Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Панама пере пари, а Обвинителството спие

Објавено пред

„Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти-ЕУ бизнисменот Дака, а Обвинителството спие. Згора на тоа, Маричиќ, кој треба да се бори против тој криминал, вели дека не слушнал за скандалот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, инвестицијата на Дака е панамска шема за перење пари во Македонија одобрена од Заев со кого Дака имал средба како што слушнавме од снимката што ја објавија медиумите по што дал и 300.000 евра и 2.000 квадратни метри поткуп за да му се заврши работа. Но, и ветување дека кога ќе се заврши работата, ќе даде уште 4 милиони евра.

„Фирмата на која гласи земјиштето на ‘ШИК Јелак, на кое е предвидена изградба на над 2.000 стана и илјадници квадратни метри трговски и деловни објекти, е формирана во Панама – ‘Адастра груп корп’, Дака Давидовиќ е нејзин сопственик, а таа во Македонија го купила ‘ШИК Јелак’ со обврска да ја рестартира фабриката, што не се случи затоа што Заев има друга бизнис-шема. Еден ден по формирањето на Владата, работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП, со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла среде Тетово. На простор на објект што тој го зел со намена да го рестартира како производствен капацитет.

Заев и Владата прават измама и на Дака му дозволуваат да гради згради на место што требало да биде фабрика. Место што доколку првично се продавало како парцела за станбени згради, ќе посигнело многу повисока цена од цената што ја платил Дака. А со тоа е оштетен буџетот на Македонија“, се вели во соопштението.

„Целиот процес е крајно сомнителен. ЈО мора веднаш да отвори постапка и да утврди: каде завршиле 300.000 евра и 2.000 квадратни метри што Дака во снимката вели дека ги дал? Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито? Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште, на кое сега ќе гради згради? ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Македонски концепт: Mицкоски и Каракачанов во обид да го замолчат Богојески

Објавено пред

Акцијата на Христијан Мицкоски и Каракачанов против Петар Богојески и Македонски концепт, со цел негово замолчување и укинување на платформата Македонски концепт, засилено продолжува, велат од оваа партија.

„Иванка Додовска, силен поддржувач на политиките на Мицкоски, ги користи добро познатите методи на замолчување често применувани од нејзината партија кон Петар Богојески. Против Богојески ќе биде поднесена тужба за клевета за изнесените ставови во дебатна ТВ-емисија доколку јавно не се извини за тоа. Во исто време еден од гласноговорниците на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Перев, ја води акцијата на Христијан Мицкоски против Богојески преку објавување невистини и нарачани текстови во бугарските медиуми“, стои во партиското соопштение.

Богојески и Македонски концепт ова го толкуваат како класичен оркестриран напад и обид за замолчување и затскривање на вистината.

„Господинот Мицкоски нема трошка демократија и капацитет во него јавно да се соочи со неговите опоненти. Структурите на ДПМНЕ, кои со години ја уништуваат Македонија, сега го напаѓаат Богојески. Каква е оваа демократија во која живееме? Дали ова значи дека Мицкоски и од опозиција ги замолчува граѓаните? Што ќе се случи во земјата доколку истите тие еден ден дојдат на власт?“, се дел од прашањата што ги упатуваат од Македонски концепт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Гласањето против одлуките за прогласување вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните

Објавено пред

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците од нивните редови ќе гласаат против потврдувањето на одлуките за прогласување вонредна состојба, само ги потврдуваат деструктивноста и неодговорноста на оваа партија, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од неодговорниот Христијан Мицкоски се води единствено од евтин политички популизам и воопшто не се грижи за интересите на граѓаните и државата. Вонредната состојба беше прогласена исклучиво во интерес на граѓаните. Таа беше неопходна за брзо дејствување на Владата и институциите за поефикасна борба против коронавирусот и заштита на јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Во време на распуштено Собрание и преодна влада со мандат за спроведување избори, велат од СДСМ, вонредната состојба на извршната власт ѝ овозможи создавање закони за поголема ефикасност во носење мерки и политики за справување со последиците од Ковид-19 и заштита на здравјето на граѓаните.

„Гласањето против одлуките за прогласување вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните, против институциите. ВМРО-ДПМНЕ предводенa од Мицкоски останува посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување. За тоа се казнети од граѓаните и затоа остануваат уште долго во опозиција“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Обезбедени се 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци

Објавено пред

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци, соопштија од владејачката партија.

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува на страната на младите и обезбедува помош за студентите и средношколците погодени со здравствената и економската криза предизвиканата од пандемијата на коронавурисот. Со четвртиот пакет антикризни мерки се обезбедени 44 милиони денари за поддршка за сместување или превоз на 884 студенти и 347 ученици, кои нема да може да се сместат во студентските и ученичките домови“, се вели во соопштението.

Поради намалениот капацитет во домовите, додаваат од СДСМ, кои ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не може да бидат сместени, ќе имаат можност да изберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или, пак, да изберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Истовремено, велат од СДСМ, платежни картички „купувам домашно“ од 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Захариева: Добрососедството како критериум за членство во ЕУ не го измисли Бугарија

Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, тоа е основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да се...

Свет3 часа

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Русија од сопствени извори има сознанија за преместување на екстремисти во зоната на судирите во Нагорно-Карабах, изјави денеска портпаролката на...

Свет4 часа

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија6 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Европа7 часа

Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источен Медитеран. Доаѓајќи на...

Македонија7 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион7 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет8 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет8 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија9 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ10 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион10 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија11 час

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ12 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија13 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија14 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија1 ден

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Досие