Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Кадар како актерката Јелена Жугиќ му е потребен на МКЦ

Објавено пред

СДСМ е исплашен од откривањето на криминалите што се направени овие години во градот Скопје и затоа панично и хистерично реагираа за членовите во управните и на надзорните одбори, вeлат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната изјава на Стефан Васев.

Партиската реакција поконкретно се однесува на предлогот актерката Јелена Жугиќ да биде во УО на Младинскиот културен центар (МКЦ) откога од СДСМ порачаа дека МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот.

На тоа од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека Жугиќ е реномирана актерка со голем број филмски и театарски улоги и личност со импозантна биографија, односно, како што велат, е кадар каков што му треба на МКЦ.

„Жугиќ е реномиран првенец на Театар ‘Комедија’ и има добиено награда за најдобар млад глумец во 1996 година, а во 1997 година на Националниот фестивал ‘Војдан Чернодрински’ во Прилеп награда за најдобра глумечка креација. Награда од истиот тип добива и во 2001 година. Жугиќ има добиено и ‘Златна бубамара на популарноста’ во 2009 година, како и награди за најдобра женска улога во 2011 и 2012 година од страна на Националниот театарски фестивал ‘Војдан Чернодрински’“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Град Скопје: И да сакаме, не може да бидеме одговорни за проблемот со парното

Објавено пред

Навистина сме зачудени од континуираните напади на СДСМ кон Град Скопје и градоначалничката Арсовска за енергетската криза и проблемите што произлегоа во врска со греењето на скопјани, се вели во реакција од градските власти.

„Навистина е неодговорно однесувањето на оваа партија и на централната власт, која наместо да се зафати за решавање на овој проблем, со недели се обидува овој проблем да им го наметне на Град Скопје и на локалните самоуправи.

Град Скопје, и да сака, не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика, фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата“, се наведува во реакцијата.

Во неа се објаснува дека Градот нема на располагање средства колку што има Владата, ниту има инфраструктура и ингеренции што ги поседува Владата за да го реши овој проблем.

„Поради неодговорното однесување на централната власт и несериозниот пристап кон енергетската криза, сегашните мерки што ги предлага и презема централната власт доцнат речиси половина година, кои, за жал, веќе придонесоа за распространување на кризата и поскапувања на сите енергенти, прехранбени продукти и сличнно“, посочуваат од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

За викенди и на државни празници бесплатен паркинг кај Домот на печатот

Објавено пред

Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ ги известуваат граѓаните дека поради повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б (Дом на печат – Средно Водно), за време на викендите (сабота и недела) и на државни празници на јавното паркиралиште „Дом на печат“ рампите ќе бидат кренати.

Исто така, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота и недела) и на државните празници ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.

Град Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да ги чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да прекине да опструира, избори нема да има

Објавено пред

И за време на празници Христијан Мицкоски повторно ја покажува својата деструктивност. Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Камчев се откажа од милионите што требаше да му ги врати Кичеец

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет1 час

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија2 часа

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија2 часа

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Македонија2 часа

Предлог за македонски амбасадор во Бугарија се очекува во следните денови

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија. „Навистина беше...

Свет4 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет4 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт4 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа5 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија22 часа

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија22 часа

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија1 ден

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија1 ден

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет1 ден

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија1 ден

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија2 дена

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија2 дена

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија2 дена

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија2 дена

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Досие