Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев, наместо врз Бугарија, прави притисок врз историската комисија

Заев, наместо врз Бугарија, прави притисок врз историската комисија. Смената на членовите е со намена за притисок за прифаќање ново предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нетранспарентното менување на членот на историската комисија со Бугарија од страна на Заев е обид за замолкнување на вистината. Заев го замолкнува секој обид за спротивставување кон неговите политики и ги деградира сечие мислење и критика насочено кон обелоденување на историските факти. Со отстранување на членот на комисијата, Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде што има свои послушници. Наместо да се штитат професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија за да си ги задоволи своите сметки и бизниси“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата, кој, како што велат од партијата, беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон другите членови за казната што би ја добиле.
„Целта е јасна – да се потпишат и да се согласат сите членови на сè што ќе каже деспотот Заев за да може да се пазари со идентитетот. Повеќе од три месеци Владата молчи за анексот и за неговата содржина, која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини. Факт е дека историскиот ревизионизам на власта се спроведува по секоја цена не избирајќи средства и начини. Секое премолчување и скривање на вистината, како непојавувањето на Димитров во македонското Собрание, Заевата рамнодушност и неартикулисаност кон идентитетските прашања и тајните договори со Софија, ќе бидат повторно погубни за националните интереси затоа што очигледно дека пазарот со историјата, политичките калкулации и притисоци се поважни за бизнисот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Со Филипче, Македонија не е на листите на држави со број на вакцини

Од oпозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија ја нема на листите на кои се гледа која држава колку вакцини има, според нив, државата ја има само во фуснота дека ѝ дале донација.
„Два милиона вакцини за Македонија се видливи само за Заев и Филипче, ама не и за граѓаните. Филипче лаже, Заев лаже, веќе тоа на сите им е јасно“, додаваат од оваа партија.
Прават споредба со другите земји за кои велат дека имаат конкретни бројки на вакцини.
„Македонија ја има само на листите на починати од корона, и тоа котира високо. Во Македонија нема вакцини, ама ги има сите соеви на коронавирусот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, ваквата ситуација е недозволива и за тоа, како што велат, некој мора да одговара.
Соопштенија
Николовски до градоначалниците од СДСМ: Да се спречи секое коруптивно дејствување во општините

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва одржал работен состанок со градоначалниците од редовите на СДСМ.
Како што информираат од владејачката партија, Николовски на средбата зборувал за усвоениот акциски план за борба против корупција донесен од страна на Владата.
„Ова е дел од политиките и решителноста на СДСМ да се успее во борбата против ова зло кое со децении беше натоложено во општеството“, им порачал Николовски на градоначалниците.
Генералниот секретар нагласил и дека 2021 е важна не само за тоа што следуваат локални избори наесен, туку и поради фактот што токму оваа година е година на рестарт на економијата и стопанството.
„Затоа е од клучно значење да има што поголема реализација на капитални проекти како на централно, така и на локално ниво“, посочил Николовски, додавајќи дека довербата на граѓаните во СДСМ е голема, а партијата е фаворит на локалните избори.
Тој се осврнал и на мерит-системот на функционирање на партијата преку кој се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ, а истовремено ја потенцирал и важноста на владиниот план за борба против корупцијата.
„Ред, правда и дисциплина се приоритетите од кои се води СДСМ како одговорна, државничка партија. Тоа треба да го практикува секој од нас како на централно, така и на локално ниво. Како носители на локалната власт и довербата што ви е дадена од граѓаните очекувам активно да се вклучите во оваа заедничка борба, да дадете свој конкретен придонес во спречувањето на коруптивното дејствување на локално ниво, во органите на локалната самоуправа“, порачал Николовски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: „Фридом хаус“ потврди дека Македонија има сериозен проблем со корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека според извештајот на „Фридом хаус“, Македонија нема напредок во борбата со корупцијата.
„Македонија тапка во место, односно ништо не се сменило. Корупцијата останува сериозен проблем, постои широкораспростране неказнивост за корумпирани владини службеници, вклучително и членови на парламентот и на судството. Наспроти фалбите за реформи, продолжуваат да се појавуваат сериозни скандали со корупција и набавки. Ова е оценката на ‘Фридом хаус’“, соопшти партијата.
Како што велат, Македонија останува делумно слободна држава, во која сè уште се нотирани изборен поткуп и заплашување гласачи. Македонија е земја во која новинарите се предмет на политички притисок и вознемирување, а физичките напади продолжуваат да се пријавуваат. За некои од медиуми се нотира дека се поврзани за политички или деловни интереси, кои влијаат на нивната содржина, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што власта сака да го истакне како постигнување, трите поени разлика, се должат токму на тоа што ВМРО-ДПМНЕ неколкупати го истакнува, а тоа е дека беа признаени избори во име на ветената европска иднина, односно почетокот на преговорите со ЕУ. Трите поени се однесуваат на тоа што без проблеми била формирана влада по јулските избори, иако се регистрирани изборни измами, закани и други форми на изборен притисок, а се нотира и забелешката од ОБСЕ дека власта во последен момент ги сменила изборните правила“, наведуваат од опозициската партија.
Тие нагласуваат дека оценката на „Фридом хаус“ оти Македонија е делумно слободна држава само се надоврзува на оценките од почетокот на годинава за хибриден режим на „Економист“ на оценката дека Македонија тоне во корупција, според „Транспаренси“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер