Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Каква релевантност има попис за кој власта веќе се договорила

„Пописот што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистика. Самиот факт што за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик-директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар на партиите од власта, што не гарантира реални податоци, туку фалсификат. Зоран Заев покажал дека кога се работи за неговата политичка кариера е подготвен на секаков политички пазар, па и овој попис е нова епизода од неговите пазарења“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Законот за попис и пописот се споротивни на сите европски стандарди и затоа сè уште нема методологија на само два месеца пред пописот.
„На пописот по стандарди на Заев се предвидува да се попишуваат лица нерезиденти кои се иселени од Македонија, спротивно на сите стандарди за попис на постојни жители. Патем попишувањето може да се врши со обично диктирање на матични броеви, без приложувања на документи и дополнително таквите информации да ги дава лице кое добро ги познава другите лица за кои ќе соопштува податоци. Ваков попис никаде не е виден, целосно спротивен на стандардите на Еуростат.
Дополнително, власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.
Ова може само да гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти. За каков релевантен и легитимен попис тогаш може да се говори, кога истиот се спроведува по принципот „како Заев замислува попис“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокади и да се престројат на страната на граѓаните

Со месеци Христијан Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер. Заради остварување на неговите хирови, тој и неколку негови соработници, со месеци ја лажеа јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала, обвини СДСМ.
„ Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата само за тој да си ја задржи фотелјата во белиот дворец. На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец.
Внатрешните пресметки за превласт во белиот дворец Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги прекршат врз грбот на граѓаните. Ако навистина се за интересите на граѓаните, а не за интерсите на Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престанат со деструкциите и да научат нешто од дебаклот што го доживеаја.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се вразумат и конечно да се престројат на страната на граѓаните и државата. Со или без нивната поддршка, реформите во интерес на граѓаните продолжуваат, ќе продолжи и напредокот на државата“ порачаа од владејачката партија.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо премиер, се однесува како шанер, пактови со криминалци нема

Заев наместо премиер, се однесува како шанер, од храбрење за стабилно мнозинство се сведе на приказни за широка влада само за да се спаси од одговорност. Ако неговиот предлог е бегство од одговорност, тогаш треба да знае дека пактови со криминалци ВМРО-ДПМНЕ не прави и нема да има, ќе лежите во затвор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Сето ова доаѓа откако беше присилен од јавноста и меѓународни фактори да го затвори, Заев сега го зема местото на Сашо Мијалков, со намера да управува како со марионети со оние како Тодоров кои во наводна смена во ВМРО-ДПМНЕ гледаат да одработат за Заев, само и само за лична корист.
Провидна е играта на Зоран Заев. Му се потрошија Мериот коалициите, различните доктори за смрт како што сами ги нарекуваа, а сега пробува директно да се меша и во ВМРО-ДПМНЕ. Оркестрираното делување со некои поранешни министри кои не се повеќе дел од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Заев стои зад различните иницијативи, мериотовски коалиции, се со цел да го покри неговиот страв.
Од вештачката радост за наводно мнозинство во Собранието на Македонија до молење за широка влада, зошто Зоран Заев знае дека владата ќе му падне.
Византиските игри на Заев не го спасуваат од пораз. Заев нуди широка влада, а Али Ахмети одбива, а во суштина договорени“ додаваат од партијата.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Византиските игри на Заев не го спасуваат од сигурен пораз

Вештачка радост за наводно мнозинство во Собранието на Заев денес дојде до молење за широка влада, зошто знае дека владата ќе му падне, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Византиските игри на Заев не го спасуваат од сигурен пораз. Денес Зоран Заев нуди широка Влада, а неговиот коалиционен партнер Али Ахмети го одбива. А, во суштина и двајцата се договорени.
Бидејќи на Заев му пропадна секој обид за креирање на тензии во ВМРО-ДПМНЕ, препорачуваме неговиот ас и неформален советник Никола Тодоров да се кандидира за претседател на СДСМ како конкурент на Заев па нека победи покорумпираниот во таа партија“ додаваат од опозициската партија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“