните презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите. Тоа го остваруваме, време е граѓаните да ги почувствуваат очекуваните резултати“, нагласи тој.
Напредокот во евроинтеграциите, членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, вели Костадинов, дополнително ќе ги интензивира овие позитивни текови, сè повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа