Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не испорача резултати, неговото ветување за влез во ЕУ полека бледнее

Објавено пред

Европската перспектива на Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетот на образованието е опаднат, а со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта.

„Буквално земјата тоне. Наместо реформи имаме криминал и корупција. Единственото ветување на кое се држеше Заев – влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека во ЕУ не се оди со криминал, туку со реформи, кои, како што се вели, Заев не успеал да ги испорача.

„Зоран Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат дека оваа партија ќе победи на следните избори и ќе ги донесе промените во Македонија.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Власта го урнисува здравството и од него создава алатка за терање бизнис

Објавено пред

СДСМ и Филипче ја потценуваат интелигенцијата на пациентите и медицинскиот персонал, но и сите граѓани кои гледаат дека оваа власт го урнисува здравството и од него создава алатка за терање бизнис, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.

,,Да потсетиме само на крвавиот тендер за набавка на реагенси вреден 35 милиони евра кој го доби фирма основана непосредно пред распишувањето, сомнителниот бизнис од 14 милиони евра за стерилизација, приватизирањето на службата за брза помош, сомнителните јавни приватни партнерства, набавките на лекови на скопската клиника каде што ќерката набавуваше од веледрогеријата на таткото и на крајот мега скандалот со криминогениот проект изградба на нов Клинички центар за кој нема јасни критериуми, проектна документација и слично, но затоа има 500 милионски кредит во најава.

За неуспесите во здравството на оваа власт доволно говорат епидемијата со морбили, скандалите со вакцините и десетиците смртни случаи кои ја брануваа јавноста, а кои се должеа на недостаток на лекови или несоодветно лекување.Политиките во здравството се насочени или кон приватизација или кон затворање на цели одделенија и здравствени домови ширум државата. Тоа е целосно спротивно на лагите кои ги кажуваа за време на изборите дека ќе овозможат бесплатно и квалитетно јавно здравство.Граѓаните ценат и казната за неодговорното работење и во сферата на здравството ќе ги стаса СДСМ на следните избори”, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Димитриевиќ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против младите кои сакаат европска иднина

Објавено пред

Младите се за НАТО и ЕУ, сигурна иднина и отворени можности, а она што го гледаме е дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски работат против интеграција во ЕУ и НАТО, истакна Александар Димитриевиќ од социјал-демократската младина (СДММ).

„Мицкоски сака да ги врати младите назад во темното минато, кога тие беа без шанса и изолирани од светот. Мицкоски не сака младите од нашата држава да ги имаат истите услови како нивните врсници од ЕУ“, порача Димитриевиќ кој нагласи дека заради спас на белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ја жртвува иднината на младите луѓе во државава.

Сепак, додаде тој, младите како прогресивна сила тоа нема да го двозволат и незапирливо продолжуваат кон европска интеграција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ: Веднаш да започне отстранувањето на дивоградбите во Охридскиот регион

Објавено пред

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро го осудува продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници.

Од оваа партија бараат од локалните власти да се санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од Советите на општините Охрид и Струга и веднаш да се започне со најавената акција за отстранување на нелегалните градби.

„Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори направени во поглед на заштита и зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија3 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија3 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион3 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ3 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет4 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет4 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион15 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион16 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија18 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија22 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија24 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт2 дена

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа2 дена

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Досие