Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче предизвикаа целосен дебакл на здравствен план

Објавено пред

Ако главната мерка за борба против Ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го крши Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ако Владата ја одобри мерката предложена од, како што велат, партиската здравствената комисија, тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот. А ако ја одбие, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Филипче и владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат, во спротивно ќе докажат дека си играат држава и целокупната криза е менаџирана од неспособни луѓе.

„Според член 26 од Уставот, полицијата може да влезе во дом само ако има претходно одлука од Суд, а не по желба единствено на МВР или обвинителството. Или мафијата на Заев смета дека е суд, полиција и обвинителство во исто време па може да упаѓа по домовите и да брои гости или ова е очаен обид на владата да го сврти вниманието од крахот и фијаското со здравствената криза. Заев и Филипче предизвикаа целосен дебакл на здравствен план. Немањето јасна стратегија резултираше во 364 новозаболени од коронавирус во текот на вчерашниот ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата обвинува дека бројките галопираат и дека за три дена бројот на заразени е близу 1.000, односно половина од бројката од 2.000, колку што, како што велат, според Филипче требало да изнесува бројот на заразени во Македонија во текот на целата пандемија.

„Македонија и сите граѓани страдаат поради неспособноста и лекомисленоста на власта. Уште сме на почетокот на есента, а сезоната на грип само што не почнала и сепак бројот на заразени е алармантен. Со ваква неспособна власт кои бројки треба да ги очекуваме во претстојниот период?! Кризата не ги затекна Заев и Филипче, тие знаеја дека ќе има уште пострашен удар од првиот бран, кој, за жал, кај нас е со продолжено траење, и не преземаа ништо во текот на летото за да ги зајакнат капацитетите на јавното здравство, како со болнички простории, така и со опрема. Наместо импровизации и неспособност, потребна е одговорност“, пишува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: 88% од учениците следат настава на далечина

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ и во време на сериозна пандемија обезбеди непречен тек на образовниот процес, како со учење на далечина, така и со физичко присуство на учениците и наставниците во училиштата, соопшти СДСМ.

„Онлајн наставата без поголеми потешкотии ја следат 88% од учениците, а овој процент од почетокот на учебната година е зголемен за 18%, благодарение и на иницијативите на локалните самоуправи кои за исклучително краток период преку донации обезбедија ИТ-уреди за учениците и наставниците кои ја немаа потребната опрема.

За останатите ученици коишто немаат можност да следат онлајн настава, секојдневно се емитуваат 15-минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија на македонски и на албански јазик, но и наставниците имаат обврска да доставуваат печатени материјали до децата и на дневно ниво да комуницираат и да го следат нивниот напредок во совладувањето на материјалот.

Во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство на учениците и наставниците, под строго утврдени протоколи и алгоритми.

Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од коронавирусот со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје.

Владата предводена од СДСМ со одговорен и системски пристап, со овој комбиниран модел обезбеди успешен старт на учебната година и успешен наставен процес.

СДСМ продолжува одговорно и посветено да работи во интерес на учениците и наставниците“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Се очекува Собранието во најкус можен рок да ги донесе новите мерки

Објавено пред

Борбата против коронавурусот е заедничка на сите граѓани – сите мораме дисциплинирано да ги почитуваме мерките, велат од СДСМ.

„Ситуацијата со коронавирусот во целиот свет и кај нас навистина е сериозна, бројот на новоинфицирани е голем и затоа е неопходно секој граѓанин да ги почитува постојните мерки за заштита – да носи заштитна маска, да држи дистанца и редовно да ги мие и дезинфицира рацете. Се очекува Собранието во најкус можен рок да ги донесе новите мерки, кои на предлог на Комисијата за заразни болести ги прифати Владата предводена од СДСМ, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од 4 гости во едно домаќинство“, велат од партијата.

Од таму велат дека Комисијата за заразни болести има подготвено дополнителен пакет рестриктивни мерки, кои вклучуваат ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50%, целосна забрана за секакви настани, крај на работното време на сите економски оператори до 23 часот и препорака до целата државна и јавна администрација, општини и судови, работниот процес да се одвива во смени, онлајн од дома или по систем на ротации.

Со овие мерки, велат од СДСМ, се исцрпени сите можности на надлежните да го спречат ширењето на коронавирусот.

„Токму затоа сите граѓани мора совесно и дисциплинирано да ги почитуваат мерките за заштита и ковид-протоколите. Само така може да го избегнеме црното италијанското сценарио, да го намалиме ризикот од преполнување на болничките капацитети. Пандемијата го промени целокупното наше живеење, но немаме друг избор освен да се бориме со почитување на превентивните мерки – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички преку четвртиот пакет мерки на Владата

Објавено пред

5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички преку четвртиот пакет мерки на Владата предводена од СДСМ, грижата за сите продолжува, велат од партијата.

„Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите на коишто им е потребна помош, на граѓаните и на компаниите за ублажување, на негативните последици. Со ребалансот на буџетот за 2020 година се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка“, се наведува во соопштението.

Измените и дополнувањата на буџетот за 2020 година, додаваат од СДСМ, треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија32 минути

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет58 минути

(Видео) Трамп го напушти интервјуто зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет1 час

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија1 час

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион12 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет13 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија14 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија15 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија16 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија17 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија20 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија21 час

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија22 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа22 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија23 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа1 ден

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија1 ден

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија1 ден

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Досие