Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја засрами земјава пред целиот свет

Објавено пред

„Зоран Заев бесрамно ги лаже граѓаните на Република Македонија за да го испере сопствениот срам и криминал. Република Македонија и нејзината меѓународна репутација станаа жртва на неспособноста, корупцијата и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговиот криминален картел”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев ја засрами земјава пред целиот свет и докажа дека толку е несериозен што секој може од него да извлече стратешка информација за државата или телефонски број од странски државник.

„Тој исто така призна дека ја излажа македонската јавност кога лажно ја клеветеше Руската Федерација за заговор против Македонија, и потврди дека комичарите всушност настапиле приватно и ги искористиле неговата неодговорност и неспособност. Доколку комичарите не ги објавеа разговорите, тој сè уште ќе мислеше дека разговара со Порошенко и Столтенберг и ќе продолжеше да ги издава државните тајни, а воедно и да испраќа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија.
Со ваквото несериозно однесување Заев ги загрози односите на Република Македонија со нашите соседи, но и со наши докажани меѓународни партнери и пријатели. Затоа одговорност мора да има.

Не е доволно само извинување од Заев бидејќи нанесена е огромна и непоправлива штета на државата. Ништо не може да го испере срамот што го нанесува Зоран Заев. Затоа единственото негово извинување треба да е оставка од премиер и распишување  предвремени парламентарни избори”, се вели во соопштението.

Во него се додава дека одговорност мора да има и за последниот скандал, но и за сите секојдневни понижувања кои во континуитет Заев и СДСМ им ги нанесуваат на државата и граѓаните.

„Република Македонија предводена од Заев бележи порази, тоне во корупција и криминал, економијата е на дното, здравството уништено, образованието девастирано, а судството и обвинителството се заработени и работат по диктат на деспотот. Потребно е СДСМ и Зоран Заев веднаш да си заминат за да запрат штетата, криминалите и понижувањата на државата. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро”, се вели во соопштението.

Соопштенија

Демократскиот сојуз: Верските заедници да повикаат на почитување на мерките, а полицијата да биде поефикасна

Објавено пред

Поради зголемениот број инфицирани од коронавирусот, Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии да инсистираат граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита на здравјето.

„Респектирајќи ја самостојноста на верските заедници и правото на верска определба на граѓаните, апелираме до верските заедници да се вклучат со свои активности за спречување на ширењето на вирусот“, се посочува во партиското соопштение.

Во него се додава дека само со железна дисциплина во почитување на мерките ќе може да се елиминира инфекцијата и животот да се врати во нормала.

Од Демократскиот сојуз исто така повикуваат полицијата и целокупниот систем за безбедност да дејствуваат многу поефикасно и ефективно.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во денови кога стотици граѓани се заразиле, а десетина починале од корона, СДСМ уште зборува за избори

Објавено пред

Во денови кога стотици граѓани се заразиле, а десетина починале од корона, СДСМ уште зборува за избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ дека избори треба да има на 5 јули.

„Однесувањето на СДСМ е веќе загрижувачко. Во овие неколку денови кога стотици лица се заразиле, а десетици починале од коронавирусот , тие уште зборуваат за избори. Во услови кога пола влада е во изолација, тие говорат за датум на избори. Кога секој ден заболуваат и умираат луѓе и имаат свои партиски функционери заболени, тие водат кампања, се среќаваат со граѓани, држат состаноци и делат партиски материјал. Ова веќе не е комично, ова е трагично“, пишува во реакцијата.

Граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, веќе јасно гледаат дека СДСМ и Заев не се грижат за здравјето и живото на луѓето, туку само за тоа како да го ублажат својот изборен пораз и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев.

„Продаваат лажна нормалност и со тоа уште повеќе придонесуваат епидемијата да се шири. Потоа кога состојбата ескалира тие бараат виновници во други, а не во самите себе. Целта на СДСМ е јасна, да се оди на избори во ек на епидемија со цел мала излезност и мал изборен пораз, па макар и по цена на животот и здравјето на граѓаните. Навистина срамно и долно.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Македонија прво треба да ја победи епидемијата, а потоа на избори ќе го победи хибридниот режим на Заев, неговата неспособност, криминал и корупција во која ја држи државата три години“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Избори на 5 јули

Објавено пред

Избори мора да има час поскоро, бидејќи најважно за државата и за граѓаните е што поскоро да добиеме институции со целосна функционалност, велат од СДСМ.

„На нашата парламентарна демократија, на нашата економија, но пред сè на јавното здравје и на сите наши граѓани, на сите ни е потребно ново активно собрание, за да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена по завршување на вонредната состојба, а тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули – какво било пролонгирање не е можно, ниту од правен ниту од праведен аспект“, се наведува во соопштенито.

Секој термин за избори кој ќе навлезе во летниот период, додаваат од СДСМ, ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе го спротивстави со правото на одмор, затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови.

„Избори на есен се опасна идеја за здравството и економијата. Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без парламент. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19. Изборите се поважни за здравјето на граѓаните и од кафеаните, и од спортските натпревари и од славите и веселбите. Ако можеме да ги правиме овие, сигурно можеме да одиме на избори, бидејќи тие се целосно безбедни за здравјето на граѓаните. СДСМ е одговорна партија, а одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции, затоа изборите мора да се одржат час поскоро, а сите политички субјекти, особено ВМРО-ДПМНЕ треба да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблеми“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија5 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија6 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија7 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија7 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион9 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија9 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија9 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија10 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија11 час

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија11 час

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија11 час

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет11 час

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет12 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет23 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија1 ден

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие