Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Земјите од регионот се безбедни од короната, а ние не сме на листата на „Форбс“

Објавено пред

„Форбс“ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на коронавирусот, а Македонија воопшто не е на листата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

За разлика од нас, повисоко на оваа листа, додаваат од партијата, како побезбедни се оценети сите земји од регионот – Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

„Поради неспособноста и несериозноста на Заев, и Македонија е црна точка во Европа во справување со пандемијата. Секој ден бележиме трицифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност. Вчерашната бројка од 111 новозаразени само уште еднаш ја потврди неспособноста на Филипче и СДСМ. Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува енормни 3.025, од кои активни случаи се 1.226, а Филипче лаже дека пандемијата е намалена. Бројката од 153 смртни случаи алармира дека ништо не е во ред. Опасната неспособност на Владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче нè доведе до катастрофални резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека, освен отсуството на реални чекори за справување со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразените, а постои и сомнеж дека Комисијата за заразни болести и министерот Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени.

„Доволен доказ за тоа беа случаите пред неколку дена за градовите Штип и Велес, каде што Филипче се обиде да скрие 15 новозаболени. Се говори за една интерна одлука, а тоа се оние што се асимптоматични заразени, а кои дошле во допир со заразени, да не се тестираат. Таа бројка се говори дека воопшто не е мала, туку над 200. Ако е точно, тоа е потенцијално уште една експлозија на над 200 кластери, кои ќе заразат уште повеќе. Сево ова говори како Филипче и Заев не се грижат за здравјето на граѓаните. единствено за што се грижат се изборите и нивните фотелји. Со СДСМ на власт, единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Досега со бескаматни кредити се помогнати 1.300 фирми со речиси 17.000 вработени

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ во првите недели од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот реагираше веднаш со суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата, соопшти СДСМ.

„Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија Ковид-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат над 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата

Развојната банка пласираше и кредитна линија Ковид-2 во износ од 8 милиони евра, кои се одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.

Со двете кредитни линии, низ отворен, инклузивен процес, беа поддржани над 1.300 домашни компании, а најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки, чија подготовка е при крај и чија реализација ќе почне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левицата: Две години нема информации како се трошат парите во Министерството за образование

Објавено пред

Детаљниот буџет на Министерството за образование и наука (МОН) не е достапен на официјалната страница, реагираат од партијата Левица.

Како што објаснуваат од таму, последниот буџет, кој е достапен, е оној од 2018 година, а за 2019 и 2020 година не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите во МОН.

Од партијата укажуваат и на проблемот дека само на шест работни дена до почетокот на учебната година наставниците и учениците не знаат по кои нови учебници ќе се одвива наставата по странски јазици во целото основно образование.

Објаснувајќи дека треба да се изврши набавка на нови учебници за странски јазици за сите осум одделенија, од Левицата укажуваат дека Министерството за таа цел би требало да потроши околу милион и 120 илјади евра.

„Во Македонија во просек има по речиси 20 илјади ученици во секое од одделенијата на основното образование. Ако се земе дека еден учебник ќе чини во просек 7 евра, односно набавка на учебник за странски јазик за едно одделение за сите училишта, ќе чини 140 илјади евра, за сите одделенија ќе се излеат оваа година речиси 1 милион и 120 илјади евра“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека подобро би било да се користат ланските учебници, кои во голем број ќе се ротираат помеѓу учениците од разните одделенија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Над 26 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ презеде ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот и покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата, соопшти СДСМ.

Само преку мерката „купувам домашно”, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ.

„Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош. Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања. Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

Паралелно, преку мерката „Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едни од најпогодените стопански гранки“, се вели во соопштението.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори.Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа53 минути

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Европа2 часа

Четири лица прободени со нож во близина на седиштето на „Шарли Ебдо“

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“...

Македонија2 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија3 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет3 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија4 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија4 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион4 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет5 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет5 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет5 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија5 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион5 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет20 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ21 час

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа22 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија23 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија24 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет24 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија1 ден

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Досие